Вирово

Координати: 41°13′58″N 21°5′24″E / 41.23278° СГШ; 21.09000° ИГД / 41.23278; 21.09000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вирово

Една од улиците во Вирово

Вирово во рамките на Македонија
Вирово
Местоположба на Вирово во Македонија
Вирово на карта

Карта

Координати 41°13′58″N 21°5′24″E / 41.23278° СГШ; 21.09000° ИГД / 41.23278; 21.09000
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Железник
Население 56 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10008
Надм. вис. 811 м
Слава Св. Никола Летен
Св. Петка[2]
Вирово на општинската карта

Атарот на Вирово во рамките на општината
Вирово на Ризницата

Вирово — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во југозападниот дел на Општина Демир Хисар, чиј атар се издига до сртот на Плакенска Планина. Селото е ридско, на надморска височина од 840 метри.[3]

Од општинското средиште градот Демир Хисар, селото е оддалечено 18 километри.[3]

Атарот на селото зафаќа простор од 17,5 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 988,9 хектари, потоа пасиштата со 515,9 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 236,3 хектари.[3]

Од север селото граничи со селата Слоештица и Мренога. На исток со селото Лесково. На југ со селото Церово. А на запад со селата Горно Крушје (општина Ресен) и со селата Плаќе и Свињишта (Општина Охрид).[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото потекнува многу одамна, уште од римскиот период. Во турските тефтери се среќава уште од 1600 година. Селото се селело и денес постојат месностите Горно Вирово и Долно Вирово.

Првото училиште се споменува дека било создадено уште во 1873 година.

Многу интересен е фактот поврзан со ова село за време на Илинденското востание. Пред 2 август четите се собрале во Вировската рудина кај чешмата Еврејка и од таму се упатиле за Смилево кога и го ослободиле. Во Вирово тогаш биле изработени неколку црешови топчиња кои биле употребени за време на востанието. Во Вирово била и работилницата - леарница за изработка на бомби и куршуми.

Вировската чета била приштабска задолжена непосредно за заштита на востаничкиот штаб на чело со Даме Груев. Во четата бил и Лозан Штрковски со неговиот брат Трајче. Тие учествувале и во одбраната на Смилево на 28 август 1903 година. Во Вировска Планина (на географските карти ја има како Плакенска Планина) за време на Илинденското востание се одиграла една од најголемите битки. По освојувањето на Смилево и Крушево од страна на Турците, востаниците и народот се повлекле во Вировска Планина. Со нив биле и Даме Груев и Никола Карев.

Непосредно над подножјето на Вировска Планина востаниците формирале одбранбен бедем кој Турците и по неколку офанзиви и по огромни загуби не успеале да го пробијат. Вирово тогаш е по вторпат до темел изгорено.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Поглед на ќумурџилница

Вирово е занаетчиско село во кое работат поголем број валавици.[6]

Со занаетот, во шеесеттите и седумдесеттите години од XX век, селото доживело подем и станало едно од најбогатите села во Демир Хисар. Неговите валајчари работат во Црна Гора, Косово, Јужна Србија и цела Македонија.

Исто така, во селото се забележува и постоење на ќумурџилница, т.н. „рупи“ за создавање на ќумур.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948653—    
1953630−3.5%
1961461−26.8%
1971435−5.6%
1981345−20.7%
ГодинаНас.±%
1991270−21.7%
1994217−19.6%
2002151−30.4%
202156−62.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Вирово имало 350 жители, сите Македонци христијани.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вирово имало 400 жители.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вирово се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 66 куќи.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[10]

Во Вирово, поради емиграцијата на населението бројот на жители двојно се намалил. Така, во 1961 година селото броело 461 жител, а во 1994 година 217 жители, македонско население.

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 151 жител, сите Македонци.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 56 жители, од кои 53 Македонци и 3 лица без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 350 400 653 630 461 435 345 270 217 151 56
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Вирово во целост е населено со Македонци од православна вероисповед. Родови кои живеат во селото се: Штрковци се доселиле од охридското село Волино каде имаат роднини со име Шкуртевци, Деспотовци, Солунчевци, Лазоровци, Костевци.[17]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:

  • Староседелци и доселеници со непознато потекло: Костевци (27 к.), Стојановци (6 к.), Ѓорговци (12 к.), Пешевци (3 к.), Дамјановци (4 к.), Босилковци (4 к.),Станковци (1 к.) и Бошковци (3 к.)
  • Доселеници со познато потекло: Гајдаровци (12 к.) и Стојчевци (4 к.) доселени се од селото Царев Двор, преспанско. Во првиот род се знае следното родословие: Василко (жив на 70 г. во 1951 година) Стојко-Смиле, кој се доселил од Царев Двор; Никлевци (11 к.) доселени се од селото Прибилци; Штрковци (5 к.) доселени се од селото Волино, охридско/Дебрца.[18]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Подрачното основно училиште
  • Подрачно основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Жван, во која покрај селото Вирово, се наоѓале и селата Жван, Мренога, Радово, Слоештица, Сопотница, Суво Грло и Церово. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Вирово, во која влегувале селата Боиште, Вирово, Лесково и Церово.

Личности[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Петка“ над селото
Споменикот за НОБ на сретсело
Археолошки наоѓалишта[22]
  • Гумниште — населба и црква од средниот век;
  • Долно Вирово — населба, црква и некропола од средниот век;
  • Св. Богородица — црква од средниот век;
  • Штеуни — доцноантички рударски јами; две окна се наоѓаат во близина на селото. Селаните раскажуваат дека се простираат сè до подножјето на месноста Еврејка, а од нив се ископувало железо, но и благородни метали. И денес во нивните окна се забележуваат дрвени потпир.
Цркви[23]
Реки
Споменици
  • Споменик за НОБ

Валавници[уреди | уреди извор]

Најзнаменит дел од Вирово се валавиците (за валање на рачно ткаено платно - сајак) и вировите (за валање на веленца - јамболии).

Нив ги имало осумдесетина, а денес е останата е една валавица т.е. валавицата на познатата валајчарското семејство на Велјан Штрковски. Иако се Штрковските валавици под заштита на Министерството за култура како „споменици на културата“ ништо не е направено тие да се заштитат.

Валавиците потекнуваат уште од античко време. Теофраст, авторот на „Карактери“ кажува дека и татко му бил валавичар на платно. За Вирово и валавиците во 1967 година во Кан, Франција е прикажан документарен филм во режија на Мето Поповски, а сценарио на Петре М. Андреевски. Снимени се многу други документарни филмови за Вирово, за валавиците и валавичарите кои се прикажувани во многу земји во светот.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

До 1952 година иселеници од селото имало во Романија (2 семејства), Канада (2 семејства), Бугарија (1 семејство) и во Битола (3 семејства).[18]

Иселеништвото продолжило и потоа што може да се види по падот население од 1953 година до денес.

Галерија[уреди | уреди извор]

Валавици
  • Внатрешниот дел од валавицата
    Внатрешниот дел од валавицата
  • Внатре во валавицата
    Внатре во валавицата
  • Поглед на надворешниот дел
    Поглед на надворешниот дел
  • Системот на валавицата
    Системот на валавицата
  • Валавицата во процес
    Валавицата во процес
  • Дрвото е потребно при процесот
    Дрвото е потребно при процесот
Вирово

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 54. Посетено на 1 декември 2016.
  4. Димитров, Никола (2017). Географија на населби-Општина Демир Хисар. Битола.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Александар Матески, „Плакенска Планина“, Економија и бизнис, година 18, број 219, септември 2016, стр. 106-107.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 август 2016.
  12. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  13. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  14. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  15. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  16. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  17. Според кажување на Флорин Штрковски, жител на селото, забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски, Кирил Симеоновски и Ѕвонко Петровски на 04.06.2016
  18. 18,0 18,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  19. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  20. 20,0 20,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  21. 21,0 21,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  22. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  23. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]