Журче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Журче

Поглед на селото

Журче во рамките на Македонија
Журче
Местоположба на Журче во Македонија
Журче на карта

Карта

Координати 41°17′03″N 21°14′11″E / 41.28417° СГШ; 21.23639° ИГД / 41.28417; 21.23639Координати: 41°17′03″N 21°14′11″E / 41.28417° СГШ; 21.23639° ИГД / 41.28417; 21.23639
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Железник
Население 150 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10015
Надм. вис. 917 м
Слава Голема Богородица
Св. Атанасиј[2]
Журче на општинската карта

Атарот на Журче во рамките на општината
Журче на Ризницата

Журче — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на селото се верува дека потекнува од личното име Журо или Журан, некој овчар доселен тука. Можно е и да е изведено од личното име Добрижил, што во превод означува „добро да живее“ или „да живее вечно“. Се верува дека ова лично име било името на првиот жител, кој тука се доселил со своето семејство.[2]

Бидејќи селото било основано во подрачје со диви коприви, една теорија за името е дека потекнува од билката жур.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото од патот кој води до него

Ова село се наоѓа во областа Железник, во североисточниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, чиј атар нашироко се допира со подрачјето на Општина Крушево.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри.[3]

Атарот на селото Журче се граничи со 11 села и тоа: Сладуево, Граиште и Бараково на југ, Единаковци, Света, Пресил и Бирино (двете последни се крушевски села) на исток, Острилци (крушевско село) и Ракитница на север, Ново Село и Прибилци на запад. Селото е оддалечено 10 километри од градот Демир Хисар, а од најблискиот поголем град, Битола, е оддалечено 40 километри на север. Селото се наоѓа во непосредна близина на регионалниот пат Демир Хисар-Крушево.[2][4]

Селото е ридско-планинско, сместено во блага долина.[2]

Куќите во селото се оддалечени една од друга и се одликуваат со простран двор, на чии рабови се наоѓаат разни помошни простории. Секоја куќа поседува свој бунар.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Споменик за загинатите во НОБ во селото

Создавањето на селото е околу 1200 година, кога ова место било обраснато со диви коприви.[2]

Селото е споменато во Душановата грамота за манастирот Трескавец кај Прилеп од 1334/35 година, каде е запишано како Жоурче.[2]

Журче се смета за стара населба, која е спомената во 1468 година во пописниот турски дефтер. Во селото имало 55 христијански семејства, од кои 3 неженети и 16 вдовици, со вкупно 342 жители. Годишно плаќале по 5.224 акчиња данок. Во 1568 година имало 151 жител.[2]

Журче е заведено и во Слепченскиот кодик од XVI век.[2]

Во отоманските документи, селото се споменува во 1636 година (помеѓу 15 јули и 3 септември) во еден спор за заем. Во документот е запишано дека поп Стојко од село Журче позајмил од вакафот на Махмуд-ага 1.000 акчиња со лихва од 150 акчиња. Бидејќи лихвата не ја платил, тој е уапсен.[5]

Во XIX век, Журче било село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[6]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Полето пред селото

Атарот зафаќа простор од 22,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.693,7 хектари, на пасиштата отпаѓаат 129,6 хектари, а на обработливото земјиште 291,5 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]

Во отоманскиот период, мештаните се занимавале со сточарство, особено одгледување на овци и кози. Исто така, голем број од машкото население одел на печалба низ Балканот.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948739—    
1953766+3.7%
1961704−8.1%
1971595−15.5%
1981527−11.4%
ГодинаНас.±%
1991336−36.2%
1994285−15.2%
2002255−10.5%
2021150−41.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Журче имало 350 жители, сите Македонци христијани.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Журче имало 400 жители.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Журче се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 58 куќи.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[10]

Селото е средно по големина. Во 1961 година броело 704 жители, а во 1994 година 285 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 255 жители, од кои 254 Македонци и 1 Влав.[11]

Денес, Журче бележи намалување и според неофицијални податоци има 150 жители, чиј број во текот на летото привремено се зголемува.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 150 жители, од кои 145 Македонци, 2 останати и 3 лица без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 350 400 739 766 704 595 527 336 285 255 150
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Родови[уреди | уреди извор]

Журче е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[17]

  • Староседелски и доселенички со непозната старина: Мусовци (2 к.), Савевци (4 к.), Мраовци (2 к.), Ќосевци (11 к.), Грнчаровци (1 к.), Марковци (2 к.), Чадевци (4 к.), Саравовци (3 к.), Кусевци (8 к.), Тарунчевци (5 к.), Грашуловци (1 к.), Петревци (6 к.), Смилевци (2 к.), Жилковци (4 к.) и Волчевци (4 к.).
  • Доселени со позната старина: Јосифовци (8 к.) и Бошковци (8 к.), доселени се од селото Бараково; Поповци (4 к.) и Чолаковци (3 к.), доселени се од селото Екши Су, Леринско (Егејска Македонија); Бисовци (7 к.), доселени се од некое место во Охридско; Цапарковци (1 к.), доселени се од селото Цапари, Битолско; Барлевци (8 к.) доселени се од селото Загориче; Брсјаковци (1 к.), доселени се од селото Пуста Река, Крушевско; Граиштанци (7 к.), доселени се од селото Граиште; Ѓорговци (3 к.), доселени се од селото Црнилиште, Прилепско; Тушловци (3 к.), доселени се од селото Лисолај, Битолско; Шлакевци (5 к.), доселени се од селото Белче и Ѓоргијовци (1 к.), доселени се од селото Свето Тодори, Битолско.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поранешниот руиниран задружен дом во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Журче, се наоѓале и селата Бараково, Белче, Вардино, Граиште, Единаковци, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Прибилци, во која влегувале селата Журче, Прибилци и Спадуево.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0626 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[19]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 189 гласачи.[20]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Манастирската црква „Св. Атанасиј“ во Журчевскиот манастир
Археолошки наоѓалишта[21]
Цркви[22]
Манастири

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Слави[2]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Журче
Починале во Журче

Иселеништво[уреди | уреди извор]

До 1952 година иселеници од селото имало во САД (5 семејства), Србија (4 семејства), Аргентина (1 семејство), Бугарија (1 семејство), Битола (2 семејства), и во Куманово (1 семејство).[17]

Иселеништвото продолжило и понатаму, и најмногу иселеници од селото има во градовите Битола, Скопје, Прилеп и Демир Хисар, но има иселеници и во европските и во прекуокеанските држави.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 40–44. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 127. Посетено на 29 март 2020.
  4. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-08-19. Посетено на 2020-03-29.
  5. Турски документи за историјата на македонскиот народ, серија прва (1980). Скопје: Архив на Македонија. Стр.29
  6. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 јули 2016.
  12. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  13. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  14. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  15. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  16. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  17. 17,0 17,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  18. „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. Архивирано од изворникот на 2016-08-28. Посетено на 26 јули 2016.
  19. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 март 2020.
  20. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 март 2020.
  21. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  22. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  23. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  24. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  25. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  26. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  27. . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]