Слепче (Демирхисарско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слепче

Панорама на Слепче

Слепче во рамките на Македонија
Слепче
Местоположба на Слепче во Македонија
Слепче на карта

Карта

Координати 41°13′59″N 21°10′29″E / 41.23306° СГШ; 21.17472° ИГД / 41.23306; 21.17472Координати: 41°13′59″N 21°10′29″E / 41.23306° СГШ; 21.17472° ИГД / 41.23306; 21.17472
Регион Пелагониски
Општина Демир Хисар
Население 555 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. (0)47
Шифра на КО 20096
Слава Мала Богородица
Слепче на општинската карта

Атарот на Слепче во рамките на општината
Слепче на Ризницата
Манастир „Св. Јован Претеча“ - Слепче
Црквата „Св. Никола“ во Слепче
Манастирската црква „Св. Богородица - Источен петок“
Икона на Богородица Патеводителка, XVI век,
Дом на Културата во Слепче

Слепче — село во Општина Демир Хисар, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Слепче се наоѓа во областа Железник, на 2 километри западно од градот Демир Хисар, а десно од патот Кичево - Демир Хисар, на 680 м. над. вис.[2] Сместено е во источните падини на Илиница. Земјиштето на Слепче е 24,5 км2, од кои шумите заземаат површина од 1737 ха или поголемиот дел од земјиштето, обработлива површина заземаат 365 ха, а пасиштата 367 ха.[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во март 2013 г. во објектот на Домот на културата рускиот производител за балетска опрема „Гришко“ отвори работен погон со капацитет од 60 вработени. „Гришко“ произведува чевли за сите танцови стилови, театарски костими, облека за фитнес, јога и други слободни спортски активности, a производите ги има во над 60 земји на повеќе континенти.[5] Во 2020 година Фабриката за балетска опрема „Гришко“ престана да работи.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.143—    
19531.108−3.1%
19611.099−0.8%
19711.078−1.9%
19811.031−4.4%
ГодинаНас.±%
1991914−11.3%
1994791−13.5%
2002719−9.1%
2021555−22.8%

Според турските пописни дефтери од 1467/68 г. во Слепче живееле 66 семејства, 3 неженети и 2 вдовици, а сто години подоцна, во 1568 г. имало 103 христијански и едно муслиманско семејство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Слепче живееле 570 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Слепче имало 800 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Слепче се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 100 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 800 Македонци.[9]

Според пописот од 2002 година, во селото Слепче живеат 793 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 555 жители, од кои 528 Македонци, 3 останати и 24 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 570 800 1.143 1.108 1.099 1.078 1.031 914 791 719 555
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови[уреди | уреди извор]

Слепче е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Староседелци: Пирковци (8 к.); Зенговци со Бошевци (6 к.); Дамчевци со Јошковци (2 к.); Коруновци (8 к.); Балуловци (11 к.); Муловци (7 к.); Ѕинговци (3 к.); Ѓоршовци (5 к.); Прпушковци (5 к.); Шиклевци со Дамчевци (5 к.); Лешниковци со Алексовци (2 к.); Неделковци (4 к.); Дувчевци (6 к.); Пупунчевци со Танчевци (2 к.); Ашковци (4 к.); Печенпетеловци со Марковци и Клепачовци (6 к.); Чадевци (3 к.); Матлијовци (3 к.); Калевци со Калешѓоргијовци (4 к.); Риловци (1 к.); Прпорчевци (1 к.); Лутовци (4 к.); Бутковци со Чорбевци (9 к.); Гугучевци со Мазевци (7 к.); Наловци (11 к.); Шишковци (2 к.); Мирчевци (3 к.); Карабатковци (3 к.); Каревци (15 к.); Лукарчевци со Симоновци и Цапановци (6 к.); Стретковци со Страшовци (5 к.), Гаџовски
  • Доселеници: Зајаковци (4 к.) доселени се од селото Мренога. Го знаат следното родословие: Никола (жив на 60 г. во 1952 година) Тале-Кочо, кој се доселил; Цвичковци (1 к.) доселени се однекаде; Поповци (4 к.) со Кусановци (2 к.) доселени се од околината на Гнилане во Косово. Го знаат следното родословие: Коле (жив на 60 г. во 1952 година) Даме-Стојче-Нико-Трене-Стефан-Јован, кој се доселил; Мијајлевци со Сиџимовци, Теновци и Палабурун (8 к.) доселени се од селото Загориче; Прпорчевци (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Сладуево; Димчевци (3 к.) доселени се од селото Радово, каде имаат роднини. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 60 г. во 1952 година) Никола-Димче, кој се доселил; Кочовци (1 к.) доселени се од селото Железнец; Цветковци (1 к.) доселени се од селото Граиште; Геговци (3 к.) доселени се од селото Лесково.[16]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Селото има дом на културата, изграден во 1988 година и споменик на загинатите за слободата на Македонија. Над селото се наоѓа еден од најголемите средновековни книжевно-уметнички центри - Слепчанскиот манастир посветен на Свети Јован Претеча.

Сретселото е реновирано и уредено, претворено во плоштад, наречен „Цар Самуил“.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 635 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 570 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[20]
Археолошки наоѓалишта[21]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • 7 јули - Иванден - слава на манастирот
  • 21 септември - Мала Богородица — селска слава
  • октомври - Цвеќе на мирот во Слепче
  • 27 октомври - Петковден - куќна слава
  • 8 ноември - Митровден - куќна слава
  • 4 декември - Пречиста - куќна слава
  • 19 декември - Свети Никола - куќна слава

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Постари иселеници до 1952 година од селото имало во Битола (3 семејства), Бугарија (3 семејства), Србија (3 семејства) и во Крушево (1 семејство).[16]

Слепче во литературата[уреди | уреди извор]

  • Смртта на бабарот - песна на Петре М. Андреевски од збирката „Пофалби и поплаки“ (Скопје, 1975)
  • Исповед на слепченскиот игумен - песна на Раде Силјан од збирката „Третиот лик на времето“ (Скопје, 1975)
  • Слепченскиот книжевно-уметнички центар - Ванѓелко Лозаноски (Битола, 1987)
  • Слепче - Ванѓелко Лозаноски (Битола, 1988)
  • Битисување - Славко Крстевски (Демир Хисар, 2014)
  • Кога го граделе Слепченскиот манастир - песна на Раде Силјан од збирката „Молитва за Македонија“ (Скопје, 2015)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Географски топонимски речник на Република Македонија - Илија Петрушевски, Николина Петрушевска, Скопје 2001
  3. Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. http://kapital.mk/mk/makedonija/93414/vo_slepche_otvorena_fabrikata_%E2%80%9Egrishko_makedonija%E2%80%9C.aspx[мртва врска]
  6. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 239.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 11.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. 16,0 16,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  17. „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. Архивирано од изворникот на 2016-08-28. Посетено на 26 јули 2016.
  18. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  21. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  22. 22,0 22,1 22,2 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  23. 23,0 23,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  24. 24,0 24,1 24,2 24,3 24,4 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  25. 25,0 25,1 25,2 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  26. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]