Чегел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чегел
Ченгел
Чегел во рамките на Македонија
Чегел
Местоположба на Чегел во Македонија
Чегел на карта
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Железник
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО

Чегел (или Ченгел) — историско село на територијата на Општина Демир Хисар.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото веројатно се наоѓало покрај Црна Река, но неговата точна местоположба е непозната.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во османлиските документи селото е посведочено како Ч’н’ги или Ч’г’а. Во 1468 г. се споменуваат следните жители: Владислав; вдовица, жена на Пројко; Стајо, брат на Владислав; Тода, вдовица, жена на Никола Хрељаник; Бело Стале. Имало 5 семејства, 2 вдовици и вкупно 33 жители.

Во 1568 г. во Чегел се попишани 38 жители. Понатаму селото не се споменува.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. ISBN 978-608-65616-4-2.