Големо Илино

Координати: 41°18′56″N 21°05′52″E / 41.31556° СГШ; 21.09778° ИГД / 41.31556; 21.09778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Големо Илино

Широк поглед на Големо Илино

Големо Илино во рамките на Македонија
Големо Илино
Местоположба на Големо Илино во Македонија
Големо Илино на карта

Карта

Координати 41°18′56″N 21°05′52″E / 41.31556° СГШ; 21.09778° ИГД / 41.31556; 21.09778
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Железник
Население 13 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10009
Надм. вис. 716 м
Слава Петковден
Св. Никола Летен[2]
Мреж. место Големо Илино
Големо Илино на општинската карта

Атарот на Големо Илино во рамките на општината
Големо Илино на Ризницата

Големо Илино — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Низ селото

Атарот на селото зафаќа површина од 20,6 км2, кој се состои од 327,8 хектари обработливо земјиште, 628,4 хектари пасишта и 925,6 хектари шуми.

Големо Илино се наоѓа на надморска височина од околу 980 метри.

Соседни села на селото Големо Илино се: Мало Илино од југ, Велмевци од север, Железнец од исток, и Велмеј и Брежани од запад и југозапад.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Големо Илино се наоѓало во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.

Во минатото постоело само едно село Илино, тоа село постоело кај Црква „Св. Илија“, на самата граница со областа Дебрца. Но тоа село таму пропаднало,по што останале двајца браќа, поголемиот брат го основал селото Големо Илино, а помалиот брат го основал селото Мало Илино.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948618—    
1953604−2.3%
1961412−31.8%
1971295−28.4%
1981208−29.5%
ГодинаНас.±%
1991104−50.0%
199481−22.1%
200252−35.8%
202113−75.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Големо Илино имало 640 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Големо Илино имало 624 жители.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 52 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 10 Македонци и 3 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 640 624 618 604 412 295 208 104 81 52 13
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Големо Илино е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[12]

  • Староседелски и доселенички со непозната старина се: Степановци (9 к.), Стојковци (13 к.), Раповци (1 к.), Ѓорговци (18 к.), Ремковци (8 к.), Чобановци (7 к.), Чукалковци (5 к.), Рутевци (8 к.), Роговци (4 к.) и Вилиповци (5 к.).
  • Доселени со позната старина: Митановци (4 к.) доселени се од селото Патец, Кичевско. Го знаат следното родословие: Косте (жив на 65 г. во 1952 година) Сиљан-Цветан-Илко-Митан, кој се доселил во селото; Велковци (14 к.) и Рапевци (9 к.) доселени се од мијачкото село Гари. Во првиот род се знае следното родословие: Паун (жив на 60 г. во 1952 година) Ѓоргија-Најде-Велко, кој се доселил; Карабашовци (4 к.) доселени се од денес раселениот град Закамен.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Патокази во селото

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долнени, во која покрај селото Големо Илино, се наоѓале и селата Бабино, Базерник, Брезово, Доленци, Железнец, Мало Илино и Средорек. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Железнец, во која влегувале селата Големо Илино, Железнец и Мало Илино.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 646 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на задружна зграда.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 48 гласачи.[14]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Големо Илино[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[26]
Цркви[27]
Манастири
Реки

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Огромен број на население од ова село се има иселено, што се должи на негрижа на властите за селата во Македонија, посебно планинските. Од 1956 година, па наваму од ова село се имаат иселено преку 120 семејства, и тоа во: Битола, Скопје, Прилеп, Демир Хисар, Охрид, Ресен, Струга, но и во Долно Оризари, Сопотница, Прибилци, Кравари, Горно Оризари, Белче, Црновец, Суводол, и сл. Од странство иселеници има во: Австралија, САД, Канада, Шведска, Австрија, Србија (Белград), Хрватска (Загреб), Бугарија (30 семејства) и др.[12][29]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 јули 2016.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. 12,0 12,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 817–820.
  16. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Илинденски сведоштва. том II, дел II. стр. 823–827.
  17. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 1295–1296.
  18. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 1312–1314.
  19. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 1316–1318.
  20. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 1319–1321.
  21. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 1392–1393.
  22. 22,0 22,1 22,2 22,3 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  23. 23,0 23,1 23,2 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  24. 24,0 24,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  25. 25,0 25,1 . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  26. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  27. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  28. Александар Матески, „Плакенска Планина“, Економија и бизнис, година 18, број 219, септември 2016, стр. 106-107.
  29. Димитров В., Никола (2017). Географија на населби-Општина Демир Хисар. Битола.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]