Кравари
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Кравари | |
| Координати | |
| Регион | Битолско Поле |
| Општина | Општина Битола |
| Население | 880 |
| Надморска височина | 587 |
| Селска слава | Голема Богородица |
Кравари е село во Општина Битола, во околината на градот Битола. Тоа е најблиското село до градот Битола. Во него се заштедува многу вода и немаме проблем со тоа. Имаме многу украсни бунари за вода, но ја користиме водата од ВОДОВОД. Има болница - дијагностички центар фабрики и многу други работи. Има аптека, амбуланта, градинка, училиште до четврто одделение. Има уредено игралиште, многу маркети, продавници и др. Исто така, во селото се наоѓа основното училиште „Крсте Петков Мискирков“, во кое се одвива настава за ученици од прво до четврто одделение.
Содржина |
Географиja и местоположба [уреди]
Познатата Пелагониска рамнина, или скратено кажано Пелагонија, најголемата житница на Македонија, е заградена со планинските венци Баба Планина од запад, Ниџе од исток и се простира во Република Грција до Лерин. Се распослала со сета своја големина, плодност и убавина, да ги прибере и нахрани своите чеда, да ги пречека и нагости добронамерните гости и минувачи, да им ги разубави утрата на онеправданите, поробените, разграбените, протераните, нњпризнатите и разделени свои чеда.
Вековите минувале, а таа во своите пазуви го донела на свет градот Хераклеја Врскаестис, Породинска тумба и бројни археолошки локалитети кои зборуваат за далечното минато и луѓето кои живееле на овие простори.
Како мало пиленце кое се изродило под крилото на Пелагонија е селото Кравари. Тоа е оддалечено од Битола одоку 4 км. Се простира од двете страни на патот кој води од Битола за Лерин. Се наоѓа на надморска височина од 587 метри.
Според Археолошката карта на Република Македонија познати се повеќе археолошки локалитети кои потекнуваат од неолитско и бронзено време како што се Тумба Старо Село, Жеждево, Црна Земја и Чукут.
Атарот на Кравари зафаќа мала површина од само 2 км. кв. Еден дел од селото се простира на атарот на КО -Буково. Селото е рамничарско со поволни климатски услови за одгледување на сите земјоделски култури. Целиот атар е покриен со мрежа од Хидросистемот за наводнување „Стрежево“ Овој систем овозможува наводнување на сите земјодделски површини и успешно одгледување на сите земјоделски култури.
Подземните води се на доста високо ниво.
Историja [уреди]
Ојконимот Кравари [уреди]
Според турските пописни дефтери од 15 и 16 век, во 1468 година стои забележано името на селото Краварина. Самото име упатува на заклучокот дека тоа било сточарска населба каде се чуваат повеќе крави, бидејќи постоеле и сегаа постојат потребните услови за одгледување на стока - крави. Со текот на времето името се моддифицирало во денешното име Кравари.
Според изнесените податоци во Турските пописни дефтери, во 1468 година Кравари имало 35 христијански семејства. Според истиот извор, во 1568 година бројот на христијанските семејства се намалил и имало вкупно 9 христијански семејства и 7 муслимански семејства.
Во 1914 година имало 53 жители. Во подолг временски период Кравари било мало село. Развојот на Кравари заапочнува по 1948 г. Интензивно зголемување на бројот на семејствата во Кравари се забележува после 1970 год.
Верски живот
Од кога започнал верскиот живот во Кравари со сигурност не можеме да потврдиме. Во пописот на семејствата од 1468 година е запишано името на Алексо-поп. Тоа не упаатува на заклучокот дека во тоа време имале организиран верски живот.
Според кажувањето на старите краварци, пред изградбата на постојниот храм, на истото место имаало мало црквиче со икона на Св. Богородица. Во него краварци палеле свеќи и ги изразувале своите верски чувства.
Новиот храм Св. Богороддица најверојатно е граден во 1930 и 1931 година. Изградбата на храмот, како задужбина, ја финансирале Стево и Стојна од село Градешница кои живееле во САД. Изградбата на иконостасот и сликањето на фреските било направено во 1931 и 1932 г. Прво крстено новородденче било девојчето Даница Димовска во 1932 год.
Заедничка слава на жителите на село Кравари е Успение на Пресвета Богородица позната кај народот како Голема Богородица која се слави секоја година на 28 август.
Српска колонизација на Кравари [уреди]
Во периодот од 1919 година започнала српска колонизација на Кравари која траела се до 1941 година. Во овој период, во Кравари биле донесени 14 српски семејства од околината на Пирот, Чачак и Кралево. Биле сместени по 7 семејства од двете страни на главниот пат кој врви низ село Кравари и проддолжува за Грција. После 1945 година некои од овие семејства се вратиле назад во Србија, а некои останале.
Учество во Народноослободителната војна [уреди]
Во Народноослободителната војна, во периодот од 1941 до 1945 година од Кравари биле вклучени 15 борци со единствена мисла во душата за за слободна и независна Македонија. Некои од нив добиле воени одликувања. На бојното поле животите ги положиле Спасе Ристевски, Светозар Попоски, Ристе Ивановски и Киро Соклевски.
Економија [уреди]
Населението на Кравари претежно се занимава со земјоделие и сточарство. Успеваат скоро сите земјоделски култури. Населението на своите ниви одгледуваше индустриска пиперка, а на поголем број ниви се одгледуваше и оризот. Затоа во периодот на 1950 и 1952 година е изграден погон за мелење на пипер која потоа се продаваше на пазарите ширум Југославија. Во наредниот период беше изграден уште едн погол за лупење на оризовата арпа. Овие погони сега не работаат.
Краварци се познати и како вредни овоштари и добитници на бројни награди.
Пчеларството, исто така, има своја долга традиција. Највисоките одликувања за квалитет мед и негување на пчелните семејства се доделени на пчелари од Кравари.
Во времето од 1960 до 1970 година во градот Битола имавме силен подем на стопанството кој беше следен со голем развој на многу претпријатија кои бараа голем број на работници. Работници се бараа во градежништвото, металопреработувачката, текстилната и прехрамбената индустрија и други фирми за услужни и други дејности. Со својата близина до Битола, Кравари беше погодно место за населување. Така во наредните години се случи масовно доселување на жители од сите краишта на Македонија. Се соочивме со многу проблеми. Населението е многу мешано, но солидното водство на Месната заедница и несебичното заалагање на граѓаните помогнаа да се изгради современа урбана населба. Така е изградена водоводна мрежа, во 1983 година канаализациона мрежа до секое домакинство, телефони, кабелска телевизија, интернет и многу друго. Сите улици се асвалтирани. Во Кравари има бројни продавници за колонијална стока, услужни дејности, продажба на земјоделска механизацција и друго.
Кравари е добитник на највисокото општинско признание, наградата 4 ноември за 1983 год.
Демографија [уреди]
Во 1468 година во Кравари живееле 35 христијански семејства. Имињата на тогашните жители се скоро исти со денешните македонски имиња.. Јанко, Никола, Трајко, Бојчин, Стојко, Пејо Тоде и сл. Во 1568 год. бројот на христијанските семејства се намаалил на 9, а се зголемил бројот на муслиманските семејства на 7. Во наредниот период Кравари опстојувало како мало село. Во 1914 година во Кравари живееле 53 жители.
Година домаќинства жители
1948 27 158
1953 33 185
1961 46 234
1971 108 536
1981 259 1219
1991 332 1252
2002 236 880
Според пописот од 2002 година во Кравари по национален состав живеат, Македонци 871, Албанец 1, Турци 7, Србин 1, или вкупно 880 жители.
Најголемото доселување во Кравари е во периодот од 1970 до 1990 година. Во Кравари се ддоселени семејства од скоро 70 населби од ссите краишта на Македонија. Најмногу доселеници има од Охридско, Струшко, потоа мариовските и моштенските села.
Општествени институции [уреди]
Наставата на мајчин македонски јазик запошна во декември 944 година во помошните простории на Црквата. Прв учител беше Милојко Попоски. Во периодот од 1968 до 1970 година се изгради ново современо училиште со две училници и помошни ппростории. Наставаата во новото училиште започна од 1970 година.
Во Кравари има изградено и современа Здравствена амбуланта која беше предадена во употреба на 7.04.1990 година. Во неа се вршат здравствени прегледи и стоматолошки услуги. Во Кравари усппешно работи и Аптеката Венена-фарм која својата работа ја заапошна на 228.03 2004 г.
Во месец март 2005 година започна со работа и Дијагностичкиот центар Св. Спас кој располага со најсовремена опрема за дијагностика на сите видови заболувања.
Администрација и политика [уреди]
Културни и природни знаменитости [уреди]
Редовни настани [уреди]
Личности [уреди]
Култура и спорт [уреди]
Од 1958 година постои Културно-уметничко друштво "Спасе Ристевски", а подоцна преименувано со името "Везилка". Во кореографија на Димитар Таневски имале бројни настапи во повеќе места.
Фудбалот во Кравари секогаш бил омилена игра. Фудбалската екипа ги имала следните имиња: "Млад разарач", "Работник" и последно Фудбалски клуб "Кравари" кое име го носи и денес. Многу години со ред биле на врвот на општинската лига.
Од 1990 година во Кравари се одржува и турнир на ветерани, играчи постари од 35 години. Овој турнир се одржува помеѓу спортските екипи на селата од Кравари, Лавци, Бистрица и Оптичари.
Иселеништво [уреди]
Литература [уреди]
- МАНУ, Археолошка карта на Република Македонија, том 2, Скопје, 1996
- Ѓорѓи Лазаревски, Кравари (монографија), Месна заедница Кравари, 2006
- Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширни пописни тефтери од 15 век, том 2, Скопје, 1973
Надворешни врски [уреди]
|
|||||||||||