Брежани
| Брежани | |
| Поглед кон селото | |
| Координати41°16′18″N 20°57′42″E / 41.27167°N 20.96167°EКоординати: 41°16′18″N 20°57′42″E / 41.27167°N 20.96167°E | |
| Општина | Општина Дебарца |
| Географски регион | |
| Население (2002) | 31 жители |
| Поштенски број | |
| Повикувачки број | |
| Надморска височина | 1083 m |
| Селска слава | |
| Мреж. место | www.brezani.eu |
Брежани е село во Општина Дебарца, Охридско, Македонија[1].
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Брежани се наоѓа на 25 километри воздушна линија од Охрид помеѓу планинските масиви Илинска Планина и Мазатар.Со магистралниот пат Охрид-скопје се поврзува кај селото Ботун.Од Ботун патот врви низ селата Белчишта, Лешани и Велмеј. Се ноѓа на 6 км.јужно од селото Велмеј.
[уреди] Историja
[уреди] Економија
[уреди] Демографија
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
[уреди] Општествени институции
- Цркви
- Црквата „Св. Атанасиј“ се наоѓа на северниот дел од селото. Таа е еднокорабна градба. Градена е од кршен камен, венец од бигор, со полукружна апсида. Црквата потекнува од 19 век. Во поново време е преправана, само апсидалниот дел е остаток од постарата градба. Треба да се нагласи дека и постарата градба е обновена врз постар објект. За тоа зборуваат постарите средновековни гробни конструкции што се наоѓаат во дворот, посебно кон исток. Однадвор црквата е малтерисана, а внатрешноста е со полуоблест свод. Постариот живопис не е сочуван. Апсидалниот дел е единствен што е зачуван оригинален дел од постарата црква. Влезот е од јужната страна, како и ѕвоното. Во внатрешноста постои иконостас со постари пресликани икони.
- Манастир „Св. Петар и Павел“. На околу 300 м. од последната куќа на с. Брежани се наоѓа манастирот посветен на првоапостолите Петар и Павел.
По кажување на Стојан Спироски, жител на ова село, црквата била изградена по сон на неговата сопруга Љуба, а со градба се започнало во 1991 година, а била живописана во 1998 година. Иконостасот бил направен од страна на Цветко Маркоски, а иконите се дело на Ристе Никески. Денес оваа црква претставува вистински манастир со придружни објекти и трпезарија.
- На 4 - 5 километри северно од Брежани во месноста Јаорец се наоѓаат остатоци од стара црква со димензии 6 х 3,5 м. и разурнат иконостас со икона на која е претставена Св. Богородица со Христос. Црквата е запуштена во непознато време, а денес овој локалитет, како и видливите стари средновековни гробишта, е обраснат со трева. Овој локалитет е познат како Црквиште.
- Други религиозни објекти
- Јужно од црквата Свети Петар и Павел, на околу 20 м. се наоѓаат две мали капели, едната посветена на Св. Петка, а другата на Св. Петар и Павел. Според кажувањето на постарите жители на ова село, на ова место од памтивек луѓето палеле свеќи, а некогаш на ова место имало Лекојта вода.
- Исто така јужно од овие капели, на околу триесетина метри, се наоѓа култно место на кое што жителите од селото палат свеќи, а местото се вика Свети Спас.
- Во средишниот дел на с. Брежани се наоѓа локалитетот Св. Никола. На ова место е изградена правоаголна градба, без апсида, без живопис и иконопис.
- Локалитетот Манастириште. Северозападно, на 5 км. од селото Брежани, десно од меѓуселскиот пат Брежани – Велмеј кај Јаоречка река, едно стотина метри над месноста Николичина Ливада се наоѓа локалитетот Манастириште. Тој зафаќа 1 ха. во неговата средина се забележува основа на зграда ориентирана исток – запад, т.е. црква, а на северниот и јужниот крај од нивата се забележуваат урнатини од повеќе згради. Во Брежани и во Велмеј е проширено преданието дека во оваа манастирска црква бил погребан царот Самоил, па во 1935 – 1939 година овој простор го преорале диви копачи, барајќи злато. Тоа барање не било без основа зашто во Јаорец еден брежанец нашол златна змија, но не знаејќи што е, некои му ја украле.
- Локалитет Писан Камен. Овој локалитет се наоѓа во Горни Јаорец. На една карпа има неколку знаци со црвена боја, а на висина од 2 м. од земјата на неа е испишана буквата П и под неа има крст. Преданието на ова место е сврзано со златото на Цар Самоил.
[уреди] Редовни настани
[уреди] Личности
[уреди] Култура и спорт
- Археолошки локалитети[2]
- Брежанско Градиште, утврдена населба од доцноантичкото време. Во селото, населба од неолитското време.
- Градиште - Кула, населба од железното и хеленистичкото време.
- Широко Гариште, топилница од римското време
- Во селото - населба од неолитот.
Во Брежани од 1986 постои фудбалскиот клуб Мазатар кој и ден денес работи.
[уреди] Иселеништво
Брежанци во Австралија во чест на празникот Св. Атанасиј Велики
Во Голден стар Ресепшион селското друштво "Брежани - охридско" го прославија големиот православен празник Свети Атанасиј Велики. На игранката присуствуваа голем број гости. Музичкиот состав под раководство на познатиот кларинетист Влатко Велјански, се погрижи за прославата на брежанци да помине весело и разиграно.

