Петре М. Андреевски
| Петре М. Андреевски | |
| Роден(а) | 25 јуни 1934 Слоештица, Демирхисарско |
|---|---|
| Починал(а) | 25 септември 2006 Скопје |
| Занимање | поет, романсиер, раскажувач и драмски автор |
| Националност | Македонец |
Петре Мито Андреевски (Слоештица, Демирхисарско, 25 јуни 1934 - Скопје, 25 септември 2006) бил македонски поет, романсиер, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања.
Содржина |
Биографија[уреди]
Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот (сега Филолошки) факултет во Скопје. Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Член на Македонската академија на науките и уметностите. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1964 година, a во 1983 година бил и негов претседател.
Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени кај нас и во светот. Негови дела во посебни книги се презентирани на повеќе јазици надвор од Македонија.
На 9 октомври 2007, Претседателот на Република Македонија - Бранко Црвенковски, постхумно му доделил Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност.
Литературно творештво[уреди]
Стихозбирки
- Јазли (1960)
- И на небо и на земја (1962)
- Дениција (1968)
- Дални наковални (1971)
- Пофалби и поплаки (1975)
- Вечна куќа (1987)
- Лакримариј (1999)
Книги со раскази:
- Седмиот ден (1964)
- Неверни години (1974)
- Сите лица на смртта (1994)
- Боеми (постхумно)
Романи:
- Пиреј (1980)
- Скакулци (1983)
- Небеска Тимјановна (1988)
- Последните селани (1997)
- Тунел (2003)
- Бежанци (постхумно)
Книгата драми (1984), во која влегуваат:
- Време за пеење
- Богунемили
Стихозбирки за деца:
- Шарам барам
- Касни порасни
Награди[уреди]
Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“ (два пати) „Рациново признание“ и „Стале Попов“ (два пати).