Радовиш
| Радовиш | |
|---|---|
Радовиш |
|
| Mестоположба | |
Општина Радовиш на картата на Република Македонија |
|
|
Координати : 41° 38' N, 22° 38' E |
|
| Општи податоци | |
| Име: | Радовиш |
| Поштенски бр.: | 2420 |
| Повикувачки бр.: | (+389) 032 |
| Автомобилска ознака: | RA(Pa) |
| Заштитници: | Свети Спасо Радовишки |
| Мреж. место: | radovis.gov.mk |
| Историја | |
| Прво доселување: | во 10 век |
| Основан: | во 1920 |
| Управа | |
| Држава: | |
| Општина: | Радовиш |
| Градоначалник: | Д-р Роберт Велков |
| Географија | |
| Површина: | 374,5 km2 |
| Надм. височ.: | 380 м |
| Клима: | Умерено медитеранска и континентална |
| Население | |
| Население: | 22,561[1] |
| -мажи: | 50,01% |
| -жени: | 49,99% |
| Образование: | |
| Етнички групи: | Македонци, Турци, Роми |
Радовиш е град во југоисточниот дел од Република Македонија. Градот е втор по големина во југоисточниот регион, сместен во подножјето на планината Плачковица и северниот дел на Струмичко-радовишката котлина. Магистралниот пат М6 Штип-Радовиш-Струмица претставува главна врска на градот. Седиште е на општина Радовиш во којашто припаѓаат уште 35 населени места. Радовиш е познат по Црквата „Св. Троица“, Крстот над Радовиш, планината Плачковица, рудникот Бучим, Електротехничкиот факултет и Радовишкиот сомун.
Содржина |
[уреди] Историја
Градот Радовиш за прв пат се споменува во 1019 год. во Грамотата на Византискиот цар Василие Втори, а така се викала и средновековната жупа, што покажува дека градската функција потекнува од средниот век. Во тоа време Радовиш претставувал значаен регионален трговско-занаетчиски и рударски центар. Името на градот Радовиш е поврзано со името на средновековната кнегиња од словенско потекло, Рада, која живеела во тврдината над градот, чиишто урнатини се уште постојат. Територијата на општината Радовиш е богата со археолошки локалитети, манастири и цркви кои се дел од богатата ризница на споменици на културата.
[уреди] Географски податоци
Градот Радовиш е сместен во Радовишката котлина во подножијето на планината Плачковица. Низ него поминуваат две реки, Стара река и Сушица. Градот се наоѓа на 22° 28' источна географска должина и 41° 38' северна географска ширина. Надморската височина во градот изнесува 380 m. Градот се простира на површина околу 4 км², во широчина 3 км (Индустриска зона - ул. Калузлиска) и во должина 3,5 км (нас. Раклиш - Кеј 8-ми септември).[2]
[уреди] Географска положба и природни ресурси
Сместен во југоисточниот дел од Републиката, град Радовиш го зафаќа северозападниот дел од пространата Радовишко-Струмичка котлина, односно горното сливно подрачје на реката Радовишка. Северниот дел припаѓа на планината Плачковица, јужниот дел на планината Смрдешник, на северозапад се наоѓа ридестиот дел на областа Јуруклук или Дамјанско поле, а на југоисток се протега алувијалната рамнина на реката Радовишка. Општината има добри функционални врски со соседните градови Штип и Струмица, од кои е оддалечен само 36 односно 29 км. Градот Радовиш е сместен во централниот дел на општината, на надморска височина од 380 метри и претставува општински административен центар со добра местоположба за развој на стопанството. Како административен центар ги опслужува и жителите на општина Конче.
Во хидрографски поглед општината е интересна, со појава на подземни води, извори и површински водотеци како и со помали вештачки акумулации. Покрај изворите за вода за пиење во општината има и минерални води, но без некоја поголема стопанска искористеност. Хидрографската мрежа на општината е поделена на два речни слива. Преку Радовишка река водите течат во сливот на Струмица, додека преку реката Крива Лакавица во сливот на Брегалница. Реки во град Радовиш се: Стара река (позната уште и како Радовишка река), како и помалите Сушица и Марлада.
Вегетација - Шумските комплекси зафаќаат околу 21 000 хектари. Поголеми шумски комплекси се наоѓаат околу Стара река и Ораовичка река, каде се застапени дабова, букова и четинарска шума. од фитоценозите во шумите најдоминантни се заедниците на Дабот Горун, цените јасенови шуми, заедницата на подгорската бука, буковата шума со учество на брезата на кисели почви и заедницата на горската бука.
Радовиш е оддалечен 121 км (2 часа) од Скопје, 220 км од Охрид, 502 км од Белград, 160 км од Солун, 620 км од Атина, 370 км од Тирана, 390 км од Драч, 260 км од Софија, 720 км од Варна, 670 км од Бургас, 840 км од Истанбул, 1030 км од Љубљана, 2330 км од Париз и 2540 км од Лондон.[3]
[уреди] Клима
Радовиш е под влијание на умерено средоземно-континентална клима. Поради изразената височинска разлика (400-707 мнв) одделни климатски елементи варираат меѓу изменета медитеранска клима во полето и планинска клима по планините. Просечните годишни температури во рамничарскиот дел се движат од 12.5 до 13.0°С, а на највисоките делови од планинските масиви до 7,5°С. Најтопли месеци се јули и август, со просечна температура од 23°С, а најстуден месец е јануари со 1.2°С.
Просечните годишни врнежи изнесуваат 563 мм, со големи варирања од година во година, но постои разлика меѓу планинските и рамничарските реони. што се однесува до годишниот збир на сончеви часови, регионот има 2326 сончеви часови годишно, т.е. 6,4 часови дневно.
[уреди] Радовишки населби и маала
Во Радовиш постојат неколку населби, нас. Раклиш, нас. Куклевица, нас. Бел Камен и нас. Беверли Хилс. Познати маали се: Шаин маале, Варош, Лисец маало, Шопска маала, Егејска маала.
[уреди] Население и демографија
Според пописот на населението во 2002 година, градот Радовиш има 16 223 жители, а општина Радовиш 28 244, густината на населеност во општината е 46/km². Во градот предимно живеат македонци, како и турско и ромско население.
Националната структура на жителите во град Радовиш е следнава:
[уреди] Локална самоуправа
Градоначалник на општина Радовиш од 2005 е Д-р Роберт Велков од партијата ВМРО-ДПМНЕ, којшто е избран повторно на локалните избори во 2009 г. Претходни градоначалници биле Д-р Ристе Кукутанов (од 2000 - 2005 г.), Кирчо Сусинов (од 1996 - 2000 г) и Д-р Лупчо Захариев (од 1990-1996 г.)
Советот на Општина Радовиш е претставничко тело на граѓаните на општината. Составен е од 19 советници избрани на локални избори. Претседател на Советот е Сашко Николов (ВМРО-ДПМНЕ). Во состав на советот функционираат постојани комисии.
[уреди] Економија
Економијата во градот ја сочинуваат приватен, државен сектор, како и еден дел од населението се занимава со земјоделство (тутун, градинарство и житни култури).
Од државниот сектор најголеми вработувачи се ЈП „Македонски Шуми“ - подружница „Плачковица“, ЈП „Плаваја“, Полициската станица Радовиш, ЈЗУ Здравствен дом, образовниот сектор (градинките, училиштата и факултетот), судот, општината и подрачните министерства.
Во приватниот сектор, застапени се овие гранки:
Рударството, преку „Рудникот Бучим“ - рудник за бакар, злато и сребро. Со 550 работници, рудникот е најголемиот вработувач на населението од општина Радовиш.
Во градот развиена е текстилната, односно конфекциската индустрија. Работат околу 20 конфекции, од кои најголеми се: „Марди“, „Конели“, „СуперХит“, „Маркос“, „МарТекс“, „ФерТекс“, „Лукас“ и др.
Голем дел од населението во градот и општината се занимава со садење и производство на тутун. „Јакатабак“ (т.н. монопол) е фирма која откупува, преработува и продава тутун.
Во Радовиш постои и фирма за производство и продажба на златен накит - „Голдмак“.
Металопреработувачка индустрија, најзначајни фирми се „Металпромет“ и „Семи“.
Градежната и проектантска индустрија е претставена преку фирмите: „Техника“, „Алфа-инжинеринг“, „Стил“ и др.
Индустрија за конзервирање, како „Best Food TI“.
Постојат неколку млекари, како „Млекара Ѓоргиеви“ (поранешна млекара „Кооперант“).
Дрвена индустрија и производство и продажба на мебел, преку фирмите „ШИК“, „Современ дом“, „Асти 2007“, „Авто кец“ и др.
Од областа на угостителството работат хотелите „Панорама“ и „Бахамас“; рестораните „Шампион“, „Амбасадор“, „Магмар“; пицериите „Џокер“, „Мериџејн“, „Санта Марија“, „Гетсби“, „Беверли Хилс“; ноќните клубови „Full House“ и „Diamond“; кафе баровите „Ti-amo“, „Escape“, „Target“ и др.
Исто така постои и месна индустрија (кланици и месари), млечна индустрија (слаткарници), услужни дејности (козметички и фризерски салони), трговија на големо и мало, занаетчиство (поправка на моторни возила, часовници, чевли , бела техника и др.). Приватната дејност е 90 % од вкупното стопанство.
Во градот работат филијали на повеќе банки, како: Стопанска банка, Комерцијална банка, НЛБ Тутунска банка, ТТК банка, УНИ банка и ПроКредит банка.
[уреди] Поранешно стопанство
„Рудникот Дамјан“ бил рудник за железна руда, и бил во експлоатација од 1968 до 1992 година.
„АД Јака 80“ - фабрика за козметичка, диететска и фармацевтска индустрија. Фабриката е преместена од Радовиш во Скопје.
„АД Декортекс“ - фабрика за текстил и текстилни производи.
„ЗИК Радовишко поле“ - производство и продажба на земјоделски производи.
[уреди] Здравство
Во градот постои една јавна здравствена установа „ЈЗУ Здравствен Дом - Радовиш“, и околу седум амбуланти во населените места под управа на здравствениот дом. Во склоп на ЈЗУ Здравствен Дом - Радовиш влегуваат гинеколошко-акушерско одделение, специалистички амбулантски ординации по очни болести, уво, нос и грло, интерна медицина и др.
Во градот работат најмалку 15 приватни здравствени установи (ПЗУ) од примарната медицинска и стоматолошка здравствена заштита. Неколку приватни специалистички ординации по интерна медицина, ортопедска ординација и невропсихијатриска ординација. Истотака работат и седум приватни аптеки.
[уреди] Образование
Во областа на образованието и воспитувањето работат вкупно пет институции. Една од нив е предучилишна комбинирана установа, две основни училишта со повеќе подрачни објекти, една гимназија од областа на средното образование и еден факултет.
[уреди] Предучилишно воспитување
- Градинка „Ацо Караманов“ со објектите „Цветови“ и „Изворче“.
[уреди] Основно образование
- ОУ "Крсте Петков Мисирков" - Радовиш - со околу 1266 ученици и 70 вработени.
- ОУ "Никола Карев" - Радовиш - со околу 1070 ученици и 65 вработени.[1]
[уреди] Средно образование
- СОУ "Коста Сусинов" - Радовиш - со 1146 ученици и 52 вработени. Средното училиште има гимназиски смер, металуршко-технички смер, и електротехнички смер - електротехничар за компјутерска техника и автоматика.
[уреди] Високо образование
- Електротехнички факултет - Радовиш, во состав на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Со две додипломски студиски програми: „Системи за автоматско управување“ и „Обновливи извори на енергија“.[2]
[уреди] Култура и медиуми
Во Радовиш работат две институции од областа на културата:
- Центар за култура „Ацо Караманов“ - Радовиш и
- Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Радовиш
Познати се фолклорните ансамбли: Ф.А „Бучим“, Ф.А. „Ацо Караманов“. Три аматерски драмски студија. Во текот на годината се одржуваат: „Радовишкото културно лето“, детскиот фолклорен фестивал „Оро весело“, „Гајда Ињево“, „Карамановите поетски средби“ и др.
Како културно-историски вредности кои што ги поседува општината Радовиш се Црквата „Св. Троица“, Параклисот Св. Спасо Радовишки.
[уреди] Медиуми
Во медиумскиот простор присутни се две локални телевизии „ТВ Кобра“ и „ТВ Еми“ и две кабелски телевизии „ТО-МИ“ и „АндесНет“. Печатени локални медиуми се појавуваат периодично.
[уреди] Телекомуникации
Во градот постои развиена фиксна и мобилна телефонија. Постојат неколку локални интернет доставувачи со безжично покривање на целиот град, и WiFi точки.
[уреди] Туризам
Богатството на шумскиот фонд, разновидноста на флората и фауната, чистата и здрава околина, конфигурацијата на теренот, реките и вештачките акумулации го прават регионот атрактивен за рекреативно-спортскиот, ловниот, риболовниот и селскиот туризам.
Во тој поглед, развојните можнсоти на регионот се согледуваат, пред се, во комерцијализацијата на атрактивните природни ресурси. Економското ефектуирање на природните ресурси претпоставува постоење на соодветна инфраструктура, на организација и на соодветна туристичка пропаганда. Во таа насока, значајни развојни поттици може да произлезат од нови и од квалитетни сместувачки капацитети, од капацитетите за исхрана, од различните занаетчиски и услужни објект и дуќани, од спортски терени, од туристички водачи кај селскиот туризам што влегува во рамките на збогатување на туристичката понуда. Развојот на овие специфични видови туризам ќе овозможи поширок фронт за делување и за пазарно ефектуирање на произво¬дството на храна (млеко, месо, зеленчук, овошје, вино и слично) во атрактивните ловно-риболовни и рекреативни рурални подрачја. Најсоодветен начин за стопанисување со оваа дејност и со нејзините придружни дејности се малите семејни бизниси, стручно водени и осмислени од квалификувани менаџери.
Истотака постои одлична можност за развој на алтернативните форми на туризам (планински, бањски, рурален, археолошки др.)
[уреди] Спорт
Во Радовиш дејствуваат организирано: Фудбалскиот клуб „ФК Плачковица“, ракометниот клуб „РК Радовиш“, женскиот ракометен клуб „Стрела“, боречкиот клуб „Јака-Бучим“, стрелачкиот клуб „Готен“, велосипедскиот клуб „Јака“, спортско-рекреативниот риболовен клуб „КРАП“, мото-клубот „Џинка“, планинарското друшво „ПАОК Бел Камен“, алпинистичкиот клуб „Плоча“, пинг-понг клубот „Радовиш“ и др.
Радовиш поседува капитални спортски објекти како: Спортскиот-рекреативен комплекс и Ресторан „Шампион“ (со олимписки базен, повеќе игралишта за мал фудбал и кошарка, ракомет, одбојка и тениски терени), Спортската сала „25-ти Мај“ со капацитет од 1500 седишта и стадионот за фудбал во Радовиш.
[уреди] Познати личности од Радовиш
- Повеќе информации: Список на луѓе од Радовиш
- Ацо Караманов - поет и борец во НОБ
- Никола Георгиев - учител, револуционер и градоначалник на Радовиш
- Павле Трајанов - политичар и претседател на партијата Демократски сојуз
- Милка Ефтимова - оперска пејачка и професорка на факултетот за музичка уметност
- Ристо Гуштеров - бизнисмен
[уреди] Галерија
[уреди] Наводи
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Радовиш“ |
|
|||||||||||||||||||
|
|||||||