Делчево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Делчево
Центарот на градот
Центарот на градот
Знаме на Делчево
Грб на Делчево
Mестоположба
Mестоположбата на Делчево
Делчево на картата на Македонија

Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2)

Општи податоци
Име: Делчево
Поштенски бр.: 2320
Повикувачки бр.: (+389) 033
Автомобилска ознака: DE
Заштитници: Св. Кирил и Методиј
Историја
Стари имиња: Василево
Царево Село
Султанија
Управа
Држава: Flag of Macedonia.svg Македонија
Регион: Logo of Eastern Region, Macedonia.svg Источен регион
Општина: Coat of arms of Delčevo Municipality.svg Општина Делчево
Градоначалник: Дарко Шехтански
Географија
Надм. височ.: 590 м
Население
Население: Град : 11 500

Општина : 17.505

Образование:


Делчево е град во источниот дел на Македонија сместен во котлината Пијанец во близина на границата со Бугарија[1].

Историја[уреди]

Делчево, според едно предание во византиско време се викало Василево, што преведено од грчки значи Царево Село. За прв пат како населба Царево Село се споменува во една повелба на Цар Душан од 1347 до 1350 година. со неа тој му подарил повеќе места и ниви од Пијанец на манастирот од Лесново.

Османлиско ропство[уреди]

Во турско време Делчево се викал и Султанија.

До 17 век населбата лежела на десната страна на реката Брегалница на денешниот топоним Селиште, поточно под ридот Острец близу до патот што води за Република Бугарија. Од првите векови на турското владеење за положбата на Делчево нема многу податоци. Во средината на 17 век во неговата околина претстојувал султанот Мехмед IV. Во времето на неговата посета на Пијанец врз населението е извршено масовно потурчување. Поради зулумот и притисокот многу македонски населби опустеле, а меѓу нив и тогашното Царево Село. Се претпоставува дека во времето на тој султан населбата е преместена на денешното место на левата страна на реката Брегалница. Како доказ се наведува и градската џамија изградена во 17 век.

Но, на размислување упатува тоа што турскиот патеписец Евлија Челебија тука поминал само неколку години подоцна во 1670 год. и во својот Патепис запишал: “Од Виница се поткачивме на кочанската планинска рудина, движејќи се низ клисурата и по четири часа стасавме во Царево Село. Ова е муслиманско село расположено во полите на една планина и е украсено со околу 100 куќи и една ѓевѓирана со минаре чудесна џамија.

Треба да се спомене и народното предание кое вели дека населбата под ридот Острец се запустила кога владеела болеста чума и преживеаното население се населило на местото каде што денес е Делчево.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево, изградена во средината на XIX век

Како најстар дел на градот се смета турската колонија што се создала околу џамијата. Според Јаранов, се до 19 век Делчево било село, турска колонија, населена со чистокрвни Турци и голем дел потурчено население, наречено помаци кое не го знаело турскиот јазик. Само неколку фамилии биле македонски.

Кон средината на 19 век почнала да се развива чаршијата и да расте населбата, а воедно и да се зголемува македонското население. Откако се исполнил просторот во Средно маало, започнало ширењето преку Гочо Поток т.е. горно маало или денешен I реон. Во 1863 год. во Делчево имало 75, а во 1873 год. 109 македонски куќи.

Во 1856 година била завршена изградбата на црквата околу која главно било населено македонско население кое бегало од турските зулуми во околните села. Поголемо иселување на македонското нселение од овој крај имало во 1878 год. поради турскиот притисок по Руско-турската војна. Во тоа време имало поголемо населување на турско население од Бугарија, па дури и од Босна и Херцеговина. Околу 150 македонски домакинства од селата и градот се иселиле во Ќустендилско. Придојденото турско население, наречено “Маџирци” се населило во Маџирско маало, денешниот III реон на градот.

Царево Село (денешно Делчево) на почетокот на XX век

На левата страна покрај реката Брегалница, на тесниот рамен простор каде што биле мегданите и ановите, започнала градбат на трговските и занаетчиските дуќани покрај двете тесни улици. Со тоа конечно се формирала чаршијата и Делчево прераснало во градска населба.

Балканските и Светските војни[уреди]

За време на балканските војни голем број на турското население го напуштило градот, така што во 1914 година бројот на жители изнесувал 1701. По овие војни дошла нова македонска населеничка струја од околните села, а најмногу од пасивните села Бигла, Селник и Драмче кои ги купувале турските имоти.

Во 1931 год. бројот на населението се зголемило на 3746 жители. По оваа година доброволно продолжило иселувањето на турското население во Турција, особено во 1953 година. Во 1935 година започнале да се градат првите куќи на десната страна на реката Брегалница.

По ослободувањето, на 23 април 1950 година Президиумот на Народното собрание на НР Македонија донесува одлука Царево Село да биде преименувано во Делчево, во чест на Гоце Делчев.

Во шеесетите години градчето се прошири на десната страна на река Брегалница, а во седумдесетите и на ридот Милково Брдо. Со порастот на вработените во работни организации во Делчево, растеше и бројот на населението во него. Денес Делчево е модерна градска населба со широки асфалтирани улици и булевари, канализациона мрежа и со паркови и зеленило.

Местоположба[уреди]

Културен Дом АСНОМ

На 164 км источно од Скопје, во подножјето на планината Голак, распослан на двата брега на реката Брегалница лежи градот Делчево. Тоа е најголемо населено место во областа Пијанец, која се протега на површина од 585 км 2 , сместена помеѓу Осоговските планини (на север) и Малешевските ( на југ). Градот лежи на надморска височина од 590м до 640 м. И покрај тоа што се наоѓа во најисточнот дел од државата Делчево има релативно добра географска положба и сообраќајна поврзаност. Тоа е крстосница за источна Македонија. Преку Пехчево (27 км) и Берово (34км) е поврзано со Струмица на југ, а преку Македонска Каменица (22км) и Кочани (48км) е поврзано со Штип на северозапад. На запад на 39 км, се наоѓа Виница, а на исток е граничниот премин "Арнаутски гроб" (11км), преку кој се стигнува до главниот град на Пиринска Македонија - Благоевград (34км)

Клима[уреди]

Манастирот „Св. Богородица-Балаклија“ во Делчево

Климата во Делчево е континентална источно-европска со модифициран плувиометриски режим. Просечната годишна температура во Делчево изнесува 11°С, со апсолутен минимум од -26°С и апсолутен максимум од 39°С, додека на повисоките предели просечната годишна температура паѓа до 3,5°С. Најтопол месец е август, а најстуден е месец јануари. Пролетта е секогаш постудена од есента.

Облачноста не е голема, така што во годината доминираат сончеви и ведри денови. Просечните годишни количини на врнежи во Делчево изнесуваат 548 мм, а на планините над 1.600 м.н.в. и до 1.000 мм. Врнежите, иако се релативно ниски, нивниот распоред во вегетациониот период (април-септември) е поволен и изнесува над 50% од вкупните годишни врнежи.

Вегетациониот период со температура повисока од 10°С трае 191 ден во текот на годината. Ваквата поволна клима овозможува виреење на разни растенија, а воедно претставува и многу погоден природен услов за развој на туризмот во овој крај.

Вегетациониот период со температура повисока од 10°С трае 191 ден во текот на годината. Ваквата поволна клима овозможува виреење на разни растенија, а воедно претставува и многу погоден природен услов за развој на туризмот во овој крај.

Демографија[уреди]

Споменик на паднатите борци од НОВ во Делчево

Според пописот од 2002 година, во градот Делчево живеат 14.280 жители од кои:

Културни и општествени објекти[уреди]

Цркви[2]
Училишта

Наводи[уреди]

  1. Enciklopedija Jugoslavije. 2. Aufl. Bd. 3, Zagreb 1984, S. 407 s.v. Delčevo.
  2. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). „Карта на верски објекти во Македонија“. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  3. Осветена црквата-крстилница „Св. Наум Охридски“ во Делчево

Надворешни врски[уреди]



Одредници од ДЕЛЧЕВО
Македонска Каменица с. Вратиславци
 
с. Ветран
Виница
Compasspoint-nw.png С Compasspoint-ne.png
З RoseVents.svg И
Compasspoint-sw.png Ј Compasspoint-se.png
Ѕвегор
Голак Берово
 
с. Вирче