Полето

Координати: 41°59′55″N 22°45′36″E / 41.99861° СГШ; 22.76000° ИГД / 41.99861; 22.76000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Полето

Поглед на селото

Полето во рамките на Македонија
Полето
Местоположба на Полето во Македонија
Полето на карта

Карта

Координати 41°59′55″N 22°45′36″E / 41.99861° СГШ; 22.76000° ИГД / 41.99861; 22.76000
Регион  Источен
Општина  Делчево
Област Пијанец
Население 198 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2320
Повик. бр. 033
Шифра на КО
Надм. вис. 600 м
Полето на општинската карта

Атарот на Полето во рамките на општината
Полето на Ризницата

Полето — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Делчево, на неколку километри од Делчево и припаѓа на неговата рурбална зона.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

За селото не се води катастарска евиденција, па затоа не може да се прикаже структурата на неговото земјоделско земјиште.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948—    
1953168—    
1961200+19.0%
1971172−14.0%
1981135−21.5%
ГодинаНас.±%
1991101−25.2%
1994114+12.9%
2002194+70.2%
2021198+2.1%

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 194 жители, од кои 186 Македонци и 8 Роми.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 198 жители, од кои 192 Македонци, 2 Албанци, 1 останат и 3 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 168 200 172 135 101 114 194 198
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:

Македонски

  • Доселеници: Цопевци (4 к.) доселени се во 1900 година од селото Цера; Коловци (4 к.) доселени се во 1903 година од селото Бигла; Мораци (3 к.) доселени се во 1916 година од селото Бигла; Јанкуловци (2 к.) доселени се во 1910 година од селото Бигла; Митревци (2 к.) доселени се во 1914 година од селото Моштица; Илијовци (3 к.) доселени се во 1919 година од селото Вратиславци; Папурица или Папурички (2 к.) доселени се во 1928 година од селото Костин Дол; Соколовци (1 к.) доселени се во 1931 година од селото Костин Дол; Мајмуно (1 к.) доселени се во 1931 година од селото Драмче; Стамболовци (2 к.) доселени се во 1932 година од селото Драмче; Чорбаџиовци (1 к.) доселени се во 1943 година од некое околно село.[10]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1950 година.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0595 според Државната изборна комисија.[11]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 109 гласачи.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 106 гласачи.[13]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 240.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 јули 2018.
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к- 3, АЕ, 96/1 в.
  11. „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 10 јули 2018.
  12. „Локални избори 2017“. Посетено на 10 јули 2018.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]