Есен
|
|
||||||||||||
Есен е едно од четирите умерени годишни времиња, преодот од лето кон зима.
Во умерените климатски зони, есента е сезоната кога највеќето култури се берат, а листопадните дрва ги губат лисјата. Ова е и сезоната кога деновите набргу стануваат пократки и постудени, ноќите подолги, а врнежите се зачестуваат.
Дефиниции [уреди]
Астрономски, некои западни земји сметаат дека есента почнува со септемвриската рамнодненица (околу 23 септември) на Северната полутопка, и мартовската рамноденица (21 март) на Јужната полутопка, завршувајќи со декемвриската сончева пресвртница (околу 21 декември) на Северната полутопка и јунската сончева пресвртница (21 јуни) на Јужната. Меѓутоа ваквата поделба не е универзална. Исклучокот од овие дефиниции е Ирскиот календар кој сѐ уште го следи келтскиот циклус, каде есента во се вбројува цел август, септември и октомври. Во кинеската астрономија, есенската рамноденица ја означува средината на есента, за окја се смета дека започнала околу 7 август).
Од друга страна, метеоролозите го сметаат за есен сет април и мај на Јужната, и септември, октовмри и ноември на Северната полутопка. Иако по летната сончева прествртница деновите почнуваат да се скратуваат, обично во септември (Северна полутопка) или март (Јужна полутопка) квечерините стануваат приметливо пократки и самата промена е понагла отколку одолговлечените квечерини на лето.
Есента обично го означува почетокот на школската година, бидејќи таа започнува рано во септември или март. Било која од овие дефиниции не е без мана бидејќи тие претполагаат дека годишните времиња се еднакво долги, и започнуваат и завршуваат во исто време ширум умерените зони на обете хемисфери.
Поврзано [уреди]
|
||||||||||
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Есен“ |