Есенска соната (филм)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Есенска соната“ | |
| Режирано од | Ингмар Бергман |
|---|---|
| Сценарист | Ингмар Бергман |
| Настапуваат | Ингрид Бергман Лив Улман Лена Ниман |
| Кинематографија | Свен Никвист |
| Дистрибутер | New World Pictures |
| Премиера | |
| Времетраење | 99 мин. |
| Јазик | [шведски јазик |
Есенска соната (шведски: Höstsonaten) е шведски филм од 1978 кој бил номиниран за Оскар, а напишан и режиран од Ингмар Бергман. Во филмот играат Ингрид Бергман , Лив Улман (Liv Ullmann) и Лена Ниман (Lena Nyman). Филмот ја раскажува приказната за позната пијанистка конфронтирана од нејзината занемарена ќерка.
Филмот е сниман во Норвешка, поради даночните проблеми на Ингмар Бергман во Шведска. Тоа е последниот настап на Ингрид Бергман во голем филм кој бил прикажуван во кино.
Филмот освоил Златен глобус во 1979 година за Најдобар филм од странско говорно подрачје. Бил номиниран и за Оскар за Најдобра актерка во главна улога (Ингрид Бергман).
[уреди] Синопсис
Средбата меѓу ќерката Ева и мајката Шарлот, со големо нетрпение очекувана и од двете страни, нема да ги надмине повеќегодишните недоразбирања. Напротив, наместо помирување, Еве ќе ја обвини мајка си (светски позната пијанистка) дека поради кариерата ја напуштила уште додека била дете одземајќи и ја толку неопходната мајчинска љубов.
[уреди] Надворешни врски
- Autumn Sonata на Интернет Филмската База на податоци. (англиски)
- Autumn Sonata на Rotten Tomatoes. (англиски)
- Criterion Collection essay by Peter Cowie (англиски)
- DVD review of Autumn Sonata (англиски)
