Метеорологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Метерологијата е научно изучување на атмосферата, со цел предвидување на временските промени. Временската прогноза ни ја соопштуваат метеролозите кои работат во метеролошка станица. За да ни соопштат метеролозите какво ке биде времето потребни им се мерни инструменти, а тоа се ветроказ, барометар, топломер и ветромер. Ветроказот го покажува правецот на ветерот. Барометарот го покажува воздушниот притисок. Топломерот ја мери температурата на воздухот. Брзината на ветерот се мери со анемометар. Овие инструменти се сместени во метеролошки кукички на отворен простор.Освен податоците добиени од овие инструменти, метеролозите користат и податоци кои ги добиваат преку сателит. За временските промени дознаваме од временските прогнози кои ги добиваме прекуу телевизијата,радиото и дневниот печат. Временските прогнози се особено важни за земјоделците, пилотите, морнарите, извидниците и други.