Пробиштип

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Пробиштип
Грб на Пробиштип
Mестоположба
Mестоположбата на Пробиштип
Пробиштип на картата на Македонија

Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2)

Општи податоци
Име: Пробиштип
Поштенски бр.: 2210
Повикувачки бр.: (+389) 032
Автомобилска ознака: ŠT
Мреж. место: probistip.gov.mk
Историја
Управа
Држава: Flag of Macedonia.svg Македонија
Општина: Пробиштип
Градоначалник: Тони Тоневски
Географија
Надм. височ.: 792 м
Население
Население: 10.826
Образование:


Пробиштип е град во источниот дел на Република Македонија. Познат е како рударски град, бидејќи во неговата близина се наоѓа рудникот за олово и цинк Злетово. Покрај рударството во градот постои и индустриски капацитет за производство на батерии и акумулатори. Има површина од 329 км2 и е центар на општина Пробиштип која содржи 37 населени места. Градот има 10.500 жители, а општината 26.193 жители.

Содржина

[уреди] Воспитно образовни установи

- предучилишни установи: детска градинка " Гоце Делчев" со единиците:

  • "Цветови"- од Пробиштип
  • "Срничка"- од Пробиштип
  • "Изворче"- од Злетово

- основни училишта: ОУ "Никола Карев" и ОУ "Браќа Миладиновци" со подрачните единици:

  • "Ванчо Трајков"- од село Пробиштип
  • "Кирил и Методиј"- од село Злетово

- средно училиште : ДСУ "Наум Наумовски - Борче"

[уреди] Население

[уреди] Клима

Во поглед на климата областа се наоѓа во Јужниот дел на Северниот умерен појас, меѓу подрачја во кои се осеќаат влијанија на медитеранска клима ( Кочанска котлина и Овче полеОсоговскиот масив каде владее изразито планинска клима. Ваквата географска положба условила нејзината клима да се карактеризира со елементи на умерено континентална, изменето-средоземна и планинска клима. Со оглед на релјефот во оваа област можат да се издвојат два климатски реони: реон на умерена клима, со елементи на изменето средоземна клима и реон на планинска клима. Првиот реон го опфаќа подрачјето на Злетовската област јужно од Злетово, односно Злетовското поле. Со долината на Злетовска река ова поле е отворено на медитеранските влијанија. Вториот климатски регион го опфаќа подрачјето што се шири на север од Злетово се до највисоките врвови на областа. Како планинско подрачје се одликува со свежо лето, ладна пролет и есен, а студена и снежна зима. Средната годишна температура на воздухот изнесува околу 13 степени Целзиусови, додека средната температура во зимските месеци се движи од 1 до 30Ц, а во летните месеци од 21 до 25 0Ц. Количеството на годишните врнежи изнесува околу 600-650 мм. Како што може да се заклучи од претходните излагања, основни карактеристики на климата во овој реон ,односно во Злетовското поле се како следува : зимата не е многу ладна, а и не трае долго; ретко паѓа снег , а и кога ќе падне брзо се истопува заради што во овој годишен период има зелена трева. Пролетта е умерено топла и помалку дождовна од зимата. Летото е многу топло и суво а поради планинската клима квечерината и утрата се свежи. Есента е долга, умерено топла и прилично дождовна. Вегетациониот период е доста долг и трае речиси 10 месеци, со вакви климатски особености претставува подрачје погодно за одгледување на земјоделски култури не само од умерената, туку и од субтропската климатска зона.

[уреди] Занимливости

Во домот на култура "Злетовски Рудар" постои збирка на минерали од рудникот, како и стари предмети кои биле користени во дамнешното минато за работа во рудникот. Исто така поставена е и етнолошка збирка каде можат да се видат разни носии карактеристични за овој дел од Македонија и стари предмети користени во секојдневниот живот на луѓето од овој крај.

Лесновскиот манастир (14 век), сместен во Лесновскиот кратер, во себе чува иконостас од 18 век со непроценлива вредност и убавина.

[уреди] Наводи

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици