Делчевска Котлина

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пијанец)

Делчевската Котлина или Пијанецкотлина и историско-географска област во источниот дел на Македонија, во горниот тек на реката Брегалница[1].

Географски особености[уреди | уреди извор]

Котлината има меридијански правец на протегање (југсевер) во должина 15–16 км, а ширина 4–5 км. Пијанец е тектонска котлина што настанала помеѓу планините Влаина од исток, Голак од запад и ограноци од Осоговските Планини на север. Од соседната Беровска Котлина е одвоена со хорстот – планината Бејаз Тепе и образува целина наречена Беровско-делчевска Котлина. Зафаќа површина од 590 км2. Дното на котлината е на височина 560–580 м. Во текот на плиоценот во котлината егзистирало езеро, кое кон крајот на плиоценот и почетокот на плеистоценот, почнува да истекува преку најнискиот дел предиспониран со раседнување, помеѓу ограноците на Голак и на Осогово, при што е создадена длабоката клисура на Брегалница. Континенталната клима е погодна за развој на овоштарството посебно за сливарството[2].

Населени места и население во Пијанец[уреди | уреди извор]

Во Пијанец се наоѓаат 22 населени места, односно градот Делчево и уште 21 населено место — сите во составот на Општина Делчево.

На табелата е прикажано движењето на бројот на населението низ сите пописни години во Пијанец:[3]

населено место   1948 1953 1961 1971 1981 1994   2002
ПИЈАНЕЦ
1. Бигла 754 844 731 677 451 343 274
2. Ветрен 466 515 464 310 248 169 114
3. Вирче 1.327 1.453 906 833 746 604 498
4. Вратиславци 255 275 242 243 153 79 32
5. Габрово 970 1.004 690 770 787 829 794
6. Град 1.178 1.347 899 827 801 696 534
7. Драмче 842 996 868 697 534 416 288
8. Ѕвегор 1.158 1.301 775 837 907 949 904
9. Илиово 466 562 528 413 304 170 127
10. Киселица 553 423 435 266 167 78 35
11. Косово Дабје 159 207 192 85 35 21
12. Нов Истевник 492 701 662 592 412 262 144
13. Очипала 238 230 195 141 106 92
14. Полето 168 200 172 135 114 194
15. Разловци 1.113 1.344 1.116 1.143 1.061 906 826
16. Селник 286 335 314 195 131 66 28
17. Стамер 346 413 264 357 388 447 344
18. Стар Истевник 922 772 493 354 250 137 70
19. Тработивиште 867 1.033 813 695 656 571 533
20. Турија 172 196 182 171 153 127 102
21. Чифлик 192 218 214 138 68 51
ВКУПНО 12.167 14.271 11.237 10.153 8.648 7.172 6.005
22. Делчево 3.173 3.033 3.147 5.104 8.065 10.554 11.500
ВКУПНО 15.340 17.304 14.384 15.257 16.713 17.726 17.505

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. А. Стојмилов, „Физичка географија на Република Македонија“, ПМФ, Скопје, 2003.
  2. Д. Манаковиќ, Т. Андоновски, „Релјефни одлики на источна Македонија“, „Географски разгледи“, кн. 17,Скопје, 1979.
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk Архивирано на 3 февруари 2020 г..