Виница

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Виница
Makedonij.JPG
Знаме на Виница
Грб на Виница
Mестоположба
Mестоположбата на Виница
Виница на картата на Македонија

Координати : 41°52′С 22°30′И
Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2)

Општи податоци
Име: Виница
Поштенски бр.: 2310
Повикувачки бр.: (+389) 033
Автомобилска ознака: KO
Заштитници: Св.Павле
Мреж. место: opstinavinica.gov.mk
Историја
Основан: во Античкиот период
Стари имиња: Армониа
Транупара
Астибо
Управа
Држава: Flag of Macedonia.svg Македонија
Општина: Виница
Бр. на населби: Центар-Старо маало, Влашко маало, Циганско маало, Суво маало, Јакимово, населба Градец
Градоначалник: Емил Дончев
Географија
-паркови: Градски парк Виница
Надм. височ.: 400 м
Население
Население: 10.863
-мажи: 5449
-жени: 5414
Образование:
Етнички групи: Македонци


Виница е град во источниот дел на Македонија, и центар на Општина Виница. Градот имал 10.863 жители според пописот од 2002.

Содржина

[уреди] Потекло на името

Според најновите истражувања името на градот Виница уште не е во целост разјаснето. Во јавноста погрешно беа толкувани записите од теракотните икони, во који името Виница се поврзуваше со името Винеа.

Радмило Петрович во трудот Армониа Латина дал своји толкувања со проблемот на локализирање на градовите Астибо, Келендин, Армониа, Запара и Транупара. Посебно внимание обраќа на локацијата на градот Армониа за кој смета дека е градот Виница, над кој како фортификација се издига Виничко Кале. Според него името на градот е од тракиско потекло, кое Турците кога дошле во овие простори го измениле, бидејќи не го знаеле вистинското значење на името на градот, тие го поврзале со најсличниот турски збор - Арамија (некој шо прави лоши дела). Подоцна непосредно бил преведен на локалниот јазик со исто значење Виница - Вина.[1]

Маријан Јованов во своето излагање Културно Наследство дава толкување за името на градот. Според различните толкувања за правецот на патот Стоби - Пауталија, тргнувајки од оргиналната варианта на картата Табула Путенгериана, која била корегирана во 1916 и во неа биле недоследно заменети локацијите на Астибо и Транупара и според најновите археолошки откритиа во Делчево, тој смета, дека под бројните ранохристијански остатоци требе да се бара Транупара, а на Виничкото кале античкиот град Астибо.

Неговото објаснување го аргументира; ако Транупара ја лоциравме во Крупиште, следните 20 милји по Табулата не доведуваат на локација на денешна Виница. Овде на локалитетот Кале се наоѓаат маркантни наоди од укрепена населба од раноантичко време, која зафачќа површина од 3,5 хектари (денес веке 11 хектари). Камените дробилки за руда зборуваат ѕа рудничко - металушка дејност, како причина за подигање на раноантичка населба на овој локалитет, а сребрените тетрадрахми на Филип 2 укажуваат на неговото датирање. Во 4 век оваа населба добила бедеми градени со малтер, а во 6 век и раниот среден век добила уште повеќе на значење, прераснувајќи во еден културен центар за што сведочат бројните базилики. Следејки ги растојаниата на Табулата и археолошките остаотоци на теренот, на овај локалитет би требало да се лоцира станицата Астибо .[2]

Според локалната легенда името настанало во период од неколку сушни години кога наместо со вода, куќите биле градени со вино.

[уреди] Географија

Градот Виница се наоѓа во подножјето на планината Плачковица, помеѓу планините Голак и Обозна, во југоисточниот дел на Кочанско-виничката котлина, на северниот брег на реката Брегалница. Низ Виница течат и повеќе помали реки, меѓу нив и реките Виничка и Градечка. Градот Виница е познат по исторската римска тврдина Виничко Кале, која се наоѓа на ридот над градот. Во неа се пронајдени познатите ранохристијански теракотни икони.

[уреди] Историја

Подрачјето на Виница било населено во времето на неолитот (од 12 до 6 век п.н.е.), според пронајдените материјали од Виничко Кале и околните археолошки локации. Во антиката, подрачјето го населиле Пејонците. Сегашниот град потекнува од Византиска тврдина, која била центар на производство со вино. Лозните насади на виничкиот рид биле напуштени по 1980 кога поактивно започнале археолошките истражувања. [3]

[уреди] Култура

Во Виница има две основни училишта ОУ „Славчо Стојменски“ и ОУ „Гоце Делчев“, едно средно училиште СОУ „Ванчо Прке“ и градската библиотека „Ванчо Прке“ која е изградена во 1946. Во градот дејствува и домот на културата „Тошо Арсов“ кој е центар на сите културни случувања, кино сала, детска градинка, здравствен дом, базен, метеоролошка станица, музеј „Теракота“ и центар за образование на деца и млади. Во гардот има три православни цркви, градската црква посветена на “Св.Архангел Михаил„, црквата “Св. Јоаким„ во Јакимово и црквата во изградба Св.апостол и евангелист Лука. Заштитник на градот Виница е Свети Павле, на когу има посветено параклис пред општинската зграда. Во Виница дејствуваат две музички групи, Распеани Виничани, Јана, и фолклорна група Китка.[4][5] Во околината на Виница и во самиот град постојат следниве археолошки локалитети:

археологија: (портал, проект)  

Ова е список на археолошки локалитети во Општина Виница.

[уреди] Извори

[уреди] Население

Според отоманските документи од 1618 година, во селото Виница имало 55 домаќинства.[6] Списокот на немуслимански домаќинства од 1637 за истото село е 31 домаќинство.[7] Според бугарот К’нчов во 1900 година Виница имала 1320 жители од кои 840 македонци христијани (споед него Бугари) и 300 турци.[8] Според останатите бугарски извори во 1905, Виница имала 944 жители македонци христијани а во 1916, населението броело 1114 жители, од кои 681 македонци, 250 турци и 183 роми, муслимани.(според бугарските извори македонците се пишани како бугари)[9][10] Во 1971 бројот на населението во Виница бил 5993 жители, во 1981, 8494 жители, а во 1991 во градот имало 10424 жители.[11] Според пописот на населението од 2002, Виница има 10.863 жители.[12] Етничкиот состав на населението во градот Виница е:[12]

[уреди] Стопанство

Главни гранки на стопанството во Виница се земјоделството и текстилната индустрија. Најмногу се одгледува житната култура ориз, која е значителна за Виничко-кочанската котлина. Во минатото населението се занимавало со одгледување на грозје и производство на вино. Од индустриските гранки најзастапени се текстилната и мебелната индустрија, а во Виница има и фабрика за призводство на земјоделска механизација „Агро Бар“ и фабрика за покривен цреп „Тондах“. Меѓу поголемите претпријатија се „Виничанка“, „Винка“, „Трико“, „Треска“ и „Мебел-Ви“. Во градот има голем број на продавници, кафулиња, ресторани, ноќен клуб и три хотели.

Според обштинскиот гласник, во Виница има 4000 вработени лица.

[уреди] Природни ресурси

Градот располага со богат растителен и животински свет. Подрачјето овозможува одгледување на култури, како што се оризот, пченицата и пченката, а во повисоките подрачја е богат со пасишта и шуми. Градот има богати насади со дрво од вид топол и орев. Виница е богата со термоминерални води, а подрачјето на градот Виница содржи голем број минерали, како шо са: интрузивните камења-гранит, кварцот, фелдспатот, глината, карбонатот (лапорец), азбестот и железото.

  • Шуми 21,732 ХА
  • Пасишта 11,894 ХА
  • Обработлива површина 9,341 ХА

[уреди] Медиуми

Градот има локална телевизијска станица “ТВВ“ (Телевизија Виница), која го покрива регионот на Виница и Кочани. Во Виница има и една радио станица, “Радио Лакоста“ и гратски месечен весникВинеам“.

[уреди] Спорт

Виница има еден фудбалски клуб, кој бил формиран во 1934 г, под името “Плачковица„. Клубот подоцна се викал Слога Виница, а денеска се вика “Филип II-Слога„. Во Виница има и Кошаркарски клуб “Славчо Стојменски„, карате клуб “Блатец„ и бадмингтонски клуб “Винчини„. Градот поседува спортска сала, стадион, и градско капалиште со два базени.

Виница беше домаќин на “младинското светско првенство во ракомет за жени„, кое се одржа од 21. јули до 3. август 2008 година.

[уреди] Галерија

[уреди] Извори

  1. Р.Петрович,2001,8-15
  2. Марјан Јованов,2002
  3. Историја на Виница
  4. Vinica info
  5. Информативно гласило на општина Виница
  6. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, стр. 253.
  7. Турски извори за българската история (т. VIII), предговор и съставителство Е. Грозданова, издание на Главно управление на архивите при Министерския съвет, Архивите говорят, т. 13, София 2001, стр. 52.
  8. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 226.
  9. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 132-133.
  10. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.
  11. стр.34, податоци од државниот завод за статистика
  12. 12,0 12,1 Министерство за Локална Самоуправа. База на општински урбанистички планови

[уреди] Надворешни врски


Одредници од ВИНИЦА
Кочани Истибања
 
Делчево
Зрновци
Compasspoint-nw.png С Compasspoint-ne.png
З RoseVents.svg И
Compasspoint-sw.png Ј Compasspoint-se.png
Тработивиште
Градец
 
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици