Берово
Од Википедија, слободна енциклопедија
Берово е град во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските планини на површина од 595 km. Во негова близина се наоѓа и Беровското Езеро. Берово се наоѓа 161 km од Скопје, 47 km од Струмица и 52 km од Кочани. Климата е умерено - континентална со одредени карактеристики на планинска клима.
Содржина |
[уреди] Население
Според пописот од 2002 година, во градот Берово живеат 70.02 жители, од кои:
[уреди] Стопанство
Населението во градот и целата Малешевска област се занимава претежно со земјоделство. Поради специфичноста на земјиштето во Малешевијата најмногу се одгледува компир по кој Берово е доста познат. Исто така Берово е познато и по Беровското бело сирење. Со планот за изградба на граничен премин кон Бугарија со кој Берово би се поврзало со Сандански значајно би се подобрило стопанството на целиот регион.
[уреди] Историја
Во селото Разловци во близината на Берово, во 1876 година е дигнато познатото Разловечко востание на чело со легендарниот македонски револуционер од овој крај Димитар Поп-Георгиев Беровски кој е роден во градот Берово.
[уреди] Археолошки локалитети
- Бреза, населба од доцноантичкото време.
- Врчвите, некропола – тумули од железното време.
- Градиште, населба и некропола од доцноантичкото време.
- Долно Градиште - Јабланица, населба од римското време.
- Келаклевец, населба од доцноантичкото време.
- Ковачилница, утврдена населба од железното и доцноантичкото време и средниот век.
- Куќата, населба од римското време.
- Линако, населба од доцноантичкото време.
- Пашајлов Преслап, населба од доцноантичкото време.
- Попов Рид, градиште од доцноантичкото време.
- Свети Архангел Михаил, средновековни јами.
- Селца, населба од римското време.
- Шабанско Градиште, градиште од доцноантичкото време.
- Широк Дол, могили од доцноантичкото време.
[уреди] Надворешни врски
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип

