Малешевско-пирински дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
  Малешевско-пиринскиот дијалект на картата на македонските дијалекти

Малешевско-пиринскиот дијалект спаѓа во Источната група на Источно и јужно македонско наречје. Се зборува во Малешевијата и Пиринска Македонија.

Фонолошки карактеристики[уреди]

  • старословенскиот глас Ѫ (он) преминал во а : даб, габа, важе
  • замена на старословенските ерови Ъ > о, Ь > е : бочва, сон, дош, свекор, пекол, ден, темен, тенка
  • употреба на согласната група шч и жџ на местото на старословенските *tj, *dj : кашча, гашчи, ношческа, плешчи, вежџа, межџа, нужџа
  • измена на самогласките :полн > п'н, болва > б'а, волна > в'на, жолт > ж'т, солза > с'за
  • вокално л и р: длг, клбо, крв, трн, грло, дрво
  • употреба на предлог (во град > у градо)
  • употреба на архаичната х наместо в на крајот на зборот (видов > видох): бух(був), страх(страв)
  • испуштање на буквата т при членувањето на именките (братот > брато)
  • меки согласки љ и ќ на крајот на зборот: сољ, кронџуљ, темељ, жељќа, точиљќа

Морфолошки карактеристики[уреди]

  • сегашно време 1л.ед. со а : ода (одам), печа (печам), пија (пијам)
  • употреба на суфиксот -ове за множина : волове, носове
  • употреба на предлозите воф(во) и сос(со)
  • употреба на глаголски прилог со наставка -јќи : одејќи, викајќи
  • употреба на наставка за имперфект - шеа : одешеа (одеа), викашеа (викаа), пијешеа (пиеја)
  • акцент врз наставката за 1л.ед.аорист кај глаголи на ох : пеко́х, реко́х, влего́х

Лични заменки[уреди]

Еднина[уреди]

  • Јас
  • Ти
  • Он
  • Она
  • Оно

Множина[уреди]

  • Ниe
  • Виe
  • Тиe,Они

Надворешни врски[уреди]