Кичевско-поречки дијалект

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Кичевско-поречкиот дијалект на картата на македонските дијалекти

Кичевско-поречкиот дијалект е дијалект што спаѓа во подгрупата на централни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува на територијата на градовите Кичево и Македонски Брод со околината. Кичевско-поречкиот дијалект е близок дијалект со прилепско-битолскиот дијалект и со останатите дијалекти на централната подгрупа. Овој дијалект, заедно со останатите дијалекти од централната подгрупа, се основата врз кој се темели стандардниот македонски јазик.

[уреди] Фонолошки карактеристики

  • промена на носната самогласка õ со о
  • промена на вокалното Л со Р
  • употреба на согласната група шт жд
  • губење на интервокалното в

[уреди] Морфолошки карактеристики

  • употреба на остатоци од дативен падеж: му рече Стојану
  • употреба на суфиксот деминутив -уле: дете- детуле
  • употреба на суфиксот -т за трето лице еднина
  • употреба на трите членови
  • губење на суфиксот -м за прво лице еднина


Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици