Владимирово
| Владимирово | |
| Координати | |
| Регион | Малешевија |
| Општина | Општина Берово |
| Население | 861 |
| Поштенски број | 2331 |
| Надморска височина | 879 |
Владимирово е село во Општина Берово, во околината на градот Берово.
Содржина |
Историja [уреди]
Географиja и местоположба [уреди]
Владимирово е второ по големина село во Малешевијата. Владимирското подрачје се протега на западниот брег на реката Брегалница и зазема прилично голем дел од Малешевската котлина.
Подрачјето на Владимирово,како дел од Малешевската котлина,се граничи:од југоисток и југ со подрачлето на соседното село Русиново со најдолга граница;Од југозапад граничи со Струмичкото подрачје;Од западната страна со куса граница се граничи со Радовишката околија;Северната граница е мошне долга со повеќе гранични синори покрај реката Каменица-граничи со подрачјето на селото Будинарци-со реката Брегалница-и граничи со Синорот на селото Мачево;Североисточната граница е дел од полето на селото Робово и ЗИК "Малешевска слива" се до устието на Смојмирска Река во реката Брегалница. Границата Синорно Подрачје оди по текот на реката Брегалница,ја сече месноста "Лаго" и излегува на патот за Берово,кај мостот на Ратевска Река.
Во овие синорни граници е сместено Владимирското подрачје и приближно изнесува околу 120km2.
Поголемиот дел од синорот,односно 3/4 е планински дел под името "Планини",а 1/4 порамен(полски)дел наречен "Полето".
Планините имаат просторни површини под пасишта,големи комплекси со широколисни и иглолисни шуми,а има и доста површини под ораници. По речните долинки има и ливади.
Сета полска површина скоро е обработлива,а долините по Брегалница и Селска река делумно се ораници за градинарски култури,а остатокот се ливади.
Археолошки локалитети [уреди]
- Бараица, населба од неолитското време и тумул од железното време.
- Белов Јурт, средновековна населба.
- Градиште, доцноантичко градиште.
- Грамадата, населба од доцноантичкото време.
- Грамадје, населба од доцноантичкото време.
- Ѓузелџе, старохристијанска црква.
- Ковачка Чука, средновековно градиште.
- Материца, градиште од доцноантичкото време.
- Могилка, могила од доцноантичкото време.
- Селото, средновековна населба.
- Увашлија, населба од железното време.
- Црквиште, старохристијанска базилика.
Економија [уреди]
| Број на население според утврдени извори | 2002 | 1994 | 1981 | - | 856 | 1580 | 1745 | 1233 |
|---|
Демографија [уреди]
Општествени институции [уреди]
- Цркви
- Црква „Св. Спас“ - црква од 19 век;
- Црква „Св. Илија“ - црква од 2005;[1]
Администрација и политика [уреди]
Културни и природни знаменитости [уреди]
Редовни настани [уреди]
Личности [уреди]
- Михаил Левенски (1942 - 2010) - македонски поет, раскажувач, драмски автор и невропсихијатар[2]
;Починале
- Георги Корубинов, македонски револуционер
Култура и спорт [уреди]
Иселеништво [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ „Осветување на новоподигнатата црква на Св. пророк Илија во Владимирово“ (на македонски). МПЦ - ОА. 31.07.2005. http://www.mpc.org.mk/mpc/se/vest.asp?id=912. проверено на 2011-01-23.
- ↑ „Ненадејно почина д-р Михаил Левенски“ (на македонски). А1. 29.09.2010 13:54. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=128058. проверено на 2010-09-29.
Надворешни врски [уреди]
- Владимирово - репортажа
|
|||||||