Будинарци

Координати: 41°45′51″N 22°46′32″E / 41.76417° СГШ; 22.77556° ИГД / 41.76417; 22.77556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Будинарци

Поглед на селото Будинарци

Будинарци во рамките на Македонија
Будинарци
Местоположба на Будинарци во Македонија
Будинарци на карта

Карта

Координати 41°45′51″N 22°46′32″E / 41.76417° СГШ; 22.77556° ИГД / 41.76417; 22.77556
Регион  Источен
Општина  Берово
Област Малешевија
Население 469 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2332
Повик. бр. 033
Шифра на КО 01002
Надм. вис. 848 м
Будинарци на општинската карта

Атарот на Будинарци во рамките на општината
Будинарци на Ризницата

Будинарци — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Уредено корито на потокот низ селото

Селото се наоѓа во Источна Македонија, во северозападниот дел на територијата на Општина Берово, до самиот десен брег на реката Брегалница и тоа на местото каде реката ја напушта котлината и навлегува во клисурниот дел кон селото Митрашинци. Атарот на селото е мошне голем и се протега до југоисточната падина на планината Плачковица, зафаќајки простор од 46,4 км2. Селото е рамничарско, на надморска височина од 780 метри и се наоѓа на самиот регионален пат Берово-Виница, а од градот Берово е оддалечено 12 километри. На него преовладуваат шумите на површина од 2.703,8 хектари, на пасиштата отпаѓаат 927,9 хектари, а на обработливото земјиште 771,9 хектари.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

За настанокот на селото има легенди со мала веројатност. Пишуваните податоци датираат од турскиот период, а такви се пописните тефтери од 1579 и 1570 година со име „Будинашци“. Во тефтерот од 1519 година, Будинарци има 45 домаќинства, а 1570 година има 52 семејства. Според статистиките на Косовскиот вилает од 1894, Будинарци имало 90 македонски куќи, а во 1900 г. има 800 жители христијани.

Во XIX век, Будинарци било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров за селото Будинарци запишал дека е село со 80 македонски куќи е расположено на десниот брег на Брегалница ½ час на југоисток од Митрашинци[3]. Жителите се издржувале најмногу од земјоделство и сточарство, а некои оделе и во туѓина како столари[3]. Во Будинарци, Митрашинци и Мачево се зачувало предание дека нивните прадедовци живееле во куќички направени над реката за да се чуваат од дивите ѕверови со кои изобилува околината[3]. Куќичките биле градени на колци во водата и од нив до сувото на брегот имало подвижни мовчиња кои ноќно време ги дигале, а преку денот ги поставувале[3]. Се хранеле повеќе со риба која ја ловеле со „саци“[3].

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втроата светска војна.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото во основа има мешовита земјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948839—    
1953861+2.6%
1961881+2.3%
1971857−2.7%
1981783−8.6%
ГодинаНас.±%
1991732−6.5%
1994714−2.5%
2002682−4.5%
2021469−31.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Будинарци имало 800 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Будинарци имало 640 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[7]

Во 1961 година селото броело 881 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 714 жители, од кои 711 Македонци и 2 Срби.[2] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 682 жители, од кои 627 Македонци и 1 Србин.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 469 жители, од кои 462 Македонци, 1 останат и 6 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 800 640 839 861 881 857 783 732 714 682 469
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед на основното училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Будинарци, каде Будинарци било единствено село во општината.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Будинарци се наоѓале градот Пехчево и селата Митрашинци, Негрево, Робово, Умлени, Црник и Чифлик.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0008 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на домот на културата.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 465 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на повеќе споменици посветени на НОБ
Археолошки наоѓалишта[18]
Цркви[19]
  • Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква, изградена во 1854 година; во црквата се наоѓало ќелијно училиште
Споменици

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Будинарци
Починати во Будинарци

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 43. Посетено на 18 февруари 2017.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 425. ISBN 978-608-245-113-8.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 февруари 2017.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „ОУ „Дедо Иљо Малешевски". македонски: Општина Берово. Посетено на 8 јануари 2017.
  15. „Клон с. Митрашинци“. Градинка 23 Август Берово. Берово. Архивирано од изворникот на 2016-10-29. Посетено на 18 февруари 2017.
  16. „Описи на ИМ“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2021.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]