Михаил Левенски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Михаил Левенски (Владимирово, Беровско, 10 ноември 1942 - Скопје, 28 септември 2010) — македонски поет, раскажувач, драмски автор, хуманист, филозоф и невропсихијатар.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Левенски е роден во с. Владимирово, Беровско на 10 ноември 1942 година. Завршил Медицински факултет во Скопје и специјализирал невропсихијатрија. Работи во Здравствениот дом на Скопје. Преку трибините, радиото, телевизијата и печатот, се докажа како неуморен хуманист и фанатичен поборник на вистината, правдата и човековото достоинство. Од тие, беспоштедни пресметки, освен во професијата, создаде и повеќе книжевни дела, радио и ТВ драми и сценарија за филмови. На љубителите на пишаниот збор им ги подари книгите: Стрниште, Досилување, Макадам (раскази, 1987), Како да станам свој (студија, 1991), Магија (радио драма, 1994), Од утробата на гневот (раскази, 1995), Лош препис од оригиналот з. (поезија, 1996), Создавање на светот во мене (поезија, 1997), Истрели во сонот на Марија (телевизиска драма, 1998), Виделинки (мудрости, 1999), Кажи ми тато (поезија за деца, 2000). Починал на 28 септември 2010 година во Скопје. Ликот и делото на Д-р Михаил Левенски продолжува да живее преку фондација со неговото име на 70 годишнината од неговото раѓање. На 10 ноември 2012 година, во Драмскиот театар во Скопје во присуство на семејството и многубројни пријатели и поддржувачи на делото на Левенски се одбележа 70 години од раѓањето на Михаил Левенски со основање на фондација. [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 139.
  2. „Ненадејно почина д-р Михаил Левенски“. А1. 29 септември 2010 13:54. Посетено на 2010-09-29. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)