Могила

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Могила
Могила се наоѓа во Македонија
Могила
Могила (Македонија)
Координати 41°06′29″ СГШ 21°22′42″ ИГД / 
Регион Битолско Поле
Општина Општина Могила
Население 1526
Надморска височина 567
Flag of Macedonia.svg Портал:Македонија Flag of Macedonia.svg


Могила е едно од најголемите битолски села, а воопшто и пелагониски. Се наоѓа во средишниот дел на Битолското поле и е седиште на истоимената Општина.

Содржина

Географиja и местоположба [уреди]

Могила лежи непосредно на патот Прилеп - Битола, а од Битола е оддалечена 12 километри. Селото е рамничарско и лежи на надморска височина од 583 метри.

Историja [уреди]

"Чепик" бил македонски древен град кој се наоѓал на два часа оддалеченост од градот Битола, на неговата северна страна, сместен во атарот на селото Могила во месноста викана Висои. На ова место македонските големодостоинственици и владари од околниот регион граделе големи дворови каде што ги минувале часовите за одмор и рекреација.[се бара извор]

Овој викенд град се наоѓа на просторот од некогашниот чифлик на битолскиот првак Емин ага. Овде, на утрината, непосредно до изворот Смрдеш, римскиот војсководител Павле Емилие ја одмарал својата војска составена од 40.000 пешаци и 10.000 коњаници два дена. Утрината како вакавско земјиште и изворот Смрдеш (името го добил по јакиот мирис-смрдеа на водата) постојат и ден денес. Историјата памети дека оваа војска на Павле Емилие при нејзиното враќање порушила во Македонија и Епир 72 града, а нивното становништво го однела во ропство. На овој простор постојат уште два извори со здрава вода за пиење. По капацитет најсилен е изворот Петилеп, потоа доаѓа изворот на местото каде што некогаш беше бачилото на семејството Ѓаваштан, па потоа Смрдеш. Така, на овој простор овие три извори формираат некаков вид на водена пирустија.[се бара извор]

Економија [уреди]

Могила има исклучително полјоделска функција, а во селото се наоѓаат и Централно основно училиште Гоце Делчев, пошта, две амбуланти, ветеринарна станица, Дом на Култура.

Демографија [уреди]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Могила живеат 1.526 жители, од кои сите се Македонци.

Општествени институции [уреди]

Администрација и политика [уреди]

Културни и природни знаменитости [уреди]

Редовни настани [уреди]

Личности [уреди]

Починале

Култура и спорт [уреди]

За културно забавниот живот се грижат самите могилчани преку локалната власт, организирани во КУД „Димче Могилчето“, угостителските објекти, особено кафе „Passage“ кој од 1996 година се грижи за културно-забавниот живот на младите могилчани. Во селото егзистира и ФК „Стрела“ кој се натпреварува во Битолската локална лига, а секое лето, веќе 30 години благодарение на могилските ентузијасти се организира летниот турнир во мал фудбал.

Училишта [уреди]

Иселеништво [уреди]

Од село Могила се исселиле голем број на луѓе во минатото, посебно во текот на 60-тите години. Најголем број се населиле во градовите Мелбурн и Сиднеј во Aвстралија, Њу Џерси во САД, Торонто во Канада, Минхен и Франкфурт во Германија, Малме и Гетеборг во Шведска.

Надворешни врски [уреди]

Извори [уреди]

  1. Софиска Народна библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“, белешки: к. 42, а.е.66, л. 33-50.