Горан Алачки

Од Википедија — слободната енциклопедија

Горан Алачки — познат македонски хармоникаш и композитор претежно на фолк-музика. Роден е во Пожаревац (Србија) во македонско семејство. Почнал да свири хармоника од својата 7. година. Тој има многу компонирани авторски песни и хитови (Дојди ми Лено на перниче бело, Драган МијалковскиВаландово фолк-фест 1989), Што за светот што за децата, Меланхолија, Парче од Европа (Тоше ПроескиНационален евросонг 2004), и многу ора и други композиции.

Горан Алачки бил член и на групата на Драги Митев (познат кларинетист) „Драги Митев“, а има свирено со многу познати естрадни уметници како што се Влатко Стефановски, Стинг, Елтон Џон, Оливер Драгојевиќ, Џибони, Луис, Адријана и Ирена, и многу други.