Долнополошки дијалект
Од Википедија, слободната енциклопедија
Долнополошкиот или тетовски дијалект (локално познат како тетоски) е дијалект на македонскиот јазик. Дијалектот спаѓа во групата на западни дијалекти од северното наречје. Долнополошкиот дијалект се зборува во тетовската околина, поточно во градот Тетово, општина Јегуновце, општина Брвеница со околните села. Дијалектот е сличен со горанскиот дијалект и со скопскоцрногорскиот дијалект. Главна карактеристика на дијалектот е зачестена употреба на предлогот у, замена на самогласката а со самогласката у и користење на -е како множински суфикс.
[уреди] Фонолошки карактеристики
- старото вокално л е заменето со групите у/ лу/ ла: јаболко > јабука , солза > слăза;
- употреба на самогласката а наместо е: трева > трава ;
- употреба на ă наместо јерот: лаже > лăже ;
- употреба на у наместо црковномакедонското ОН: пат > пут [1]
[уреди] Морфолошки карактеристики
- употреба на суфиксот -мо за прво лице множина: одиме > одимо
- непчаното Ј пред буквата Е на почеток на збор: јазик > језик
- согласната група мн е заменета со согласната група мл: многу > млогу
- употреба на предлогот у: во град > у град [2]
[уреди] Наводи
|
|||||||||||||||||||||||||||||||