Димитар Поп-Георгиев Беровски
Оваа страница е заштитена од понатамошни измени додека содржината на текстот не се разреши на страницата за разговор.
За да ги видите претходните верзии, кликнете на врската историја.
| Димитар Поп-Георгиев Беровски | |
| македонски револуционер | |
| Роден | 1840 Берово, Отоманска Империја |
|---|---|
| Починал | 19 декември 1907 краj Долна Граштица, Бугарија |
Димитар Поп-Георгиев Беровски (1840-1907) бил македонски револуционер.[1][2][3][4][5][6] Во Бугарија се смета за бугарски револуционер[7][8]. Димитар Поп-Георгиев Беровски организатор и раководител на Разловечкото востание и учесник во Кресненското востание. Бил близок соработник на Гоце Делчев [9].
Содржина |
[уреди] Животен пат
Учел духовна семинарија во Одеса во 1858 година, но морал да ја напушти поради својот бунтовен карактер. Преминал во Србија во 1861 година, каде ја завршил Белградската воена школа. Учествува во Првата бугарска легиjа, раководена од Георги Сава Раковски.[10] Враќајќи се дома, служел како бугарски учител[11].
Од 1875 година целосно се посветил на револуционерна работа и ослободувањето на Македонија од турското ропство. Истата година во Солун формира кружок на заговорници-истомисленици, а во 1876 во Малешевско го организирал и раководел со Разловечкото востание , подоцна задушено од Турците. По двегодишно крстосување со четата во 1878 година го подигнал Кресненското (Македонското) востание кое имало за цел да се прошири на целата територија на Македонија. Кога и ова востание не успеало, Димитар Поп-Георгиев Беровски се префрла во Бугарија која тогаш веќе била ослободена и оттаму ги помага акциите за ослободувањето на Македонија. Димитар Поп-Георгиев Беровски како бугарски пратеник од Македониjа учествувал во работата на Собранието на Кнежеството Бугариjа со цел за за припоjување на Македониjа и Обединета Бугариjа.[12]
Воедно, Димитар Поп-Георгиев бил и иницијатор за обнова на Охридската Архиепископија, преку Унија на христијаните Македонци со Ватикан. Бил еден од најдобрите соработниците на унијатските владици Нил Изворов и Харитон, кои во 1874 г. ги отцепиле од бугарската црква мали делови од серската, мелничката, струмичката, воденската, кукушката и солунската област и ги приврзале кон Ватикан и т. нар. Втора Бугарска униja.[13][ˣ 1][ˣ 2][ˣ 3]
Од јуни 1880 година до 10 јануари 1881 година Беровски е околиски началник на град Радомир, подоцна e назначен за окружен началник на Ќустендил, подоцна е околиски началник на град Цариброд.[14]
[уреди] Српско-бугарска војна (1885)
Беровски учествува во Српско-бугарската војна со четата на Дедо Иљо Малешевски, која на 4 ноември 1885 година влегува во составот на Радомирскиот одред на бугарската војска. За заслуги во војната е награден со „Орден за храброст“.[15]
[уреди] Белешки
- ↑ Во Османлиската империја не постоел редовен ситем за попис на населението со утврдени методи и принципи како во западноевропските држави. Осмaнските власти го евидентирале само машкото население и тоа не по национална основа туку по вероисповед. Мажите муслимани биле запишувани поради воената обврска, а христијаните поради даноците. Меѓутоа постоеле еден вид на матични книги т.н нуфуз дефтери во кој биле запишувани датумот на раѓање, името, името на родителите и презимето, меѓутоа од нуфузите не може да се утврди националниот состав на населението во Македонија. Под графата Муслимани биле запишувани: Турците, Циганите, исламизираните Македонци, Арнаутите, Черкезите, Арапите и други, односно припадниците на муслиманската вероисповед. Во графата Рум Милет (Грци) биле запишувани сите православни христијани во Отоманската империја кој биле под духовна јуриздкција на Цариградската патријаршија, тука спаѓаат македонците-патријаршисти кој биле нарекувани и како Грци. Христијанското населние кое било под духовна власт на Бугарската егзархија било запишувано како Бугар милет, тука спаѓаат македонците-егзархисти кој биле нерекувани како Бугари. Од национален аспект само за Евреите постоела посебна графa како Јауди, но и тука имало исклучок. Евреите муслимани биле впишувани како Турци, види: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
- ↑ Македонската национална свест во 19 и почетокот на 20 век бил слабо развиена. Тоа го потврдуваат повеќе странци: Сеќавањата за минатото потполно исчезнале и кај селаните останале само нејасни преданија за дамнешната слобода која тие ја уживале. Во едно зафрлено село во близината на Охрид, во кое нема ни учител ни свештеник, а неговите жители незнаат ниту да пишуваат ниту да читаат, говорев со неколку дечиња за да дознаам колку тие знаат за минатото. Ги однесов кај едно осамаено и необично закосено ридче на чиј врв се наоѓа руините на бугарскиот цар, тие се наоѓаат над езерото и долината. Кој го изградил ова? Ги запрашаав. Одоворот беше впечатлив: Слободните луѓе. А кој биле тие? Нашите дедовци. Да ама дали тие биле Срби, Бугари, Грци или Турци? Не, не биле Турци, тие биле христијани. И тоа беше изгледа се што тие го знаеа, види: Доживувањата на Х. К. Бреилсфорд, Во Македонија не се поистоветуваат со својата нација (1905). Од друга страна пак повеќето странски пропаганди на територијата на Македонија го попречувале национално-конститутивниот процес на Македонците, види: Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници, д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006, Слобода или Смрт, д-р Ванчо Ѓорѓиев, Скопје 1997, Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
- ↑ По создавањето на Бугарската егзархија Македонците не се откажало од стремежот за обнова на Охридската архиепископија. Во првата половина на 70-те години на 19 век силна активност пројавило солунското граѓанство. Борбата за обнова на Охридската архиепископија влегла во нова етапа кога кон движењето се придлужил епископот Нил Изворов. Тогаш солунската црковно-училишна општина писмено се обратила кон останатите македонски општини како и до македонската колонија во Цариград, во ова обраќање солунската општина побарал останатите да се изјаснат по прашањето за обнова на Охридската архиепископија. Општините соодветно на ова обраќање дале свој одговор, а македонската колонија од Цариград на чело со Харитон Карпузов, застанале на гледиштетото дека само преку создавање на: самостојна македонска црква може да се реши македонското црковно и национално прашање. Со цел да се обнови Охридската архиепископија, солунската општина свикала собир на преставници од Македонија. Средбата се одржала на 28 декември 1873 година, а на неа присуствувале преставници на 6 јужномакедонск општини: Солунската, Воденската, Струмичката, Дојранската, Кукушката и Малешевската, види Отпор на Македонците кон туѓите пропаганди
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
[уреди] Белешки
- ↑ Preface The first page of the constitution of the Kresna Macedonian Uprising in 1878.The Prescripts of the Macedonian Rebel Committee were formulated, it is believed, at the beginning of the second phase of the Macedonian uprising in Kresna. The commander of headquarters, Dimitar Pop Georgiev, was again among the rebel ranks when the capital document was drawn up. They proclaimed the social, national, and philosophical aims of the uprising. They were the logical expression of the theretofore subjugated Macedonian nation, a declaration of cultural and educational emancipation, of individualization, of independence, and of cooperation with other Balkan peoples,... The first Constitution of Macedonia - Kresna 1878 by The Macedonian Rebel Committee
- ↑ Писмо од горноџумајскиот македонски револуционерен комитет, 9 октомври 1878 . A.Калмиков.
- ↑ Indication why the Uprising (The Razlovci Uprising at first place, 1876) failed is given in the “Macedonian Knot“, written by Hans Lothar Steppan on page 40: “The Macedonian Leader of this Uprising (Razlovec), Dimitar Pop Georgiev was not granted an audience in St. Petersburg, when he was there to ask for an Russian assistance. ”, The Aims of the Macedonian Uprising Article 208
- ↑ Тој е еден самосвесен Македонец, интелектуалец (се школувал во Солун, Одеса, Белград) кој уште тогаш предупредувал дека доколку не добиеме подршка од папата, од Католичката црква, како најорганизирана институција во светски рамки во тој период, евидентно Македонија ќе биде изложена на делби на соседните христијански “браќа”. Токму затоа, токму Беровски, воопшто не е афирмиран (краден) во бугарската историографија. Одбегнуваат да го споменат., Проф. д-р Виолета Ачкоска
- ↑ Кресна и Разлог
- ↑ Биографија на Беровски
- ↑ Писмо на Димитър Беровски од Ќустендил — внук на Димитър Попгеоргиев Беровски, до редакциjaта на в. Поглед”[1]
- ↑ Беровски, Д., Димитър Попгеоргиев Беровски - живот и дело, София, 1986, Издателство на Отечествения Фронт, стр. 215 Документ "Автобиография на Димитър П. Георгиев, изпратена в МВР през 1881 година когато е околийски началник в Радомир"
- ↑ Димитар Димески, Гоце Делчев, Јубилејно издание 100 години од смрта на Гоце Делчев (1903-2003), Матица македонска, Институт за историја - Филозофски факултет Скопје, 2003
- ↑ Беровски, Д., Димитър Попгеоргиев Беровски - живот и дело, София, 1986, Издателство на Отечествения Фронт
- ↑ Гоцев, Славе. Национално-революционни борби в Малешево и Пиянец 1860–1912, София 1988, с. 26
- ↑ Credentials for the participation of Bulgarians from Macedonia in the Constituent Assembly of the Principality [2]
- ↑ Писмо од П. Р. Славејков
- ↑ Беровски, Д., Димитър Попгеоргиев Беровски - живот и дело, София, 1986, Издателство на Отечествения Фронт, стр. 94
- ↑ Беровски, Д., Димитър Попгеоргиев Беровски - живот и дело, София, 1986, Издателство на Отечествения Фронт, стр. 106