Дедо Иљо Малешевски

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај

Оваа страница е заштитена од понатамошни измени на анонимни корисници, поради сомнителни придонеси на анонимни корисници кои треба да се дискутираат на страницата за разговор.
За да ги видите претходните верзии, кликнете на врската историја.

Илија Марков Поп-Георгиев
македонски револуционер
Роден 28 мај 1822
Берово, денес Република Македонија
Починал 17 април 1898
Ќустендил, Бугарија

Илија Марков Поп-Георгиев или Дедо Иљо Малешевски, познат и како Иљо Војвода е македонски национален револуционер (28 мај 1822, Берово - 17 април 1898, Ќустендил). Учесник е во Разловечкото (1876) и Македонското (Кресненско) (1878) востание. Тој учествувал во секоја војна против Турската власт, борејќи се и на Српска и на Руска страна. Доделен му е медал за заслугите во Руско-турската војна, во која војна учествува со отред кај Ловешко. Во Српско-бугарската војна четата на Дедо Иљо, која на 4 ноември се присоединува кон Радомирскиот отред набројува 120 души[1]. За заслуги во војната е награден со највисокото воено одликување во Царство Бугарија - златен „Орден за храброст“. Се борел цел живот во разни битки сѐ до крајот на XIX век, умирајќи од старост.

Извори

  1. Венедиков, Й., История на доброволците от Сръбско-българската война 1885 година, София, 1985, Издателство на отечествения фронт
Лични алатки
Други јазици