Македонска Каменица
| Македонска Каменица | |
|---|---|
Македонска Каменица |
|
| Mестоположба | |
Македонска Каменица на картата на Македонија |
|
|
Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2) |
|
| Општи податоци | |
| Име: | Македонска Каменица |
| Поштенски бр.: | 2304 |
| Повикувачки бр.: | (+389) 033 |
| Автомобилска ознака: | ŠT |
| Портал: | mkamenica.gov.mk |
| Историја | |
| Стари имиња: | Каменица |
| Камена река | |
| Управа | |
| Држава: | |
| Регион: | |
| Општина: | |
| Градоначалник: | Дарко Митревски |
| Географија | |
| Површина: | 14,3 |
| Надм. височ.: | 540 м |
| Население | |
| Население: | 5.147 |
| Образование: | |
| Етнички групи: | Македонци |
Македонска Каменица е град во источниот дел на Република Македонија. Градот се наоѓа во подножјето на Осоговските планини на нивната јужна падина. Познат е како рударски град. Најпознатиот македонски рудник за олово и цинк Саса е во неговата непосредна близина. Како град е прогласена во 2004 г. Седиште е на истоимената општина, која зафаќа површина од 19.037 ха, има 9 населени места со 8.110 жители. Македонска Каменица според пописот од 2002 година имала 5.147 жители.
Содржина |
Потекло на името [уреди]
Името Каменица потекнува од зборот река, неговото занчење е “вода што тече во каменито корито”. Во минатото името на селото е документирано во еден запис од 1566 година, како Камена Река,[1] од која потекнува и првиот познат македонски печатар Јаков, кој во 1566 г. печати свои книги во Венеција.
Историја [уреди]
За прв пат Каменица се спомнува во турските записи, како село во 1570-1573. Градот е основан пред 1950 година, којшто во почетокот бил само населба за рударите, који работеле во рудникот Саса. Во времето кога подрачјето било под српска власт, обновено е рударењето во старите римски рудници. Подрачјето го населиле рударски племиња Саси, кои се доселиле од Унгарија и Германија. Името на рудникот Саса е добиено по нив.
Во 14 век, подрачјето влегува во состав на кнежеството на Константин Дејановиќ, по неговата смрт потпаѓа под турска власт. Во втората половина на 16 век се јавува ајдуштвото како форма на отпор, поради поволниот планински регион. Од подрачјето на Македонска Каменица позната е четата на војводата дедо Иљо Малешевски и Румена Војвода.
Географија [уреди]
Македонска Каменица се наоѓа во источниот дел на државата, во јужното подножјето на Осоговските планини, во Пијанчката котлина. Преку градот течат реките Моштица и Косевичка Река, а во близина и реката Брегалница.
Преку градот поминуваат магистралниот пат „М-5“ и регионалниот пат „Р-208“, кои се врска со останатиот дел на државата и со рудникот Саса.
Население [уреди]
Македонска Каменица според пописот од 2002 година имала 5.147 жители, кои по етнички состав се:
- Македонци - 5.096 (99,01%)
- останати - 51 (0,99%).
Градот има 2.437 индивидуални домаќинства и 2.971 станови. Во 1570-1573 година во селото Каменица биле запишани 80 семејства и 59 неженети лица.[2]
Клима [уреди]
Климата во подрачјето на Македонска Каменица е умерено континентално-планинска. Врнежите се распоредени нееднакомерно. Градот има природно мешана шума од вид на даб, багрем и бор и квалитетна вода за пиење.
Култура [уреди]
Во Македонска Каменица има едно основно училиште ОУ "Кирил и Методиј", во чиј дел спаѓаат и подрачните училишта од околината, едно средно училиште СОУ “Миле Јаневски-Џингар“, здравствен дом „Македонска Каменица“, кино сала, која служи за сите поголеми културни случувања, библиотека со 6.500 книги, дом на култура и центар за културно уметничка издавачка дејност.
Медиумски е покриен со една радио станица „Радио Македонска Каменица“ и кабловска телевизија „Кам-Сат“.
Спорт [уреди]
Во градот настапува ФК „Саса“, кој сега се натпреварува во регионалната лига, но во минатото бил дел од првата македонска фудбалска лига. Градот има стадион со капацитет за 2.000 гледачи и градски парк.
Стопанство [уреди]
Главна стопанска дејност на населението е рударството, покрај рудникот Саса, во градот работат и текстилни погони и цинкара. Од земјоделството застапено е собирањето на различни шумски плодови, габи, сечата на дрва за огрев и мебел, а во градот работат и повеќе продавници. Меѓу поголемите погони во Македонска Каменица се: „МИ-Саса“, „Цинкарна“, „Таматекс“, „Лука“ и „Текстил-М“.
Надворешни врски [уреди]
Извори [уреди]
|
|||||||