Неџми Мехмети

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Неџми Мехмети (албански: Nexhmi Mehmeti, Дебар, 1945 - Скопје, 4 јули 2005) бил македонски писател и новинар, еден од доајените на новинарството на албански јазик во Македонија[1].

[уреди] Биографија

Роден е како Неџми Абдулаи[2] во Дебар во 1945 година. Основно и средно образование завршил во Дебар. Кратко време работел како учител, а потоа 30 години како новинар во Радио Дебар, каде од 2002 бил и директор на истото. Бил дописник на македонските весници на албански јазик „Флака“ и на „Рилиндја“ од Приштина. Пишувал поезија за возрасни. Добитник е на значајни награди на фестивалот на „Денови на Македонското радио“. Има објавено повеќе збирки-поезија. Тој е еден од основачите на дебарскиот литературен клуб каде бил и негов потпретседател. Учествувал е на повеќе поетски манифестации, меѓу кои и на Струшките вечери на поезијата. Починал во Скопје на 4 јули 2005 година[2].

[уреди] Библиографија

  • „Да ти кажам еден збор“.

[уреди] Наводи

  1. (на македонски) „Македонска енциклопедија“. 2 (прво издание). Скопје: МАНУ. стр. 943. ISBN 978-608-203-024-2. 
  2. 2,0 2,1 Последен збор . . . Неџми Абдулаи 1945- 2005, новинар“, Утрински Весник. Проверено на 2009-12-14. (на македонски)
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник