Милан Панчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милан Панчевски
13-ти Претседател на ЦК на СКЈ
На должноста
17 мај 1989 – 30 јуни 1990
Претходник Стипе Шувар
Наследник партијата е распуштена
Лични податоци
Роден(а) мај 16, 1935(1935-05-16)
Дебар, Југославија
Починал(а) јануари 9, 2019(2019-01-09) (возр. 83)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Партија Сојуз на комунистите на Југославија

Милан Панчевски (роден на 16 мај 1935 во Дебар - починал на 9 јануари 2019 година) — поранешен македонски и југословенски висок комунистички функционер. Завршил Факултет за политички науки во Белград. Останал запаметен како последен претседател на Сојузот на комунистите на Југославија. Член на Сојузот на комунистите на Југославија станал во 1957 година.