Јабланица

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија се однесува за планината Јабланица. За други значења видете Јабланица (појаснување).


Јабланица
Jablanica Gorna Belica.jpg
Поглед на Јабланица од с. Горна Белица
Надм. вис. 2.257 м 
Матичен врв Црн Камен
Местоположба
Јабланица се наоѓа во Македонија
Јабланица
Местоположба на Илинска Планина во Македонија
Место Македонија Македонија
Координати 41°12′05″ СГШ 20°32′49″ ИГД / 

Јабланицапланина во југозападниот дел на Македонија, помеѓу Охридско-струшката и Дебарската Котлина, западно од реката Црн Дрим и брегот на Охридското Езеро. Највисок врв е Црн Камен, со 2.257 м. Еден дел од планината лежи во Албанија. Планинскиот гребен е повисок од 2.000 м за приближно 50 км, а највисокиот дел, сместен во самото средиште на планината, е висок 2.257 м.

До планината може да се стигне преку Вевчани што се наоѓа на подножјето на планината. Оддалечена е 14 км од Охридското Езеро и градот Струга. На Македонија ѝ припаѓаат источните планински страни, а западните на Албанија. Се протега во меридијански правец (35 км), а најголемата широчина во Македонија изнесува 7,5 км. На македонска страна зафаќа површина од 255 км².

Јабланица ужива популарност кај планинарите, кои често ја посетуваат. Покрај тоа, на планината се гради и скијачки центар.[1]

Геологија[уреди]

Ова е млада венечна планина, образувана со тектонските олигомиоценски движења. Геолошкиот состав е претставен со палеозојски шкрилци кои се во падината, а преку нив лежат тријаски варовници. Во релјефот доминираат високи врвови, пространи површини, длабоки речни долини, карстни и фосилни леднички облици.

Врвови повисоки од 2.000 м се: Стрижак (2.233 м), Крстец (2.186 м) и Чумин Врв (2.125 м). За време на ледениот период, високите делови биле зафатени cо интензивна глацијација. Трагите од глацијацијата се претставени со пет фосилни циркови во кои се наоѓаат четири леднички езера.

Ресурси[уреди]

Планината е богата е со вода, а меѓу изворите најпознати се Вевчанските. Од рудно богатство има јаглен кај селото Пискупштина.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Ќе се гради зимски центар на Јабланица“, Нова Македонија, 13 октомври 2013 (конс. 2 март 2014).

Надворешни врски[уреди]