Туризам
Од Википедија
| Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
- Под туризам обично се подразбира чинот на патување со рекреативна цел, како и провизијата на услугите за овој чин. За турист се смета секој што патува барем 50 километри од својот дом, според дефиницијата на Светската Туристичка Организација (тело на Обединети Нации).
[уреди] Дефиниција
- Туризмот претставува појава која остава се поголем печат во сите сфери на нашето општество. Тој претставува своевиден феномен на современото општество и современата цивилизација. Од ден во ден зазема се повисоко и позабележително место во општествената практика и се смета за една од најмасовните појави во историјата на човечкото постоење. Ваквата масовност на туризмот се јавува поради динамичноста во економскиот и општествениот развој. Овие карактеристики го дефинираат туризмот како феномен на современиот развој, кој ги опфаќа речиси сите сфери на општеството. Поради својата огромна обемност, туризмот е проучуван од многу аспекти се со цел да се овозможи полесно согледување на појавите, односите и закономерностите кои постојат кај него.
[уреди] Номиналистички дефиниции
Номиналистичките дефиниции се дефиниции кои го означуваат туризмот преку значењето на овој термин и се блиски до синонимните дефиниции. Овие дефиниции се застапени кај поголем број германски афтори кои го земаат терминот ``der Fremdenverkehslehre`` (туризам) како основа за толкување. ``FREMD`` е термин кој се однесува на лица кои учествуваат во патувањето и кои привремено престојуваат во некое место додека ``verkehr`` означуваат сообраќај како `` совладување на просторот``, односно патување од местото на постоење зивеење до некое др. место. Класична дефиниција од овј вид е дефиниција на Р. Гликсман кој турирмот го дефинира како `` совладување на просторот `` односно патување од местото на постоено живеење до некое др. место. По своја потреба номиналистичките дефиниции се доста тесни и неможат да ја опфатат целината на проблемот.Овие дефиниции се сведуваат на една од компонентите на туризмот. Со овии дефиниции не се прифатени функционалните каректеристики на туризмот. Глисмановата дефиниција туризмот го сведува на миграторна појава. Туризмот го поистоветува со туристичко движење, а јасно е дека се работи за значитлно поширока категорија.
[уреди] Економски дефиниции
- Овие дефиниции како основа за одредување на поимот туризам го земаат неговиот економски карактер. Овде туризмот се сваќа како плод на економски карактер . Туризмот се сваќа како плод на неекономски прогрес. Тој се набљудува како стопанска дејност, а при дефинирањето во прв план е туристичката потрошувачка.Самите дефиниции во прв план е туристичката потрошувачка. Самите дефиниции ги објаснуваат релациите помеѓу потрошувачите на туристичките дејности и услуѓи кои овозможуваа задаволување на туристичките потреби. За М. Мази `` туризмотѕ е специфичен вид на потрошувачка кој настанал со пораст на доходот на ниво коешто овозможува поголема потрошувачка од онаа што е нужна за обезбедување нормален живот во местото на постоено живеење.
- Третманот на потрошувачка со условеност на патувањето е присутен и кај англиските научници F.V.Ogilve I A.J.Norwal.Овие дефиниции за туризмот во оваа врска е мочне изразена. Германците пак J.Stradner I O. Romer туристичката потрошувачка ја сметаат за најважна категорија за дефинирање на поимот туризам.При третирањето на туризмот како стопанска дејност се користат и др. термини како сто се туристичка индустрија, туристичка трговија, патничка индустрија и др.Англиските афтори L. J. Lichorich I A. G. Kerschaw ja дефинираат патничка индустрија како ``дел од националната економија која се грижи за патникот кој посетува место во местата во кои постојано престојува ираб``. Тој е хетерогена група која е составена од голем бр. различни трговии и индустрии кои имаа заедничка функција да ги задоволот потребите на патниците. Наведените дефиниции, иако, во однос на номиналистичките прават извесе исчекор, сепак во потполнос не го определуваа овој феномен. Не е спорно дека туризмот има стопански карактер но тој неможе да се сведе на стопанска дејност.Устре помалку фактори кои го условуваат мозат да ја определат како исклучиво економска категорија. Дури ако се сака тој да се дефинира само во рамките на економската наука и тогаш можат да се земат предвид и другите компоненти кои не се од ваква природа. Усте помалку туризмот може да се подведе туристичка трговија, туристичка индустрија , а најмалку патничка индустрија. Туризмот не е индустрија и овој термин има преносно значење. Меѓутоа не е прифатлив ставот дека на задоволување на потребите на туристите не се грижат ``само врзаните трговии и индустрии`` туку и бројни друѓи чинители кои едноставо немаат стопански карактер.Затоа туристичката индустрија која се поистоветува со туризмот, како синоним неможе да се прифати. Тоа може да се користи само да ја прикажеме улогата на туризмот во економскиот развој, односно да се претстави нејзиното економско значење како стопанска практика.
Кога пак туризмот се сведува на потрошувачка треба да се каже дека , се прави двојна грешка. Прво, потрошувачката не е исклучиво одделена со економските можности на туристите кои би се фклучиле во туристичките движења. Во таа смисла насоченоста на личноста и семејната потрошувачка зависи и од др. фактори.Тоа не значи дека сите што имаат економски можности би се фклучиле во оваа активност. Со друѓи зборови, туристичката потрошувачка може да биде условена и од индивидуалните наклоности, желби, убедувања и знаења.
- Потрошувачката не може да биде главна карактеристика и со оглед на тоа де ка тоа е последица, а не причина на туристичката активност. Туристичката потрошувачка е плод на промената на местото на туристите и нивниот престој. Значи се работи за една неспорно важна компонента на туризмот. Меѓутоа таа не е доминантна, бидејќи се работи за обусловена категорија.
[уреди] Статистички дефиниции
- Статистичките дефиниции на туризмот служат за да се овозможи статистичко евидентирање и следење на неговите елементи.Од овие дефиниции и не мозе да се очекува да ги објасанат оричинско-последичните врски и мегузависности во туризмот.Нив ги интрерсираат оделни категории кои ја сочинуваат туристичката дејност.Во тој поглед посебно се нагласува туристичкиот промет , односно посетеноста и престојот на туристите, туристичката потрошувачка и рецептивните капацитети.
- Комитетот за статистика при друството на народите 1937год. поимот турис го објаснува на следниот начин:``турис е секое лице кое пристојова во сместувачки капацитети или ја минало границата на една земја и како такво се впријавило во слузбената статистика``.
- Се работи за доста ревитализирана дефиниција бидејки со неа се опфаќаат како туристи кои сакаат да се определат.
- Државната статистика на Р.Македонија туристот го дефинира како:``секое лице кое привремено престојува во некое место надвор од своето место на живеење и таму преноќува барем еднна ноќ во угостителски или др. објект за сместивање``.
- Според тоа статистиката ги опфаќа сите кои што пренокуваат барем една ноќ што внесува голема доза на забуна и непрецизност. На овој начин се ревитализираат другите категории бидејќи произлегуваатод карактерот на туристичкиот промет.
[уреди] Универзални дефиниции
- Универзалните дефиниции овозмозуваат да се согледа комплексностста и хетерогеноста на туристичкиот феномен.Тие предираат да ја објаснат вкупната сложеност на туризмот .Од овие дефиниции најкористена ,а и најприфатена во научните кругови е дефиниција на W.Hunziker I K.Krapf која гласи ``Туризмот е збир на односи и појави кои произлегуваат од патувањето и престојот на во едно место , доколто тоа не значи постојано населување и доколку не са врзува за вршене стопанска дејност``.
- Ова дефиниција во 1954 год. е прифатена од страна на мегународното здружение на научните експерти за туризам.Тоа зборуба за важноста која ја има оваа дефиниција во туристичката теорија и пракас.
- Меѓутоа развојот на науката подразбира перманентно надоградуване на оваа дефиниција.во 1981год.мегународното здружение на научните експерти спровело анкета за потребата од преипитување на основната дефиниција на туризмот.Наова прешање одговориле 60 експерти.Само 14 членови на оваа организација зазеле став дека дефиницијата на Краф и Ханцигер не треба да се менува или надоградува.Останатите предлози различни варијанти кои сакале да ја подобрат универзалната дефиниција на туризмот и сложеноста и комплексноста на туристичкиот феномен попрецизно да се изрази.
- Овие сознанија ги презентира З.Јовочиќ.Тоаусте упатува на тоа дека туризмот не мозе да се сведе на движење како што не мозе да се изедначи со туристичката потрошувачка.Но ,значењето и на движењето и на потрошувачката во туризмот не е спорна.Затоа овој автор смета дека е ``сосема нормално``туристичката потрошувачка да се вклучи во основната деиниција на туризмо`т.тој ја дава следнава дефиниција:
- ``Туризмот е збир на односи и појави сврзани за движење и потрошувачка вон местото на постојано зивеење , а со цел задоволување на рекреативните потреби``.
- На овој начин во голема мерка се опфатени компонентите кои го определуваат туристичкиот феномен.Вака се воспоставуваат релациите меѓу движењето,престојот и потрошувачката со стопанските и нестопанските дејности.
- Во ова дефинициија покрај поврзувањето на туристичките движења и потросувачката значањо е потенцирањето на причините поради кој се преземаат туристичките движења и се врши туристичка потрошувачка.Тоа е задоволуване на туристичките потреби кои овој автор ги определува како рекреативни и културни,рекреативните и културните потреби се основните туристички потреби кој овој автор ги определува како рекреативни и културни.Рекреативните и културните потреби се основни туристички потреби сто не ги исклучува и другите потреби,затоа што туризмот претставува живот пренесен од една во друга средина.[1]
[уреди] Функции на туризмот
- Со оглед на тоа дека туризмот претставува комплексна појава карактеристично е неговото влијание. Така се јавува взаемен однос меѓу условеноста на туризмот и промените кои туризмот ги условува. Тој се одразува на чинителите од кои зависи, но претставува чинител на нови појави и односи. Функционалниот карактер на туризмот се изразува низ влијанијата кои ги има во просторната, економската, општествената и психолошката сфера. Неговата функционалност е содржана во универзалната дефиниција. Така збирот на појави и односи кои произлегуваат од патувањето и престојот упатува на тоа дека се воспоставуваат нови релации и содржини, влијанија кои се последица на одвивањето на оваа активност. Функционалниот карактер на туризмот треба да се набљудува низ призма на содржинските елементи, начинот на изразување и видовите на функции кои ги има.
[уреди] Функционални елементи на туризмот
- Под функционални елементи на туризмот подразбираме компоненти кои го сочинуваат овој феномен. Секој вид на туризам поседува специфични содржински карактеристики кои произлегуваат од значењето на неговите елементи. Тоа се следниве елементи:
- Патување
- Престој
- Потрошувачка
- Под туристичко патување подразбираме мобилен функционален елемент. Тоа е процес на совладување на просторот на емитуваната од атрактивната и рецептивната сфера. Патувањето како мобилен дел од туристичката активност се состои од три фази:
- Претходна
- Главна
- Повратна
- Овие фази се наоѓаат во меѓузависност. Ако главната етапа е подолга тоа значи дека претходната и повратната ќе бидат пократки и обратно. Траењето на претходната етапа зависи од содржината на главната етапа. Ако содржината е позабележителна туристите ќе се трудат по најкраткиот пат да дојдат до неа и да потрошат што е можно помалку време. Економските ефекти од оваа етапа се огледаат во фактот дека туристите во овој дел од патувањето поседуваат финансиски средства кои не почнале да ги трошат, така што можностите во оваа смисла се најголеми. Главната етапа на патувањето го опфаќа оној дел кој се однесува на просторот во кои се лоцирани содржините за задоволување на туристичката понуда. Повратната етапа се смета за најмалку важна во функционална смисла. Ова произлегува од тоа што во главната и претходната значително е остварена целта на туристите. Затоа повратната етапа се карактеризира со релативно поголема стабилност и мала подложност на промени. Се работи за релативно куси и неопходни задржувања во патувањето.
- Туристичката потрошувачка претставува значаен функционален елемент. Се дефинира како дел од финансиските средства кои се користат за задоволување на туристичките потреби. Тоа значи дека туристичката потрошувачка е во функција да овозможи да се оствари патувањето и престојот. Нивото нас потрошувачка се имплицира врз вкупните развојни карактеристики на туризмот. Тоа е функционална рамка на ефектите кои се постигнуваат со овој развој. Туристичката потрошувачка е присутна во сите фази на туристичката активност.
[уреди] Видови функции
[уреди] Забавна функција
- Во рамките на факторите на туризмот голем дел од вниманието е посветено на слободното време. Тоа е една од рамките кои ги рационализирале желбите. Но, исто така е карактеристично дека туристите вклучени во туристичката активност можат да се најдат во безделничарска состојба. Пријатност произлегува од одредена ангажираност на туристот за време на престојот. Така се отклонува здодевноста. Од нивото на влијание кое туризмот со своите карактеристики го врши врз туристите ќе зависи нивото на расположението. Многу е тешко да се одвојат содржините на забавен карактер од содржините на културно значење. Но тоа и не е потребно бидејќи и културната функција може да биде забавна. Појавата на здодевност и безделничење можат да продуцираат лепаргичност и депримираност што како вид на доживување има негативен одраз врз идниот развој на туризмот.
[уреди] Едукативна функција
- Во определувањето на туристичката активност констатиравме дека туризмот се темели на гносеолошката компонента. Туризмот овозможува само врз база на определени сознанија да се дојде откривање на егзактни содржини. Ваквите содржини овозможуваат унапредување на знаењата кои се поседуваат. Унапредувањето е насочено кон поткренување на теориските сознанија со веродостојна, апликативна и практична експликација. Исто така, едукативноста е содржана во користењето на туризмот во функција на нови откритија. Туризмот овозможува да се дојде до нови ставови за определени појави и односи. Научните сознанија се интерпретираат низ посебни манифестациски форми. Во таа смисла туризмот е незаобиколен фактор. Таквата организација се спроведува со помош на туристичките субјекти. Оваа функција се остварува преку организација на конгреси, конференции, советувања и други собири кои без сомнение имаат образовен карактер.
[уреди] Здравствено - рекреативна функција
- Здравствено - рекреативната функција произлегува од карактерот на задоволувањето на соодветни потреби. Зборувајќи за факторите на туризмот може да се констатира дека заморот како сублимат на различни влијанија претставува фактор кој ги тера луѓето да се вклучат во оваа активност за да можат да го отклонат.
- Рекреативната функција се изразува преку следниве компоненти:
- Одмор
- Освежување
- Закрепнување
- Здравствената функционалност може да се набљудува низ призма на:
- Превенција
- Лечење
- рехабилитација
[уреди] Психолошка функција
- Психолошката функција на туризмот се огледа во влијанието кое туризмот го врши врз психолошката состојба на човекот. Таа е присутна во сите фази и сфери на туристичката активност. Во подготвителната фаза размислувањата се насочени кон патувањето и престојот. Карактеристична е возбудата кај него. Најчесто се чувствува радост и развеселеност, напнатост, исчекување, неизвесност, надеж и нервоза. Сето тоа се означува како “патна грозница“. Во текот на патувањето туристот различно ги чувствува средствата со кои патува. Не е ретка состојба на исплашеност и напнатост поради изборот на превозно средство. За време на престојот туристот е во допир со елементите кои треба да му овозможат задоволување на потребите. Во овој дел од туристичката активност туристот ги спротивставува “сонувањата со стварноста„, тука се лоцирани најинтензивните и највисоки доживувања.
[уреди] Социјална функција
- Социјалната функција на туризмот произлегува од неговиот карактер на општественост. Туризмот е фактор кој овозможува да се приближат носителите на активноста на бројните социјални основи. Социјалната функција на туризмот се огледа во тоа што овозможува припадници на различни општествени слоеви да се вклучат во туристичката активност. Туризмот овозможува луѓето меѓусебно да се дружат и да изразуваат меѓусебни склоности и ставови, дури и емотивно де се врзуваат. Дури и луѓето со ниски примања можат да се вклучат во оваа активност.
[уреди] Културна функција
- За разлика од забавното дејство кое е моментално и кое нема долгорочен одраз, културните функции на туризмот се од трајно значење. Таа се огледа во зголемувањето на нивото на информираност, нивото на култура на туристот, давателот на услуги и реципиентното население. Тие се наоѓаат во постојана културна релација. Туризмот овозможува да се оплемени човечката личност со нови содржини.
[уреди] Политичка функција
- Се манифестира во влијанијата кои ги има на домашен и меѓународен план.
- На домашен план политичката функција се огледа во местото и улогата кои ги има во јакнењето на патриотизмот и родољубивите чувства. Унапредувањето на патриотските чувства се постига со запознавање на природното и антропогеното богатство на една земја. Преку туризмот се откриваат вредности кои индивидуата не ги познава. Во голем број земји покрај народот на кој му припаѓа државноста живеат и делови од други народи. Често се случува да се јави антопонизам на етничка основа. Во оваа смисла, комуницирањето низ туризмот можно е да биде во функција на меѓунационална и расна толеранција.
- На меѓународен план политичката функција на туризмот се огледа во прв ред во подобрување на односите меѓу државите и народите. Туризмот се јавува како фактор на мир и стабилност.
[уреди] Економски функции
- Остварените приходи од туризмот во светот од преку 450 милијарди денари го определува во група на дејности чија економска препознатливост е забележителна. Поради тоа туризмот се определува како значајна економска категорија. Тој претставува област за стопанисување во која се вклучени различни стопански дејности и гранки. Овие дејности бидејќи се насочени кон обезбедување на услуги кои ќе им овозможат на туристите да ја задоволат туристичката потреба добиваат и туристички предзнак. Тие го чинат туристичкото стопанство и нестопанските дејности. Економски функции на туризмот се:
- Мултипликативна
- Индикативна
- Конверзивна
- Развој на стопански недоволно развиени подрачја
- Влијание на туризмот врз платниот биланс на земјата
- Унапредување на меѓународната економска размена
- Влијание на вработеноста на населениетo
[уреди] Видови на туризам
- Во теоријата и во практиката се присутни бројни термини со кои се одредуваат одделни видови на туризам. Ваквата појава произлегува од обемот на квантитативно — квалитативните сличности и разлики на учесниците во оваа активност, како и од односите што постојат меѓу туризмот и географската средина. Токму затоа доста е тешко да се систематизираат критериумите по кои би се диференцирале видовите на туризам. Диференцирањето на туристичките видови нема само теоретски карактер, туку и практично значење Оваа поделба е применлива не само при формирањето и пласманот на туристичката понуда, туку и во вкупното водење на туристичката политика во одреден географски простор.
[уреди] Туристички видови според основните туристички потреби
- Еден од најопштите критериуми врз кои можат да се поделат туристичките движења е туристичката потреба. Со оглед на тоа дека туристичката потреба може да бие рекреативна и културна, адекватна е и поделбата на туристичките видови. Не е спорно дека и културните видови на туризам содржат одредени рекреативни карактеристики, како што рекреативните содржат културни особености. Меѓутоа, преовладувачките својства на туризмот сврзани со туристичката потреба го диференцираат рекреативниот од културниот вид.
- Рекреативните туристички движења се карактеристични за туристичката клиентела од средините каде што е присутна загаденоста, бучавата и заморот. Согласно на тоа, овие туристички движења опфаќаат население од различна структура, со што се овозможува поголема масовност. Рекреативниот вид на туризам се врзува за рекреативните мотивски атрактивности. Со оглед на тоа дека можностите за задоволување на рекреативните туристички активности се доста застапени, овој вид на туризам се карактеризира со релативно помал радиус на движење. Рекреативните туристички движења најчесто опфаќаат подолг престој, иако и во овој поглед има исклучоци. Излетничките движења често се сврзани со рекреативни активности., а се карактеризираат со релативно кус престој.
- Културните туристички движења се карактеристични за клиентелата која поседува нагласена културна потреба. Според тоа, во нив главно се вклучуваат туристи чие културно и образовно ниво е повисоко.
- Културните туристички движења се сврзани за туристички простори во кои преовладуваат такви атрактивности со нагласена знаменитост, куриозитет и естетски атрибутивни својства. Тоа значи дека природните и антропогените мотивски атрактивности ги привлекуваат учесниците во овие движења. Радиусот на движење кај овој вид на туризам е релативно голем, бидејќи мотивските атрактивности се ексклузивни. Сезонската концентрација не е нагласена, бидејќи најчесто мотивските вредности не зависат од временските прилики. За овој вид на туристички движења карактеристичен е релативно краткиот престој, во кој треба да се посетат повеќе атрактивности. Овие туристички движења се карактеризираат со релативно висока потрошувачка, бидејќи учесниците главно поседуваат поголеми платежни можности
[уреди] Поделба на туристичките видови според атрактивните мотивациски туристички вредности
- Оваа поделба на туризмот е извршена врз основа на критериумот на видот на мотивската атрактивност. Оттука и некои автори разликуваат континентален и приморски вид на туризам, со оглед на насоченоста на туристичките движења.
- Приморскиот туризам се врзува за мотивските атрактивности на крајбрежјето и островите. Најчесто туристите ги привлекувале условите за рекреативни туристички активности, кои произлегуваат од географските услови. Приморскиот туризам главно ги опфаќа активностите на капење и сончање, иако некои приморски простори можат да се користат и за активности во кои приморскиот пејзаж со естетските вредности има доминантен карактер. Карактеристика на овој вид туризам е масовноста. Се смета дека тој е најмасовен туризам. Значајна карактеристика на приморскиот туризам е сезонската концентрација на туристите. Посебно е нагласена летната сезона. Должината на престој е релативно голема, бидејќи се работи за стационарен вид на престој. Туристичката клиентела е хетерогена, што наметнува адекватен приод кон формирањето на понудата.
- Поморскиот туризам е во тесна врска со просторот кој овозможува рекреативни активности, но сепак содржи и културен карактер. Крстарењето по морските пространства е поттикнато и можноста за восхитување во куриозитетните својства на морето и пловидбата. Времето на престој во некои пристаништа е релативно кратко и во таа смисла крстарењето има екскурзивен карактер. Најголем дел од туристичката активност се врши во пловилата во кои главно се врши пансионската потрошувачка. Клиентелата е со високи платежни можности и високо културно ниво. Освен кружните крстарења, во поморскиот вид се јавуваат и форми на крстарења со помали објекти, на одредени релации и дневни излети по морето.
- Нудизмот е сé помасовен вид на туризам. Овој туризам се карактеризира со потполно изложување на човечкото необлечено тело на природата. Неговиот развој е сврзан со кодексот на однесување во одредени средни, така што може во некои географски простори да биде ставен под табу. Меѓутоа тој најчесто се организира во специфични нудистички кампови, со што се обезбедува интимноста. Карактеристики на овие движења се релативно долг престој, изразита потрошувачка и специфична побарувачка.
- Планинскиот туризам е сврзан со вредностите во планината. Врз оваа основа можат да се издиференцираат две туристички сезони, летна и зимска. Радиусот на движење на туристите во планинскиот туризам е релативно мал, бидејќи и застапеноста на планините е бројна. Потрошувачката кај овие движења е релативно висока поради хетерогеноста на елементите на понудата. Должината на престојот е исто така релативно голема, што условува потрошувачката да има наведен карактер.
- Бањскиот туризам е сврзан за карактеристиките на водата на термо минералните извори и околниот простор. Тој ги содржи рекреативните компоненти и лeчилишните функции. Оваа туристичка активност се карактеризира со превентивните, лечилишните и рехабилитациските влијанија на термоминералните води. Карактеристика на бањскиот туризам е ненагласената сезонска концентрација, а одредени сезонски индикации произлегуваат од временскиот период на општата туристичка подвижност. Клиентелата која ги посетува бањските простори е хетерогена и бара широка туристичка понуда. Бањите се доста распространети, со што го намалуваат радиусот на движење на туристите. Должината на овој престој произлегува од карактерот на влијанието на термоминералните води. Таа е нагласена бидејќи клиентите бараат подолг третман.
- Езерскиот туризам по своите карактеристики многу наликува на приморскиот туризам. Главно е сврзан за рекреативни туристички активности. Ако се изземат туристичко — екскурзивните посети на езерата, езерскиот туризам се карактеризира со релативно долг престој и со сезонска концентрација во летниот дел од годината. Масовноста е исто ака карактеристична за овој туризам, каки и хетерогеноста на туристичката клиентела во него.
- Речниот туризам претставува таков туризам во кој реката е доминантна привлечност. Привлечноста на реката може да биде двојна. Таа може да ги привлекува туристите со своите рекреативни својства и може да ги привлекува со естетските и куриозитетните вредности. Во речниот туризам во кој доминираат рекреативните активности, а кои се сврзани со хидроклиматските карактеристики на просторот, изразито е нагласена сезонската концентрација. Радиусот на движење на туристи е релативно мал. Најчесто овие движења имаат излетнички карактер, што зборува за релативно краток престој.
- Ловниот туризам се развив врз основа на условите за лов на одреден географски простор. Во овој вид на туризам се вклучува само одредена категорија на население која се занимава со ловни активности. Бидејќи оваа активност подразбира и релативно скапа опрема и дека ловните трофеи се најчесто со висока цена, треба да се има предвид дека материјалните можности на учесниците во неа се големи, а во согласност со материјалните можности и нивната потрошувачка. Радиусот на движење на учесниците се повеќе се зголемува. Во потрага по некои видови дивеч или во лов со камера, се оформува сафри туризмот, се совладуваат дури и меѓуконтинентални релации. Значајна карактеристика на овој туризам е престојот во подолг временски интервал.
- Риболовниот туризам се одвива на хидрографските објекти. И во овој туризам учествува туристичката клиентела сос специфични туристички потреби. Со оглед на тоа што условите за риболов се доста распространети и во географскиот простор радиусот на движење кај учесниците е релативно помал. Најчесто се работи за излетнички движења во непосредна близина на емитивните простори, со релативно краток престој без изразита сезоналност и со мала потрошувачка.
- Градскиот туризам е сврзан со туристичките атрактивности на градот. Овој вид на туризам се карактеризира по масовноста на учесниците, високата потрошувачка и релативно кусиот престој. Сезонската концентрација е нагласена.
- Селскиот туризам се развива во селските простори во кои постојат природни и антропогени услови за задоволување на туристичките потреби. Најчесто овој вид на туризам се развива врз амбиенталните вредности на селскиот простор и рекреативните особености кои произлегуваат од начинот на вршењето на селските дејности. Радиусот на движење е мал. Вон овој контекст стојат излетничките движења на село, кои поседуваат други карактеристики.
- Манифестираниот туризам се развива врз основа на одржување на разни видови манифестации. Структурата на клиентелата е сврзана со видот на манифестацијата. Во таа смисла овој туризам има хетерогена туристичка клиентела. Времето на престој на туристите е сврзано со траењето на манифестацијата, а нејзиното значење го одредува радиусот на движење. Најчесто манифестацискиот туризам не е сврзан со сезонска концентрација, освен ако самата манифестација не подлегнува на карактерот на сезоната. Како вид на манифестациски туризам значајно место зазема конгресниот туризам, кој најчесто третира присуство на научни, политички и стопански учесници.
- Верскиот туризам исто така се сврзува со манифестации од верски карактер, но и за значајни места, објекти и појави со верска содржина. Радиусот на движење на туристите е одреден со атрактивноста на појавите и процесите кои ги привлекуваат туристите. Поради посета на некои свети места кои претставуваат центри на одредено верско убедување или обреди со висока потрошувачка, сепак претставава можност за туристичко активирање на одредени простори.
- Спелеолошкиот туризам претставува таков туризам во кои туристите ги привлекуваат подземните геоморфолошки форми. Овој туризам се врзува за куриозитетните и естетските вредности на спалеоформите и во таа смисла можно е да се означи како културен вид на туризам. Карактеристичен е по релативно кусиот престој, по релативно малата потрошувачка и по специфичноста во уредувањето на спелеолошките форми начинот на посета.
[уреди] Видови на туризам според државната припадност на туристите
- Врз оваа основа најчесто станува збор за домашен туризам, национален и странски, односно интернационален туризам.
- Домашниот туризам се одвива во рамките на една земја. Туристичките движења во овие рамки можат да бидат регионални и меѓународни.
- Регионалните движења на туристите се одвиваат меѓу емитивните простори и туристичките места во рамките на одредени туристичко — географски региони. Овој вид на туристичка активност најчесто се карактеризира со потрошувачка која битно не влијае врз развојот на регионот и е со релативно краток престој.
- Меѓународните движења се одвиваат во повеќе регионални целини во рамките на одредена државна територија. Економските ефекти од овој туризам се согледуваат во пренесувањето на дел од потрошувачката на еден регион во друг, што условува прелевање на националниот доход, а што го поттикнува регионалниот развој. Меѓународниот туризам е таков вид на туризам во кој туристите имаат подолг радиус на движење од просторот на државната територија на која се постојано населени/ Економските ефекти од овој вид на туризам се значително поголеми во однос на ефектите од домашниот туризам, а и другите влијанија се изразито нагласени. Меѓународните туристички движења исто така се разликуваат во поглед на радиусот на движење. Тие можат да бидат континентални и меѓуконтинентални. За развој на меѓународниот туризам потребна е посебна екскурзивност на рецептивните капацитети и изразито влијание на просторот на туристичкиот регион.
[уреди] Видови на туризам според туристичката сезона
- Развојот на туризмот во најголема мера е сврзан со сезонската концентрација на туристите. Во таа смисла стои и општата подвижност на населението. Под туристичка сезона подразбираме временски интервал во кој постои најголема концентрација на туристичкиот промет, во одредени просторни рамки, а вон сезона е период во кој се бележи минимална посетеност.
- Летниот туризам претставува таков туризам во кој активностите се сврзани со карактеристиките на климатските елементи во летниот период на годината. Најголема концентрација на туристите во овој период е присутна во оние туристички простори со можност за капалишни активности, односно во приморските, езерските и речните места. Исто така, на планините во кои можат да се користат вредностите на планинската географска средина, присутна е одредена летна концентрација на туристите.
- Зимскиот туризам е најзастапен во оние планински пространства во кои постојат услови за развој на зимско — спортски активности. Најчесто зимската сезона на планината е сврзана со присуството на снежниот покрив, кој обезбедува одвивање на оваа активност. Зимскиот туризам е застапен и во други просторни целини, како во приморските делови во кои медитеранската клима претставува поволност за одвивање на рекреативни активности. Заради тоа, постојат бројни зимувалишта во кои туристичката активност не мора да биде од капалишен карактер.
[уреди] Туристички видови според возраста на туристите
- Туристичката побарувачка во голема мера зависи од возраста на туристите. Според возраста, туристите се делат на деца, млади, возрасни и стари. Ваквата подела подразбира и адекватност во одредувањето на одделни видови на туризам.
- Детскиот туризам ги опфаќа категориите на возраст до 15 години. Имајќи предвид дека во одвивањето на туристичката активност им е потребна помош од постарите, тие имаат придружници. Чести им треба групно сместување во повеќе креветни соби. Општа карактеристика на овој вид е малата потрошувачка и релативно краткиот радиус на движење. Овој вид на туризам поседува значителен воспитен и образовен карактер.
- Младинскиот туризам ја опфаќа популацијата на туристи до 25 години. Овој сегмент на посетители се карактеризира по динамичноста и друштвеноста, со хетерогеноста на групата во која се наоѓаат, со скромна побарувачка, нестабилност во престојот и по забавните активности за време на туристичките патувања. Карактеристични се по релативно поголемиот радиус на движење, бидејќи лесно се снаоѓаат во комуникациската сфера.
- Туризмот на возрасните категории ја опфаќа туристичката клиентела од 25-65 години, односно клиентелата која може да се означи како работно способна . Поради вака широкиот распон на возраста, овој вид на туризам опфаќа најголем број на посетители. Бидејќи станува збор за работен контингент со релативно високи економски можности, се подразбира поголема потрошувачка и хетерогена побарувачка, за што туристичката понуда треба да води сметка. Радиусот на движење е релативно најголем и често зависи од атрактивноста на мотивите во просторот.
[уреди] Видови на туризам според бројот на туристите
- Во туристичките движења туристите се вклучуваат во различен број. Ако се јавуваат како поединци, станува збор за индивидуални движења, а ако учествуваат два или повеќе туристи заедно, се зборува за групни туристички движења.
- Индивидуалниот вид се карактеризира по тоа што учесниците во овие движења главно се возрасни, стабилни и независни личности. Тоа значи дека радиусот на движење е доста голем, правецот на движење е нестабилен, како и времето на престој. Значи дека овој вид на туризам е доста динамичен, така што е својствен за врзување со простори во кои постои поголем број на туристички вредности.
- Групните туристички движења се карактеристични по учеството на повеќе туристи, кои можат да имаат одредени сличности, а можат да бидат сосема различни. Групните туристички движења најчесто се организирани движења во кои значајно место заземаат организациите на посредување. Бидејќи групните туристички движења овозможуваат поголеми материјални ефекти, присутни се одредени стимулативни мерки кои го поттикнуваат нивниот развој Еден од најмасовните групни видови на туризам претставува семејниот туризам, во кој се вклучуваат семејства различни по својот состав и големина.
[уреди] Видови на туризам според социјалниот состав на туристите
- Во туристичките движења се вклучуваат туристи со специфични социјални обележја. Според тој критериум можат да се издвојат повеќе видови на туризам.
- Ученичкиот туризам ги опфаќа учениците и студентите како учесници во овие движења. Со оглед на тоа дека овие социјални категории најчесто се со релативно мали платежни можности, овој туризам се карактеризира со ниска потрошувачка. За ученичките и студентските движења значајно е да се истакне временската рамка во која се одвиваат така што најчесто добиваат епитет на феријални движења, со оглед на користењето на времето на феријалните одмори.
- Работничките туристички движења означуваат туристички движења на вработените во непосредното производство во потесна смисла, како и вработените воопшто, во поширока смисла. Овој туризам се одвива во специјализирани одморалишта, што подразбира дека за вработените однапред е одредена туристичката понуда. Целта на овие движења е зголемување на продуктивноста на трудот, за што е заинтересиран работодавецот, работникот и општеството. Заради тоа, општествените заедници одобруваат одредени средства за поттикнување на овој вид туризам. Ваквите издвојувања најчесто имаат социјален карактер, така што овие видови на туризам спаѓаат во таканаречен социјален туризам.
- Пензионерскиот туризам ја опфаќа пензионерската клиентела од сите категории. Должината на престојот е карактеристика на овој вид. Во одвивањето на пензионерските туристички движења најчесто помош дава општествената заедница, бидејќи материјалните можности на пензионерите често пати не се такви за оваа клиентела да се вклучи во туристичките текови. Партиципациите се бираат врз солидарна и хумана основа.
- Монденскиот туризам е посебен вид на високо комерцијален туризам. Клиентелата која во него учествува е со високи материјални можности и снобистички елементи. Неговиот развој подразбира високо квалитетна и ексклузивна понуда, беспрекорно ниво н услуги и адекватни цени. Се разбира дека кај овој вид туризам се очекуваат импозантни остварувања. Меѓутоа, мора да се води сметка за осетливоста на туристичката клиентела која што учествува во монденскиот туризам и навреме да се отстранат сите пропусти.
[уреди] Видови на туризам според должината на престојот на туристите
- Времетраењето на престојот на туристите во туристичкиот простор е од големо значење за развојот на туризмот и за формирање на туристичката понуда.
- Стационарниот или престојниот туризам е вид на туризам во кој туристите подолготрајно се задржуваат во едно туристичко место. Со оглед на тоа, развојот на овој вид туризам се темели врз релативно поголема потрошувачка од страна на туристите. Кон оваа намена треба да биде насочена изградбата на сместувачките капацитети и другите услужни објекти кои подолготрајно треба да ги задоволат потребите на туристите
- Екскурзивниот туризам подразбира таква туристичка активност во кој постои цел за време на нејзиното траење да се посетат повеќе туристички мотиви, повеќе туристички мета и простори. Тоа значи дека екскурзијата може да биде повеќедневна, но престојот во поедини места најчесто се сведува на едно или две ноќевања. Карактеристика на екскурзиите е однапред да се планирани и организирани, а побарувачката да е разновидна и стабилна. Екскурзиите можат да бидат од различен карактер, за што понудувачите мора да водат сметка. Најчест вид на екскурзии се ученичките екскурзии во чија програма се наоѓа воспитната и образовната компонента.
- Транзитниот туризам ја опфаќа онаа клиентела која во туристичките простори поминува стремејќи се кон други простори. Овие посетители се задржуваат поради различни причини, како што се подолги или пократки одмори од патувањето, појадок или запознавање со туристичките вредности во географската средина. За задоволство на потребите на транзитните патници најчесто се градат сместувачки објекти во вид на мотели, други услужни објекти информативни пунктови во непосредна близина на транзитните патни објекти.
- Излетничкиот туризам е карактеристичен по изразито малиот радиус на движење и релативно кусиот престој. Излетите најчесто се организираат до блиските простори до местото на живеење, кои поседуваат одредени туристички вредности. Главно излетничкиот туризам се карактеризира со економска нестабилност и подложен е на временските промени, на психолошките, културните и организациските влијанија.
[уреди] Видови на туризам според видот на превозните средства што ги користат туристите
- Меѓу туризмот и сообраќајот постои нераскинлива поврзаност. Од една страна, туристичкиот развој не е можен без сообраќај, а од друга страна туризмот во значителна мерка влијае врз сообраќајот. Бидејќи влијанието на туризмот е мошне нагласено, сообраќајот често му се приспособува на туризмот, така што врз основа на видовите на транспорт се диференцираат адекватни видови на туризам.
- Железничкиот туризам е карактеристичен по масовноста на превозот. За потребите на туристите возовите се приспособуваат така што во композициите се внесуваат специјални туристички, панорамски вагони, коли за спиење, ресторани и салон — вагони. Специјални возови за потребите на туристите, агенциските возови имаат приспособено време на тргнување и пристигнување според организираната туристичка активност.
- Мото — туризмот спаѓа меѓу најмасовните видови на туризам. Основна карактеристика на овој вид е еластичноста во одвивањето на туристичката активност, бидејќи овозможува посета на повеќе туристички локалитети и објекти. Туристичката понуда треба да биде збогатена со специјализирани објекти за негов развој, какви што се пумпните станици, автосервисите, продавници на автоделови, паркиралишта, автокампови и караван кампови.
- Воздухопловниот туризам се развива врз основа на користењето на леталата за туристички движења. Со оглед на бројот на туристите кој постојано се зголемува во светот, воздушниот сообраќај се приспособува на потребите на туристите. Авионскиот сообраќај обезбедува специјални чартер летови за туристите. Чартер туризмот подразбира организиран вид на туризам, во кој се предвидени услугите кои туристот може да ги користи, а најчесто опфаќа клиентела со високи платежни можности. Во рамките на воздухопловниот туризам се вбројуваат и излетите кои се организираат со помош на хеликоптерски сообраќај, како и други видови летала.
- Наутичкиот туризам претставува вид на туризам во кој активноста се одвива со пловидбени објекти на водните површини. Тој опфаќа поморски и приморски активности, како и активности што се одвиваат на езерските и речните површини, со помош на пловилата. Развојот на наутичкиот туризам не се базира само врз користење на пловилата, туку и обезбедувањето на пловилата со прифаќање на текот на туристичката сезона и по неа, во посебни пристанишни докови. За подобра организираност на овој вид туризам се формираат јахтинг клубови кои водат сметка за карактеристиките на оваа понуда. Терминолошки, овој вид фигурира како јахтинг туризам. Во наутичкиот туризам главно се вклучуваат туристи со високи материјални можности, што зборува дека развојот на овој вид е од големо значење. Од пловилата кои се користат како посебна туристичка атракција важно место зазема сплаварењето, со што сплавот претставува средство но и цел на овој вид активност. Сплаварењето се одвива на реките и помалите езера, на кои исто така се користат и други пловидбени средства, со чија помош се откриваат туристичките вредности на географската средина низ која се движат.
[уреди] Туристички статистики
[уреди] Најпосетувани градови
Според Евромонитор ова е рангирањето на 150 најпосетени градови во светот според странски туристи во 2007.[2] Набројани се првите 15 градови:
| Најпосетувани градови според странски туристи во 2007 год.[2] Топ 15 градови |
|||||||||||
| Ранг | Град | Држава | Број на странски гости (милиони) |
Ранг | Град | Држава | Број на странски гости (милиони) |
Ранг | град | Држава | Број на странски гости (милиони) |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | Лондон | 15,34 | 6 | Њу Јорк | 7,65 | 11 | Барселона | 5,04 | |||
| 2 | Хонг Конг | 12,05 | 7 | Торонто | 6,63 | 12 | Сеул | 4,99 | |||
| 3 | Бангкок | 10,84 | 8 | Дубаи | 6,54 | 13 | Шангај | 4,80 | |||
| 4 | Сингапур | 10,28 | 9 | Истамбул | 6,45 | 14 | Даблин | 4,63 | |||
| 5 | Париз | 8,76 | 10 | Рим | 6,12 | 15 | Куала Лумпур | 4,40 | |||
[уреди] Види исто така
- Хотел
- Пасош
- Туризам во литературата
- Транспорт
- Ранк на светски туризам
- Листа на популарни туристички региони
- Листа на видови на сместување
- Листа на меѓународни туристички водичи и вебсајтови
[уреди] Референци
- ↑ Основи на туристичката теорија и практика``-проф.д-р Науме Мариноски
- ↑ 2,0 2,1 Caroline Bremner (2009-01-07). „Trend Watch: Euromonitor International’s Top City Destinations Ranking“. Euromonitor International. http://www.euromonitor.com/Trend_Watch_Euromonitor_Internationals_Top_City_Destinations_Ranking. Пребарано на 2009-01-16.
[уреди] Надворешни врски
| Најдете повеќе за Туризам на сестринските проекти на Википедија: | |
|---|---|
| Вики речник | |
| Вики книги | |
| Вики цитати | |
| Вики извор | |
| Заедничка ризница | |
| Вики вести | |
| Вики универзитет | |
- Economic Research: Economic Impact of Travel and Tourism. Туристичка асоцијација на Америка. 2004.
- Promoting Tourism in Rural America. USDA, National Agricultural Library, Rural Information Center. 2004.
- Rural Tourism. USDA, Cooperative State Research, Education and Extension Service.
- Rural Tourism Resources USDA, National Agricultural Library, Rural Information Center.
- Tourism: OECD Centre for Entrepreneurship, SMEs and Local Development A valuable resource for statistics and information on international trends in tourism and tourism policies.