Дизниленд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Овој натпис е за оригиналниот парк во Анахајм , Калифорнија. За други потреби , погледнете Дизниленд (појаснување).
Замокот во Дизниленд

Дизниленд Парк е тематски парк лоциран во Анахајм , Калифорнија , поседуван и раководен од Волт Дизни Паркови и Одмаралишта ( Walt Disnet Parks and Resorts) дивизија на Волт Дизни Компани (Walt Disney Company). Познат како Дизниленд (Disneyland) кога е и воедно отворен на 18 јули 1955 и сеуште секојдневно познат под истото име е единствениот тематски парк дизајниран и изграден под директно надгледување од страна на Волт Дизни . Во 1988 година , тематскиот парк се ребрендира во ,, Дизниленд Парк ( Disneyland Park) како би го отфрлил поголемиот комплекс ,, Дизниленд Ресортс ˝ ( Disneyland Resorts ) .

Волт Дизни доаѓа со концептот за Дизниленд по посетата на многубројните паркови , заедно со своите ќерки во 30 -тите и 40 -тите години . Отпрвин замислува изградба на туристичка атракција близу неговите студија во Бурбанк со што би се забавувале фановите кои доаѓаат во посета ; како и да е подоцна станува свесен дека неговата предложна парцела е премногу мала . По вработувањето на консултант за помош при одредувањето на соодветна парцела за неговиот проект , Волт купува 160 акри / 65 Хе ( хектари ) плац близу Анахајм во 1953 година . Изградбата започнува во 1954 година и паркот е откриен за време на специјален телевизиски пренос , настан кој се случува на 17 јули 1955 година . По своето отварање , Дизниленд подложува на бројни проширувања и реновирања , вклучувајќи ја и доградбата Њу Орлеанс Сквер - Плоштадот Њу Орлеанс ( Нењ Орлеанс Сљуаре ) во 1966 година , Беар Сити - Градот на мечките (Беар Цитѕ) (сега Критер Кантри - Цриттер Цоунтрѕ ) во 1972 година и Микис Тунтаун - Замислениот град на Мики ( Мицкеѕ’с Тоонтоњн ) во 1993 година . Авантуристичкиот парк на Дизни во Калифорнија е изграден на оригинална парцела , на Дизниленд паркиралиштето и е отворен во 2001 година .

Дизниленд има најголема посетеност од било кој друг тематски парк во светот , со приближно 600 милиони гости од неговото отварање . Во 2009 година 15, 9 милиони луѓе го посетуваат паркот , со што го прават вториот по ред најпосетен парк во светот во таа календарска година .

Содржина

Посвета[уреди]

,, До сите оние кои ќе го посетат ова забавно место : Добредојдовте . Дизниленд е вашето место . Овдека годините ги враќаат во живот закоравените мемории од минатото и овдека младоста го вкусува предизвикот и ветувањето за иднината . Дизниленд им е посветен на идеалите , соништата и неоспорливите факти кои ја креираа Америка , со надеж дека тоа ќе биде извор на спокојство и инспирација за целиот свет . ”

Историја[уреди]

Концепт и конструкција[уреди]

Волт Дизни (Walt Disney) во центар ги покажува официјалните нацрти на Оринџ Каунти ( Оранге Цоунтѕ ).

Целиот концепт започнува при посетата на Волт Дизни и неговите ќерки Дијана и Шерон на Грифит Парк ( Гриффитх Парк ) во Лос Анџелес . Набљудувајќи го нивното возење на среќното тркало му се раѓа идејата за место каде би можеле да одат возрасните со нивните деца и да се забавуваат . Неговиот сон останува нереализиран со години . Влијание врз Волт Дизни исто така може да извршиле и спомените од татко му од Светската Колумбиска Изложба од 1893 година одржана во «икаго ( татко му работел на изложбата) . Мидвеј Плезенс ( Мидњаѕ Плеасанце ) тука вклучува додатни атракции кои претставуваат многубројни земји ширум светот и други претставувајќи многустрани периоди од добата на мажот ; исто така содржи многу возења вклучувајќи го првото Ферис тркало ( Феррис Њхеел ), воздушно возење , патнички воз кој циркулира околу периметарот и шоуто од Дивиот Запад .

Друго потенцијално влијание претставува Бентон Харбор ( Бентон Харбор ), Мичиген , национално познатата куќа на Давид ( Хоусе оф Давид’с ) , паркот Еден Спринг ( Еден Спринг ) . Волт Дизни го посетува паркот и најпосле купува еден од постарите минијатурни возови оригинално користени таму  ; Колонијата ја поседува најголемата минијатурна железничка конфигурација во светот во тоа време .

Додека стотици луѓе му доставуваат писма на Волт Дизни за посетата на Дизни Студио ( Диснеѕ Студио ) , тој сваќа дека всушност практичното филмско студио нема што многу да им понуди на фановите кои доаѓаат во посета .

Со ова почнуваат да му се гајат идеи за изградба на место во близина на неговите студија во Бурбанк . Тогаш од неговите идеи произлегува мало паркче за забава со брод за возење и неколку тематски области . Првобитниот концепт на Дизни , неговиот Мики Маус Парк ( Мицкеѕ Моусе Парк ) стартува со земјиште со големина од 8 акри ( 3. 2 хектари ) . Дизни започнува со посета на многубројни паркови како би црпел инспирација за нови замисли , вклучувајќи ги Тиволи Гарденс ( Тиволи Гарденс ) во Данска , во Холандија и Гринфилд Вилиџ ( Греенфиелд Виллаге ) , Плеиленд ( Плаѕланд ) и «илдренс Фериленд ( Цхилдрен’с Фаирѕланд ) во САД , Дизни ги започнува своите дизајни работејќи по одредени концепти , кои подоцна прераснуваат во проект кој е видно поголем од 8 акри ( 3.2 хектари) .

Дизни го вработува консултантот Харисон Прајс ( Харрисон Прице ) од Стенфорд институтот за истражување ( Станфорд Ресеарцх Институте ) да ја измери соодветната површина како би се лоцирал тематскиот парк заснован врз потенцијалното зголемување на реонот . По добиениот извештај од Прајс , Дизни стекнува 160 акри ( 65 хектари ) од насадници со портокали и оревови дрва во Анахајм , југоисточно од Лос Анџелес во соседтво на Оринџ Каунти .

Потешкотиите при стекнување на финансии го охрабруваат Дизни да истражува нови методи за собирање на финансиски средства . Решава да ја искористи телевизијата и го создава шоуто именувано како Дизниленд ( Диснеѕланд ) кое се емитува во тогаш сеуште неразвиената Еј Би Си ( АБЦ ) телевизиска мрежа . За возврат телевизијата му ветува финансиска помош за изградба на нов парк . Во првите пет години од неговото работење , Дизниленд (Диснеѕланд ) е поседуван од Диснеѕланд , Инц кој пак е заеднички поседуван од Волт Дизни Продакшн ( Њалт Диснеѕ Продуцтион ) , Волт Дизни ( Њалт Диснеѕ ), Вестерн Паблишинг ( Њестерн Публисхинг ) и Еј Би Си ( АБЦ ) . Згора на сето тоа , Дизни изнајмува голем број од продавниците на Меин Стрит ( Маин Стреет ) , САД на надворешни компании . До 1960 година Волт Дизни Продакшн ( Њалт Диснеѕ Продуцтион ) целосно ги откупува Еј Би Си ( АБЦ ) , Вестерн Паблишинг (Њестерн Публисхинг ) и акциите на Волт Дизни . Изградбата започнува на 16 јули 1954 година и чини цели 17 милиони долари се до комплетирањето . Паркот се отвара една година и еден ден подоцна . У.С. Роуте 101 ( подоцна Интерстате 5 ) е исто така во изградба во исто време но само од северната страна ; со припрема за метежот кој се очекува дека ќе произлезе од Дизниленд , додадени се уште две коловозни ленти на автопатот пред завршувањето на паркот .

Јавното отварање на Дизниленд паркот е на 18 јули 1955 година со само 20 атракции . Специјалниот настан ,, Интернационална Новинарска Премиера ˝ е одржан во недела , 17 јули 1955 година и е отворен само за поканети гости и медиумите . Спешл Сандеј Ивентс ( Специал Сундаѕ Евентс) вклучувајќи јаи посветата , се ТВ емитувани ширум светот и поткрепени од тројцата пријатели на Дизни од Холивуд : Арт Линклетер ( Арт Линклеттер ), Боб Кумингс ( Боб Цуммингс) и Роналд Реган ( Роналд Реаган ) . Еј Би Си ( АБЦ ) го емитува настанот во живо на својата мрежа . Но овој настан не поминува толку бескпрекорно . Паркот е пренатрупан со гужва бидејќи настанот за само поканетите е провален со фалсификувани карти . Се очекувало да се појават само 11 000 луѓе , но вчудоневидувачката бројка од 28 ,154 е целосната бројка на присутната популација . Телевизиските ѕвезди како и другите останати познати личности кои биле закажани да се појават на секои два саати , се појавуваат сите оддеднаш . Сите главни патишта во близина се празни . Температурата достигнува невообичаени 38 степени и дефектот на водоводот остава пресушени голем дел од фонтаните чија намена е за пиење вода . На Дизни му е даден изборот за Фонтана или пак тоалети но тој ја избира втората опција .

Ова предизвикува негативен публицитет бидејќи Пепси ( Пепси ) го спонзорира отварањето на паркот ; разочараните гости веруваат дека непоправливите фонтани се само ефтин начин за продажба на сода . Асфалтот кој е ставен истото утро е до тој степен мек што високите чевли на дамите пропаѓаат во истиот . На продавачите им завршува сета храна . Итсекувањето на гас во Фантазиленд - Земјата на Фантазиите ( Фантасѕланд ) предизвикува затварање на Адвентурленд - Земјата на авантурите ( Адвентуреланд ), Фронтиерленд Граничната земја ( Фронтиерланд ) и Фантазиленд Земјата на фантазиите ( Фантасѕланд ) попладнето . Забележани се неколку родители што ги ставаат своите деца на рамо за да се пробијат низ гужвата како би се возеле нините деца на вртелешката на Кралот Артур .

Паркот добива негативна новинарска критика од ,, Интернационалната Новинарска Премиера ˝ со фактот што Дизни ги поканува присутните да дојдат на ,, втор приватен ден ˝ за да го доживеат Дизниленд во право светло . Во подоцнежните години Дизни и неговите извршители се осврнуваат кон 17 јули 1955 година како ,, Црната Недела ˝. Денес членовите носат симболични брошови на 17 јули како знак на прослава на годишнината на паркот , потврдувајќи колку многу години изминале од самото отварање на паркот во 1955 година . Но исто така во првата декада Дизни официјално потврдува дека денот на отварање е 18 јули 1955 година и го слави 18- ти како негова годишнина . На пример , во 1967 година новините за Дизниленд се обраќаат кон 17 јули 1955 година како ,, Ден на Посвета ˝ а не како ,, Ден на Отварање ˝ .

На денот на отварањето , понеделник 18 јули , народот се збива во линија уште рано наутро во 2 часот и првата личност која купува билет и влегува во паркот е Дејвид Макферсон ( Давид МацПхерсон) со влезница број 2 , бидејќи Рој О.Дизни ( Роѕ О. Диснеѕ ) веќе претходно ја купил влезницата со број 1 од Куртис Лаинбери ( Цуртис Линеберрѕ ) , раководител на продажба . Волт Дизни има официјална слика со две деца на неа , Кристина Вес Ваткинс ( Цхристине Весс Њаткинс ) 5 години и Мајкл Швартнер ( Мицхаел Сцхњартнер ) 7 години  ; Сликата со нив тројца води кон погрешна претстава за тоа кој прв го посетил Дизниленд ( децата во овој случај ) . Ваткинс и Швартнер добиваат доживотни пропусници за Дизниленд тој ден а Макферсон е награден нешто подоцна , ритуал кој подоцна се проширува во секој Дизниленд парк ширум светот . Приближно 50 000 посетители присуствувале на Денот на отварањето во понеделникот .

Раните години[уреди]

Во септември 1959 година , Советскиот премиер Никита Крушчев ( Никита Кхруссхцхев ) поминува 13 дена во САД . При неговата посета , Крушчев има две барања : да го посети Дизниленд и да се запознае со Џон Вејн ( Јохн Њаѕне ) – холивудската атракција која ги урива сите благајни . За време на Студената Војна каде тензијата и сигурноста се од големо значење , тој одлучно сака да направи обиколка низ Дизниленд . Иранскиот Шах и Импераорот Фарах се лично поканети во Дизниленд од страна на Волт Дизни . во раните 60- ти години . Видеото каде Шахот и Дизни се возат на лудата железница Матерхорн ( Маттерхорн ) е достапно на ЈуТуб ( ЅоуТубе ) . Во подоцната 1963 година активисти за човекови права сеуште вршат притисок врз паркот да вработи луѓе од црната раса , според биографијата на Нил Геблер ( Неал Габлер ) за Волт Дизни.

Во доцните 90 - ти , работата започнува да се шири во сопственост на еден парк и еден хотел . Дизниленд паркот , Дизниленд хотелот и местото од оригиналното паркиралиште како и стекнатите околни имовини се обележани како би постанале дел од поголемото одмаралиште кое се развива понатаму . Новите компоненти од ова одмаралиште се со намена да постанат уште еден тематски парк ; Дизни Калифорнискиот Парк на авантурата ; комплекс за шопинг , за јадење и за забава . Даунтаун Дизни - Центарот на Дизни ( Доњнтоњн Диснеѕ ) ; реконструираниот Дизниленд хотел ; Големиот Дизни Калифорниски Хотел и СПА ; и стекнатиот дел од Пан Пацифик Хотел ( подоцна реконструиран и преименуван во Дизниевиот рај Пиер Хотел ) . Поради постоечкото паркиралиште ( јужно од Дизниленд ) кое е изградено по овие проекти ,

На шест нивоа , 10 ,250 - простор Мики и пријателите градбата за паркирање е изградена во северниот дел на земјиштето . За време на неговото целосно комплетирање , во 2000 година , паркот претставува воедно и најголемо паркиралиште во САД .


Менаџерскиот тим на паркот во време на средината на 90 - тите години е извор на контроверзија помеѓу фановите на Дизниленд како и вработените. При напорите за зголемување на добивката , голем број на промени започнуваат од тогашните извршители Синтија Харис ( Цѕнтиа Харрисс ) и Пол Преслер ( Паул Пресслер ) . Додека со нивното залагање успеваат да обезбедат краткорочно зголемување на акциите , креираат широко прифатена критика од вработените и гостите за претпазливост . Со малопродажната заднина од Харис и Преслер , фокусот на Дизниленд постепено се подига на ниво од атракции кон тргување . Надворешни консултанти како Меккензи Компани ( МцКинсеѕ Цомпанѕ ) се исто така донесени за помош при преконструирањето , кое резултира со бројни промени и намалувања . После приближно измината една декада на закрепнување , Дизниленд покажува видни знаци на запуштеност . Фановите на Дизниленд го воочуваат влошувањето како потрошувачи и квалитетот на паркот и се збираат гласајќи за отпуштање на менаџерскиот тим .

Дизниленд во 21 - от век =[уреди]

Мет Омет ( Матт Оммет ) , поранешен претседател на бродската патна линија , е промовиран со идеја да предводи водство во Одмаралиштето Дизниленд во 2003 година . Кратко по неговото избирање го вклучува Грег Емер ( Грег Еммер ) како Сениор потпретседател за воздејство . Емер е долго време член на Дизни и воедно работи во Дизниленд . Во неговата младост поставен приоритет му е преселба на Флорида и воедно одржување повеќебројни функции за раководење на Одмаралиштето Волт Дизни . Омет бргу поставува враќање на одредени трендови , особено оние во доменот за одржување на козметичките средства како и враќање на оригиналниот инфраструктурен распоред , со надеж за реставрација на безбедносниот авторитет од минатото . Во налик на Волт Дизни , Омет и Емер многу често можат да се видат во паркот за време на работното време со членовите од нивниот сопствен персонал . Исто така носат членски беџови со нивното има на истите , чекаат во редица за атракциите и им посакуваат добредојде на посетителите .

Во јули 2006 година , Мет Омет објавува дека го напушта Одмаралиштето на Волт Дизни и дека воедно станува нов директор на Старвуд Хотелс енд Ресортс ( Старњоод Хотелс анд Ресортс ) . Набргу по неговата обкава , Ед Гриер ( Ед Гриер ) , извршен генерален директор на Волт Дизни атракциите во Јапонија е следниот именуван како директор на Волт Дизни одмаралиштето . Грег Емер се пензионира од својата работа на 8 февруари 2008 година . Во октомври 2009 година , Ед Гриер го најавува своето повлекување . Заменет е од Џорџ Калогридис ( Георге Калогридис ) именуван како новиот директор на Дизниленд Одмаралиштето .

50 ГОДИШНИНА[уреди]

Најсреќното враќање на земјата Планета

,, Најсреќното враќање дома на Земјата ˝ претставува осумнаесет месечна долга претстава ( одржана во текот на 2005 и 2006 година ) за 50 годишнината на Дизниленд тематскиот парк , кој е отворен на 18 јули 1955 година . Најсреќното враќање дома на Земјата комеморира 50 години од тематските паркови на Дизни . Дизниленд парковите ги има насекаде низ земјата . Во 2004 година , паркот презема голем број проекти за реновирања како припрема за прославата на 50 годишнината .

Голем број класични атракции се обновени ; особено Вселенската планина ( Спаце Моунтаин ) , Патување низ џунглата ( Јунгле Цруисе ) , Опседнатата куќа ( Хаунтед Мансион ) , Пиратите на Карибите( Пиратес оф тхе Царрибеан ) и Волт Дизни маѓепсаната соба на африканското племе ( Њалт Диснеѕ’с Енцхантед Тики Роом ) . Атракциите кои се во паркот на денот на отварањето во 1955 година имаат по едно возило бојадисано во златна боја , паркот е декориран со 50 златни уши на Мики Маус . 50 - годишната прослава започнува на 5 мај 2005 година и завршува на 30 септември 2006 година . Проследена е со прославата именувана како ,, Година на миллион соништа ˝ која трае 27 мсеци и завршува на 31 декември 2008 година .

55 ГОДИШНИНА[уреди]

Започнувајќи на 1 јануари 2010 година , Дизни Парковите се домаќини на волонтерската програма ,, Подари ден , добиј Дизни ден ˝ , во која Дизни ги охрабрува луѓето на сите возрасти да волонтираат со учество во добротворни цели со што добиваат бесплатен Дизни Ден во одмаралиштето на Дизни во Калифорнија или пак во светското одмаралиштен а Дизни во Флорида . На 9 март 2010 година , Дизниленд објавува дека ја постигнал својата цел од еден милион волонтери и воедно ја завршува промоцијата за секој оној кој сеуште не се регистрирал или пак пријавил за волонтирање за изгледот на паркот .

Мај 1965 година , воздушна слика од Дизниленд и кружната зона во Анахајм .Ги вклучува Дизниленд хотелот со неговата област на железничкиот систем , Дизниленд местото за слетување на хелихоптери , овошните насади од портокали , автопатот Санта Ана и театарот Мелодиленд ( Мелодѕланд ) .

Воздушен поглед на Дизниленд од 1963 година , гледајќи јужно-источно . Автопатот Санта Ана ( И-5 ) се наоѓа во горниот лев кош . Булеварот Харбор ( Харбор ) ја формира источната граница на паркот . Ново комплетираниот театар во Анахајм - Мелодиленд ( Мелодѕланд ) -кружниот театар се наоѓа на врвот на сликата .

Паркот е поделен на ,, земјишта ˝ ( тематски области ) како и добро прикриени заднински области . Со стапнување на областите посетителот е целосно потопен во тематската околина и не е во состојба да види или да чуе било каква останата област . Идејата позади сето ова е да се креира театрална ,, сцена ˝ со пропусници од една страна кон друга . Јавните површини имаат зафатнина од приближно 85 акри ( 34 хектари ) . При почетното отварање паркот содржи пет тематски области :

  • Меин Стрит ( Маин Стреет ) С.А.Д. , дизајнирана да потсетува на раниот 20 - ти век од среднозападниот град .
  • Адвентуреланд ( Земјата на авантурите ) која ги претставува авантурите од џунглата .
  • Фронтиерланд ( Граничната земја ) која го илустрира американскиот старозападен граничен град .
  • Фантасѕланд ( Земјата на фантазиите ) ги оживува ликовите и местата од цртаните филмови на Дизни .
  • Томорроњланд ( Земјата на иднината ) - опстимистичка визија за иднината .

После самото отварање додадени се и неколку дополнителни области :

  • Во 1957 година . Земјата на одморот ( Холидаѕланд ) со големина од 9 акри ( 3.6 хектари ) , област за рекреација која вклучува циркус и игралиште за безбол , кое е подоцна затворено во доцната 1961 година .
  • Во 1966 година , Плоштадот Њу Орлеанс , базиран на изгледот на Њу Орлеанс од 19 - ти век .
  • Во 1972 година Земјата на мечките , мотивирана од планинските шуми во јужна Америка . Подоцна е преименувана во Земјата на животните и воедно мотивирана од елементи на планинската песна .
  • Во 1903 година Измислениот град на Мики , мотивиран од имагинарниот град виден во филмот ,, Кој го намести зајакот Роџер ? ˝ .
  • Низ паркот се наоѓаат ,, Скриени Мики Мауси ˝ или пак претставници со ликот на Мики Маус или пак дискретно вметнати во дизајнот за атракција и украс на околината . Воздигнатата банкина ја поддржува железничката пруга со тесен колосек која се пробива низ паркот . Дизни Калифорнија паркот на авантурата е подоцна додаден и воедно претставува паркиралиште за посетителите на Дизниленд .

Сите области на Дизниленд[уреди]

.

Дизниленд поседува осум тематски области или пак ,, земји ˝ во кои има бројни продавници , ресторани , забава во живо и атракции . Деветтата област ( иако повеќе не постои ) е Земјата на одморот , област за пикник која работела помеѓу 1957 и 1961 година и на неа често се мисли како на изгубената земја на Дизниленд .

Меин Стрит , С.А.Д[уреди]

Меин Стрит , С.А.Д. е дизајнирана по типичниот среднозападен град во раните години на 20 - тиот век . Волт Дизни ја црпи својата инспирација од неговиот град на детството Марселин , Мисури и работи прецизно со сите дизајнери и архитекти за да го долови правиот изглед на Меин Стрит . Тоа е всушност првата област која ја здогледуваат посетителите при нивниот влез во паркот ( ако не влегуваат со железницата ) и е начин преку кој гостите стигаат до централниот плоштад . Во центарот на волшебното кралство и северно од централниот плоштад стои Замокот на заспаната убавица , преку кој се влегува во Земјата на фантазиите со подвижен мост ( преку ендек исполнет со вода) . Земјата на авантурите , Граничната земја и Земјата на иднината се поредени на двете страни од замокот .

,, За сите ние кои ја паметиме безгрижната доба на пресодзавање, Меин Стрит , С.А.Д. ќе ви ги врати среќните моменти . За помладите посетители , ова претставува авантура која не враќа во календарот во деновите на младоста на нашите дедовци .˝

Меин Стрит , С.А.Д. потсетува на Викторијанскиот период на Америка со својата возна станица , градски плоштад , кино , градско собрание , пожарникарски дом комплетиран со машина на пареа , стоковна куќа , продавници , галерии , двоспратен автобус , кочија со коњ , мини автобусчиња и други сувенири . Меин Стрит , С.А.Д. исто така претставува дом на уметничката галерија на Дизни и Операта која ги прикажува величествените моменти со г-дин Линколн - шоу кое прикажува аудио - аниматорска верзија на Претседателот . Постојат многу специјализирани продавници на Меин Стрит , С.А.Д. вклучувајќи ја и : продавницата за слатки , продавницата за накит и часовници , продавницата која продава предмети од Дизни креирани од разнобројни уметници и на крај продавница за шапки каде ја имате можноста сами да ги изберете ушите кои ќе бидат ставени на вашата капа , со специјална везилка . На крајот на Меин Стрит , С.А.Д. се наоѓа Замокот на заспаната убавица и централниот плоштад ( познат и само како центарот ) кој претставува врата кон повеќето тематски земји . Неколку земји не се директно поврзани со Централниот плоштад - имено плоштадот Њу Орлеанс , Земјата на животните и Измилсениот град на Мики .

Дизајнот на Меин Стрит , С.А.Д. ја користи техниката на присилена перспектива како би се креирала илузија за висина . Градбите ширум Меин Стрит , С.А.Д. се изградени ¾ градација на првото ниво , потоа 5/8 на вториот кат и 1/2 градација на третото ниво - сведувајќи ја градацијата со 1/8 на секое ниво нагоре .

Земјата на авантурите ( Адвентуреланд )[уреди]

Земјата на авантурите е дизајнирана да го рекреира чувството да се бидена некое егзотично - тропско место во некој далечен предел на светот . ,, Да креирам земја која ќе ме натера да ја сонувам реалноста .˝ изјавува Волт Дизни ,, се замисливме себеси далеку од цивилизацијата во далечните џунгли на Азија и Африка ˝.

Атракциите вклучуваат ден на отварање на возењето низ џунглата , Храмот на забранетото око во авантурата на Индиана Џонс и куќата на дрво на Тарзан , која всушност е конверзија на поранешната куќичка на дрво на швајцарската фамилија Робинсон од филмот на Волт Дизни ,, Швајцарската фамилија Робинсон ˝ . Волт Дизниевата Маѓепсана соба на африкански племиња е лоцирана до влезот на Земјата на авантурите е првата главна атракција каде со користат аудио - анимациите , компјутерска синхронизација на звук и роботика .

Плоштадот Њу Орлеанс ( Нењ Орлеанс Сљуаре )

Главен напис : Плоштадот Њу Орлеанс ( Нењ Орлеанс Сљуаре )

Плоштадот Њу Орлеанс претставува тематска област базирана на изгледот на Њу Орлеанс во 19 - тиот век , Јавно е отворен на 24 јули 1966 година . И покрај неговата ,, старост ˝ сеуште е популарен помеѓу посетителите на Дизниленд , како дом на едни од најпознатите атракции во паркот : Пиратите на Карибите , Куќата опседната од духови , вклучувајќи и ја ноќната разонода во Фантазмик ! . Исто така вклучен е и бродот на Марк Твеин , Едрилицата Колумбија и Пиратската пештера на островот на Том Соер . Гореспоменатите атракции понекогаш се по грешка наведени како атракции на Граничната земја .

Граничната земја ( Фронтиерланд )[уреди]

Граничната земја дава амбиент на пионерските денови долж Американската граница . Според Волт Дизни ,, Сите ние имаме причина зошто да бидеме горди на историјата на нашата земја , оформена од пионерскиот дух на нашите предци . Нашите авантури се креирани така што ќе ви го дадат шувството дека сте живееле , иако само накратко , во времето на пионерските денови во нашата земја .˝ Граничната земја е дом на Индијанците од боровата шума соединети од анимирани Американски староседелци кои живеат на бреговите на реките во Америка . Забавата и атракциите ја вклучуваат големата железница на страшната планина и стрелачката експозиција на Граничната земја . Граничната земја претставува исто така дом на Салонот на златната коњска потковица , палата изградена во старо западен стил . Моментално комедичната дружина ,, Били Хил и селаните ˝ ги забавуваат посетителите во Салонот на златната коњска потковица .

Земјата на животните ( Гриттер Цоунтрѕ )[уреди]

Земјата на животните е отворена во 1972 година како ,, Земјата на мечките ˝ и подоцна во 1988 е преименувана . Претходно областа претставувала дом на Индијанското село каде племенските домородци ги демонстрираат своите танци и други изведби . Денес главната во областа е Планината од која прска вода , долго патување со тобоган инспирирано од приказните на чичко Ремус од Џоел «ендлер Хрис како и анимираните извадоци од победничкиот филм на Дизни од 1946 година ,, Песната на југот ˝ . Во 2003 година мрачното возење наречено како ,, многуте авантури на Вини Пу ˝ ја заменуваат веселбата на Земјата на Мечките , која се затвара во 2001 година . Веселбата на Земјата на Мечките претставувала изведби кои вклучуваат ликови како мечки кои пејат , се воедно електронски визуелизирани , контролирани механичко анимирани кукли , познати аудио - аниматори .

Земјата на фантазиите ( Фантасѕ ланд )[уреди]

Земјата на фантазиите е област за која Волт Дизни самиот изјавува , ,, Кој млад човек не сонувал да лета со Петар Пан преку лондонската месечина , или пак да се преплетува во безсмислениот свет на Алиса од земјата на чудата ?˝ Во земјата на фантазиите овие класични приказни од младоста на секој поединец постануваат реалност за сите млади луѓе од сите возрасти . Земјата на фантазиите е оригинално стилизирана по средновековната европска мода , но реновирањето во 1983 година ја претвора во баварско село . Атракциите вклучуваат неколку мрачни возења , Вртелешката на Кралот Артур и многубројни семејни атракции . Земјата на фантазиите поседува многу оптички мамки лоцирани во самиот парк ; повеќето од половина се во ,, Летот на Петар Пан ˝ . Замокот на заспаната убавица прикажува приказна преку која се доловува авантурата на Трнот од ружата како Заспаната Убавица . Отворен во 1959 година , изменет во 1972 и подоцна затворен во 1992 поради безбедносни причини . За ,, Верувај , постои маѓија во ѕвездите ˝ повторно се отвара во 2008 година и ги прикачува новите интерпретации и методи на раскажување приказни како и обновената работа на Евинд Ерл ( а не Мери Блер ).

Замислениот град на Мики ( Мицкеѕ’с Тоонтоњн )[уреди]

Замислениот град на Мики е отворен во 1993 година и е делумно инспириран од измисленото предградие на Лос Анџелес од измислениот град од Студиото Волт Дизни вое во 1988 година го пушта во етер филмот ,, Кој го намести зајакот Роџер ? ˝ Измислениот град е базиран на цртаната уметност од 1930 година и претставува дом на најпознатите цртани ликови . Измилсениот град ги прикачува своите две главни атракции : Лудата железница и колата на зајакот Роџер која се врти . ,, Градот ˝ исто така е дом на куќите на цртаните ликови како на пример , Мики Маус , Мини Маус , Шиљо како и бродот на Доналд паторот.

За време на инаугурацијата во 1955 година Волт Дизни ги посветува следниве зборови за Земјата на иднината ,, Утрешнината може да биде извонредна година. Нашите научници денес ги отвараат вратите од Вселенската Година со достигнувања од кои бенефиции ќе имаат нашите деца и генерациите кои претстојат , атракциите на Земјата на иднината се креирани со цел да ви се пружи можност да учествувате во авантурите кои се веродостоен нацрт на нашата иднина .˝ Продуцентот на Дизниленд Вард Кимбал ( Њард Кимбалл ) ги имаше научникот на ракети Вернер вон Браун ( Њернхер вон Браун ) , Вили Ли ( Њиллѕ Леѕ ) и Хенз Хебер ( Хеинз Хабер ) кои му користат како технички консултанти за време на оригиналното остварување на Земјата на иднината . Првичните атракции ја вклучуваат Ракетата која води кон Месечината , Астро - Џет и Аутопиа  ; подоцна е додадена првата инкарнација на Патот со подморницата . Областа доживува голема трансформација во 1967 година со што станува Нова Земја на иднината и подоцна во 1988 кога нејзиниот фокус е сменет во ,, Ретро Иднина ˝ тематика која потсетува на илустрациите на Жил Верн .

Моменталните атракции ја вклучуваат Вселенската Планина , Иновација , Капетанот Мајкл Џексон , Аутопиа , Железницата на иднината , Ѕвездена орбита , атракцијата Вселенско патување низ годините , подморницата Барајќи го Немо , отворена на 11 јуни 2007 година претставувајќи ја оригиналната верзија Патувањето со подморниата која е затворена во јули 2010 година . Вселенските патувања : Авантурата продолжува во јуни 2011 година .

Драмска терминологија[уреди]

Персоналот на Дизниленд се служи со драмска терминологија . Ова е се со цел посетата на паркот да биде слична на сведоштво за некаква изведба - на пример кон посетителите се однесува како кон ,, гости ˝ а пак на вработените во паркот како ,, кастинг членови ˝.

,,Сцена˝ се подразбира за секоја област отворена за гостите . ,,Зад сцена ˝ се однесува на секоја област во паркот која е затворена за гостите . ,, Публика ˝ се однесува на толпата луѓе. ,, Костим˝ се однесува на облеката која вработените мора да ја носат за време на работниот ден . Термините како ,, униформа ˝ не се употребуваат. ,, Шоу ˝ е презентацијата на одмаралиштето за гостите , како на пример бојата и фасадите на градбите , местата за возење и атракции , костумите кои се совпаѓаат со тематските области . Кога гостите ја користат својата кредитна картичка дали за сувенири или пак храна од нив се бара ,, автограм ˝ . ,, Управители на сцената ˝ се луѓе одговорни за надгледување на сите области во паркот . Вработените кои се одговорени за секој посебен тим се наречени ,, водачи ˝ како што во филмот и театарот е ,, главната улога ˝ . Во пораните години канцелариите каде се водела административната работа биле нарекувани ,, продуктивни канцеларии ˝ . ,, Креатори на распоредот ˝ всушност го одредуваат работниот план на вработените и нивната неопходна работа додека ,, креаторите на сцената ˝ се одговорни за секојдневните измени во тој работен план ( како на пример промена на работното време , потребна измена на нечија смена и сл. )

Сечија работа на членовите е наречена ,, улога ˝ . Додека ги извршуваат своите улоги , членовите мораат да следат одредено ,, сценарио ˝ . Секако ова не е традиционално филмско сценарио , туку повеќе како ,, кодекс на однесување ˝ и одобрена тематска фразеологија која вработените можат да ја употребуваат за време на работното време .

На вработените во паркот многу често им се нагласува дека ,, не ˝ и ,, незнам ˝ не се дел од работното сценарио .

Зад сцена ( Бекстејџ - Бацкстаге )[уреди]

Бекстејџ областите опфаќаат затворени области на атракции , продавници , ресторани како и области за надворешно послучување лоцирани покрај овие градби . Исто така некои области во паркот Њу Орлеанс ( особено ) , содржат подземни операции и складишта , каде нема отворен парк со конекција од подземни тунели како коридорот на Светот на Волт Дизни .

Постојат неколку места за влез , надвор во паркот кои водат зад сцената : Бол Гејт ( Балл Гате ) , ТДА Гејт ( ТДА Гате ) , Харбор Поинт ( Харбор Поинт ) од Харбор Булевар и Винстон Гејт ( Њинстон Гате ) од парлиралиштето Дизниленд .

Патот Берм го заобиколува патот од кај Портата на п ожарникарскиот дом . (позади Меин Стрит С.А.Д. пожарникарската станица ) се до Портата на куќата на јајцата ( која е близу Дизниленд Опера Хаус ). Овој пат вака е именуван бидејќи генерално ја следи надворешноста на патеката од Дизнилендовата банкина . Едно простирање на патот , лоцирано помеѓу Земјата на иднината и булеварот Харбор се нарекува Патот на Шумахер . Патот има две тесни ленти и се води под железничката линија . Исто така има и два железнички моста кои се вкрстени со патот Берм ( банкина ) : еден позади Градското собрание а другиот позади Земјата на иднината .

Големи зад сценски градби го вклучуваат Франк Гехри ( Франк Гехрѕ ) кој го креира тимот на Дизни воАнахајм , каде повеќето одделенија од администрацијата сеуште работат , како и старата административна зграда позади Земјата на иднината . Старата административна зграда додатно е домаќин на Големиот Кањон и Светската историска диорама кои се видливи на Дизниленд железницата .

Северозападниот дел од паркот е домаќин на поголемиот капацитет во паркот , вклучувајќи ги  :

  • Сервис за поправка на возила , вклучувајќи ги Дизни трамваите за паркирање и Дизни паркингот : возила на Меин Стрит , С.А.Д.
  • Место за отпадоци , каде ѓубрето од паркот и рециклирачките материјали се собираат на куп .
  • Штала , место каде коњите и останатите животни кои му припаѓаат на паркот се згрижени .
  • Носечка воздушна парада и поткрепа
  • Дистрибутивен центар за сите трговци во одмаралиштето .
  • Простории за изнајмување коли .
  • Места за сликање
  • Места за пријавување

Бекстејџ ( или пак зад сцена ) исто така се однесува на некои делови од зградите кои секако гостите не се во можност да ги видат . Со ова всушност им се оневозможува на посетителите да ги гледаат индустриските области кои ја нагрдуваат ,, маѓијата ˝ и воедно ги штити од потенцијално опасната машинерија . Вработените исто така можат да ја најдат својата утеха додека работат или пак одмараат , бидејќи бекстејџот нуди алтернативни патишта помеѓу разноразните области во паркот .

Голем број од атракциите се сместени во големи сценско - озвучени градби , од кои некои се делумно или пак целосно замаскирани со надворешна тематика . Генерално , овие градби се бојадисани во загасита зелена боја во областите кои не се видливи за гостите ; наводно овој избор е направен со цел да се распознаваат градбите од лисјата и да бидат визуелно помалку опструктивни . ВолтДизни Инжињеринг ја нарекува оваа боја ,, Избледена зелена ˝ . Повеќето од нив имаат бели покриви како и стапки за вработените . Внатре се наоѓаат возилата , скриени патеки , области за послужување , соби за контрола и друг вид на операции кои се зад сценски .

Во овие области е забрането фотографирање , како надворешно така и внатрешно но и покрај овие забрани неколку фотографии осамнаа на неколку веб страници . Гостите кои имаат желба да истражуваат зад сцена се предупредени и често придружувани од сопствениците . Границата помеѓу НА и ЗАД сцена е обележана на секоја пристапна точка . Постојат голем број погодности за вработените зад сцената , за време на нивните паузи или пак пред или подоцна од закажаните смени . Бројни кафетерии предводени од Содексо , нудат попусти на оброците низ целиот ден . Ова ги вклучува Инн Бетњеен ( позади Плаза Инн ) , Еат Тицкет ( близу до тимот на Дизни од Анахајм , позади замислениот град на Мики ) и Њестсидер Грилл ( лоцирана приближно позади плоштадот Њу Орлеанс ). Партнерс Федерал Цредит Унион претставува кредитна заедница за вработените во Дизни компанијата во Оринџ Каунти и обезбедува приближно 20 банкомати кои вработените ги користат .

Превезување / Транспорт[уреди]

Волт Дизни долги години гаел интерес за транспорт , поточно возови . Неговата пасија за ,, челичниот коњ ˝ резултира со изградбата на минијатурна железница именувана како ,, Цароњоод Пацифиц Раилроад ˝ - на земјиштето на неговата имовина . За време на сите промени во Дизниленд во период од 17 години , кого Дизни го согледува , еден елемент останува постојан  : возот кој циркулира околу паркот . Боб Гур (Боб Гурр ) е првичниот креатор на возилата за превоз во паркот кој себеси си ја доделува титулата за Директор на Посебниот дизајн на возилата од 1954 година .

Железницата на Дизниленд[уреди]

Железницата на Дизниленд е таа која ја овозможува целата голема тура да се оствари низ Дизниленд , кратко должинска железница која содржи пет локомотиви на пареа , со додаток од три патни возови како и еден патничко - товарен воз . По потекло позната како железницата на Дизниленд и Санта Фе , железницата е претставувана како Атчисон , Топека и Санта Фе Железница се до 1974 година . Од 1955 година до 1974 година , железничкиот премин на Санта Фе се користел на местото од ,, Д ˝ купонот на Дизниленд . Со големина од три стапалки , најмалата измерена величина употребена во Северна Америка , лентата се води во постоен колосек околу Магичното Кралство и низ сите негови области . Секоја тура остварена во 19 век се состои од почетно тргнување од станицата на Меин Стрит на екскурзија која ги вклучува закажаните постојки на : Станицата нап лоштадот на Њу Орлеанс ; Автобуската станица на замислебиот град и Станицата на Земјата на иднината . Големата тура низ Дизниленд завршува со вклучување на посета на ,, Големиот Кањон ˝ , ,, Древниот свет ˝ диорами пред враќањето на патниците на Меин Стрит , С.А.Д.

Експрес линијата на Дизниленд[уреди]

Оригиналниот црвен експрес воз Марк и Алвег , со едно додадено возило , а потоа преименувано во Марк втори . Двата воза се специјално дизајнирани за потребите на Дизниленд . Другиот воз е идентичен , но само во сина боја . Лоцирани на станица пред Дизниленд хотелот во август 1963 година . Една од главните атракции на Дизниленд е неговиот експрес воз , кој е воедно отворен во Земјата на иднината во 1959 година како првиот дневен експрес воз во западната хемисфера . Експресниот водич остана речиси идентичен од 1961 година со исклучок на некои мали измени при изградбата на областа на Авантурите на Индиана Џонс . Во паркот се употребени пет генерации на експрес возови , бидејќи нивната лесна конструкција бргу се истрошува . Најскорешната ново отворена генерација на возови , Марк осми е ласнирана во 2008 година . Експресот ги префрла патниците помеѓу две станици , една лоцирана во паркот на Земјата на иднината а другата во центарот на Дизни . Вози по рута долга 2.5 милји ( 4 километри ) специјално дизајнирана да го прикаже паркот одгоре . Во моментов , возот Марк осми раководи со црвена , сина , и портокалова боја .

Црвениот експрес воз над Патувањето со подморницата ,, Барајќи го Немо ˝ во Земјата на иднината .[уреди]

Експресниот воз е првично дизајниран со една станица во Земјата на иднината . Неговата стаза е проширена со што е отворена втора станица кај Дизниленд хотелот во 1961 година . Со креирањето на центарот на Дизни во 2001 година настанува и новата станица на истиот , наместо кај Дизниленд хотелот . Физичката локација на експрес станицата не е променета , но оригиналната станица е уништена со самото редуцирање на хотелот , каде новата станица денес е разделена од хотелот со неколку градби во центарот на Дизни вклучувајќи јаи ЕСПИ Зоната како и Дождовното кафуле .

Возилата на Меин Стрит , С.А.Д[уреди]

Сите возила кои се наоѓаат на Меин Стрит , С.А.Д. се прецизно дизајнирани како би го доловиле старовремскиот век , во што се вклучени : двократен автобус , кочија која ја влече коњ , пожарникарска кола како и автомобили . Тие се достапни за превоз во само еден правец низ Меин Стрит , С.А.Д. . Кочиите се дизајнирани по пример на колите од 1903 година . Биле двоцилиндрични , со четири моторни коњски сили ( три киловатни ) со рачно управување . Дизни имал обичај да ги вози пожарникарските возила во повеќето утра пред отварањето на паркот . Исто така се употребувани за превоз на познатите личности и воедно организираните паради .

Дизниленд - платформа за слетување на хелихоптери[уреди]

Од раните 50 - ти години се до 1968 година Воздухопловната компанија Лос Анџелес овозможува редовно закажани летови со хелихоптер за своите патници , на релација помеѓу Дизниленд и Интернационалниот аеродром на Лос Анџелес ( како и неколку редови во областа ) . Првично хелихоптерите полетувале од платформата на Анахајм - Дизниленд , која е лоцирана позади Земјата на иднината . Подоцна сервисот е поместен во 1960 година кон нова платформа северно од Дизниленд хотелот . Пристигнатите посетители се пренесени до Дизниленд хотелот со Трамвај . Сервисот престанува со работа после две фатални несреќи кои сеслучуваат во 1968 година . Несреќата во Парамаунт , Калифорнија која се случува на 22 мај 1968 година каде воедно и загинуваат 23 лица ( најлоша хелихоптерска несреќа во историјата на авијатичарството во тоа време ) . Втората несреќа се случува во Комптон , Калифорнија на 14 август 1968 година , каде загинува 21 лице .

Перформанс во живо[уреди]

Како додавка на своите атракции , Дизниленд овоможува перформанс во живо низцелата површина на паркот . Повеќето од споменатите изведби не се прикажуваат денски , туку само во одредени денови во неделата , односно периоди во годината .

Ликови[уреди]

Многу од ликовите на Дизни може да се сретнат во самиот парк , како луѓе кои ве отпоздравуваат , луѓе кои си играат со децата и луѓе пак кои позираат за сликање . Некои од ликовите се појавуваат само во одредени области но и може понекогаш да се најдат заскитани . Периодично во изминатите декади ( а најчесто во летото 2005 и летото 2006 година ) ,Мики Маус ја искачува Планинската атракција неколку пати во денот заедно со Мини Маус , Шиљо како и други изведувачи . Од време на време можат да се видат и други планинари на Матерхорн . Од март 2007 година Мики со своите замислени пријатели не ја искачуваат повеќе Матерхорн , но самото планинарење продолжува .

Дневни настани

Секоја вечер на залезот на сонцето , се поставува војничко знаме за да се спушти / намали знамето на С.А.Д. тој ден , изведено до детали од безбедносниот персонал на Дизни . Оваа церемонија обично се одржува помеѓу 16 часот и 17 часот , зависно од понудената разонода на Меин Стрит , С.А.Д. како би се спречил евентуален конфликт со музиката и гужвата воедно . Дизни го објавува времето кога е закажано спуштањето на знамето во својот временски водич кој се дава при влезната рампа и секако по други локации низ паркот .

Дизниленд Бенд ( Тхе Диснеѕланд Банд )

Дизниленд Бенд е дел од паркот од самото негово отварање и ја толкува улогата на градски бенд на Меин Стрит , С.А.Д. . Исто така се разделува и во помали групи како Врискачите на Меин Стрит , С.А.Д. , Куќата и Ладен Компани , Бисерниот бенд во Земјата на фантазиите .

  • Фантазмик ! ( Фантасмиц ! )

Фантазмик ! кој дебитира во 1992 година , претставува популарно мулти - медијално ноќно шоу на Реките на Америка . Ѕвездата Мики Маус ги толкува ликовите и духот на играните ликови на Дизни и ја користи моќта на имагинацијата за да ги порази злобните насилници кои се обидуваат да го претворат неговиот сон со грозен кошмар . Оваа презентација е создадена во таверната Лафите која се наоѓа на крајот од пештерата на Пиратот на островот на Том Соер и ги користи реките на Америка како дел од сцената . За изведувачка арена ги користи Граничната земја и плоштадот Њу Орлеанс . Се состои од синхронизирано осветлување , специјални ефекти со летала , речниот брод на Марк Твеин , Патничкиот брод Колумбија , разни фонтани , ласери , огномети , високи 30 стапки - замаглени екрани - на кои се проектирани анимираните сцени и еден автоматизиран змеј кој испушта огромен оган долг цели 45 стапки .

  • Огномети

Усовршените огнометни шоуа се синхронизирани со песните на Дизни каде најчесто е присуството на Тинкербел и Дамбо , кои летаат на небото над замокот на заспаната убавица . Од 2000 година презентациите стануваат се повеќе усовршени , прикажувајќи нови пиротехники , активни техники и приказни линии . Во 2004 година Дизниленд прикажува нов воздушен пиротехнички систем , кој предизвикува чад и бучава но воедно и голем број на негативни влијанија врз самата околина . Во времето кога технологијата настапува , Дизни објавува дека ќе ги донира патентите во непрофитна организација за употреби во индустријата .

Редовни изведби со огномети

1958 - 1999 година - Фантазија на небото

2000 - 2004 година - Верувајте - Постои маѓија на небото

2004 - 2005 година - Фантазија на небото

2005 година претставува - Запомнете . . . Соништата се остваруваат

  • Специјални изведби со огномети

12 јуни 2009 година - 20 септември 2009 година - Магично : Огромна прослава на небото

25 септември 2009 година - 1 ноември 2009 година - Врисоци на Денот на вештерките

12 ноември 2010 година - 2 јануари 2010 година - Верувајте . . . Во празничната Магија

Од 2009 година Дизниленд преминува во ротирачки репертоар на спектакуларниве огномети

  • Годишен репертоар на огномети
  • Доцна зима / пролет : Запомнете . . . Соништата се остваруваат
  • Лето : Магично : Новиот спектакуларен ноќен огномет на Дизни за Магичните прослави
  • Неделата за Денот на независноста : Дизни ја слави Америка : Концерт на небото на 4 јули
  • Ексклузивната забава на Мики на Денот на вештерките : Врисокот на вештерките
  • За празници : Верувајте . . . во празничната магија

За време на празничната сезона има специјални огнометни претставувања наречени Верувајте . . . во празничната магија . Огномети кои се прикажуваат од 2000 година , со исклучок на паузата од 2005 година за време на прославата на 50 годишнината од паркот.

Закажувањата на огнометните шоуа зависи од времеснките периоди од годината . За време на послабите периоди , огнометите се нудат само за време на викендите . Но во време на позафатените периоди , Дизни нуди дополнителни ноќи . Паркот ги нуди своите огномети ноќе за време на позафатените периоди кои го вклучуваат Веллигденскиот / пролетниот одмор , летното време како и Божиќ . Дизниленд троши околу 41 000 долари за една ноќ за време на едно огнометно шоу . Нормално шоуто би почнало во 20 : 45 ако паркот е закажан да се затвори во 22 часот или пак подоцна . но некогаш изведбите започнувале и рано во 17 : 45 . Главен фацтор е времето / ветровите , особено на повисока надморкс височина , што може да допринесе до откажување на шоуто . Паркот обично чека додатни 15 минути да види дали ќе стивне ветрот . Шоута со некои помали исклучоци како на пример 4 јули и Нова година , мораат да завршат до 22 часот во согласност со дозволата на градот од Анахајм .

Ревијата на златната потковица[уреди]

Салонот на златната потковица нуди изведба на шо во живо кое ви дава чувство дека сте во Стариот запад . Ревијата на златната потковица е Американска гранична тематика и естрадно шоу во кое патуваат Слуефоот Суе и Пецос Билл . Се прикажува се до средината на 1980 година , кога е заменето со слично шоу во кое гостува Лили Лангтри или друго Мис Лил и Сем шанкерот . Најчесто Били Хил и Хилибис свират на своите гитари и бенџоа во блуграс комедичното шоу.

Дополнително пред салонот на златната потковица , хумористичниот Сток глуми неколку дополнителни скечеви со старо западна тематика .

Паради[уреди]

Дизниленд има прикажано голем број на разноразни паради кои патуваат во централната Меин Стрит , С.А.Д. - Коридорот на Земјата на фантазиите има дневни и ноќни паради кои ги слават Дизниевите филмови или пак сезонските празници со ликовите , музиката и големи топли . Едни од најпознатите параде на Дизни се : Електричната параде на Меин Стрит , С.А.Д. која сега се одржува кај Магичното кралство во Светот на Волт Дизни во езерото Буена Виста во Флорида .

Од 5 мај 2005 година па се до 7 ноември 2008 година како дел од прославата за 50 годишнината на Дизни , Волт Дизниевата парада од соништата е претставена , и ги прославува неколкуте познати стории на Дизни . . . Кралот лав , Малата сирена , Алиса во земјата на чудата и Пинокио .

Во 2009 година , Волт Дизниевата парада од соништата е заменета е со парадата Славете ! Уличната забава чија премиера е на 21 март 2009 година . Дизни не ја нарекува Славете ! Улична забава , него повеќе преферира кон изразот ,, уличен настан ˝ . За време на Божиќната сезона Дизни ја претставува парадата наречена Божиќна фантазија . На 30 јули 2010 година блогот на Дизни паркот ја најавува новата парада Микиевата сензационална параде , парада која ќе пристигне во 2011 година . Дебито на ова парада се случува на 27 мај 2011 година .

Терасата на Земјата на иднината ( Томорроњ Ланд )[уреди]

Терасата на Земјата на иднината е вушност сцена поставена во Земјата на иднината . Тоа е сцена која е на два дела поделена , каде подолниот дел излегува од под подното ниво . Оваа тераса е доста популарна во 60 - тите години кога на неа настапуваат музички изведувачи . Со надоаѓањето на годините заменета е со Клуб Базз , тематска сцена на Базз светлосната година и ја прикажува вселената со ликови од филмот Приказна за играчките . Во 2006 година е вратена на терасата на Земјата на иднината со истиот стар стил и дизајн како што е оригиналот . Сега претставува дом на Једи академијата за тренирање интерактивно сценско шоу каде дечињата се бираат како једи следбеници кои ги учат како да ракуваат со футуристичка сабја . Со тоа секое дете јаи ма можноста да ги искуси антагонистите од Војната на ѕвездите , Дарт Вадер и Дарт Маул . Исто така и локалните бендови се вратени да ги забавуваат луѓето во вечерните часови , исто како што тоа се правело на терасата на Земјата на иднината во далечните 60 - ти години .

Други изведби[уреди]

Алиса од земјата на чудата со останатите ликови од истоимениот филм , домаќин на ,, Музичките награди Дизни ˝ во освежувачкиот агол на Кока - Кола надополнет со регтајм пијанист .

Голем број на незакажани улични изведувачи свират и пејат низ целиот парк , некогаш и сезонски .

  • Американ Колеџ бендот има свои изведби во паркот во летната сезона . «ленови на бендот се талентирани студенти кои нормално се пријавиле на аудиција за да настапуваат во Дизниленд .
  • Рагтиме пиано изведувачот настапува во освежителниот агол на Кока - Кола , попознат како Кола- агол на Меин Стрит С.А.Д.
  • Ликовите од Алиса во земјата на чудата изведуваат шашав танц од ,, Дизни музичките столчиња ˝ во Кола - аголот секое попладне .
  • Бутстраперс е пиратски бенд кој изведува песни базирани на тематиката од филмот Пиратите на Карибите , со останати морнарски песни .
  • Дапер Данс е квартет кој изведува песни во хармонија на Меин Стрит , С.А.Д.
  • Пожарникарската сова пет плус два е бенд од Имагинатори , можат да бидат видени во пожарникарската куќа на Меин Стрит , С.А.Д.
  • Триото именувано како Канта за отпадоци е трио кое изведува музика со помош на канти за отпадоци во Земјата на иднината .
  • Многубројни бендови , вклучувајќи го и гитаристот со електрична гитара Ерни Меклин кој настапува соло или пак со џез бендот Џамбалаја , Сајд Стрит Шатерс , Ројал Стрит Бачелорс кои изведуваат стриктно џез музика нап лоштадот Њу Орлеанс .
  • За време на одморите , дополнителни мали групи за забава се додаваат , како на пример Каролерс кои настапуваат на Меин Стрит С.А.Д. во текот на целиот ден .

Публика / Присутност[уреди]

Присутност во Дизниленд паркот ( милиони )Ш19ЌШ20ЌШ21ЌШ22ЌШ23ЌШ24ЌШ25Ќ

Година 1955 1956 1957 1958 1959

Присутност 1 4 4.5 4.6 5.1

Година 1960 1961 1962 1963 1964 1965 1966 1967 1968 1969

Присутност 5 5.3 5.5 5.7 6 6.5 6.7 7.8 9.2 9.1

Година 1970 1971 1972 1973 1974 1975 1976 1977 1978 1979

Присутност 10 9.3 9.4 9.8 9.5 9.8 9.8 10.9 11 11

Година 1980 1981 1982 1983 1984 1985 1986 1987 1988 1989

Присутност 11.5 11.3 10.4 9.9 9.8 12 12 13.5 13 14.4

Година 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999

Присутност 12.9 11.6 11.6 11.4 10.3 14.1 15 14.2 13.7 13.5

Година 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009

Присутност 13.9 12.3 12.7 12.7 13.3 14.26 14.73 14.87 14.72 15.9

Од почетокот на отварањерто ан Дизниленд се до 1982 година , цената на атракциите спаѓала во сумата од билетот кој се добива при влез во паркот . Поситетителите на паркот плаќале мал додаток за билетот за да влезат во паркот , но билетот за повеќето од атракциите и објектите за возење бара од гостите да букираат билети кои имаат неколку купони , на почетокот обележани како ,,А˝ се до ,,Ц˝ . Овие купони исто така се продаваат индивидуално . Купоните ,,А˝ дозволуваат пристап кон помалите објети за возење и атракции како на пример возилата на Меин Стрит , С.А.Д. , додека ,, Ц˝ купоните се употребуваат за најпознатите атракции како возењето со Петар Пан или пак шолјичките за кафе . Со се поголемото претставување на поинтересните возења како Експрес возот и Матерхорн боб санката , се јавува производтсво на нови купони Д и Е купоните . Купоните може да се комбинираат да бидат еквивалентни на некој друг билет ( на пример купонот А е еквивалент на купонот Б ). Најчесто купонот именуван како Е купон се оснесува на сите ониеавантуристички возења кои се нудат во Дизниленд .

Подоцна Дизниленд воведува нилети именувани како Клучеви од Кралството , кои содржат 10 неискористени купони кои се купени за единечна цена . Овие купони може да се користат за било која атракција без оглед на нејзината редовна цена . Очигледно е дека овие купони ќе го антераат купувачот да ги искористи најлудите возења или атракции .

Во 1982 година Дизни доаѓа со идејата да се воведе една цена за билетите , со што посетителите би можеле да ги користат сите атракции и возења . ,, освен местата каде се стрела ˝ . Оваа идеја се покажува како доста исплатлива за Дизни , бидеќи луѓето секако плаќаат гоема сум за билетот без разлика дали ке седат неколку саати или пак подолго . А притоа се намалуваат трошоците за принтање единечни билети и слично . Подоцна Дизни воведува новитети во однос на билетите , Повеќе - дневни влезови , Пропусници на годишно ниво ( кои низ целата година дозволуваат неограничен влез во Дизниленд паркот ) и попусти во Јужна Калифорнија .

Незгоди , повреди и смртни случаи[уреди]

Главен напис : Инциденти во Дизниленд одмаралиштето

Од самото отварање на паркот во јули 1955 година , постојат голем број на несреќи , повреди и смртни случаи во Дизниленд .

Затворања[уреди]

Дизниленд има само три незакажани затварања од своето постоење од 1955 година ;

  • Во 1963 година , по атентатот на претседателот Џон Ф . Кенеди
  • Во 1994 година по инспекцијата после земјотресот
  • Дизниленд и Дизниленд паркот во Калифорнија се затворени по 11 напади кои се случуваат во септември .

Додатно Дизниленд имал и планирани затварања на паркот :

  • Во раните години , паркот често бил закажуван да се зтвара во понеделниците и вторниците во сезоната кога немало многу посетители .
  • На 4 мај 2005 година Паркот е затворен за 50 годишнината
  • Паркот исто така е затворан за да задоволи одредени настани , специјални прес прилики , за ВИП гости , за приватни забави ис л . Многу !есто одредена фирма го закупува паркот за цела една вечер .

Годишни промоции[уреди]

Денот на вештерките[уреди]

Секоја година во октомври , Дизниленд прави промоција на денот на вештерките , со што делови во паркот се украсуваат во налик на овој ден . Вселенската планина и Опседнатата куќа се привремено тематски украсени во однос на приликата .

Празници во Дизниленд одмаралиштето[уреди]

Од раниот ноември па се до првите денови од јануари паркот е константно декориран за празниците . Сезонската забава го вклучува огнометот Верувај - Во празничната магија и Парадата Божиќна фантазија , каде опседнатата куќа и малиот свет се привремено украсени .Замокот на заспаната убавица е исто така познат по тоа што е прекриен сиот со снег и е декориран со разнобојни сијалички за време на празниците .

Наводи[уреди]

Литература[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
  • Bright, Randy (1987). „Disneyland: Inside Story“. Harry N Abrams. ISBN 0-8109-0811-5. 
  • Gordon, Bruce and David Mumford (1995). „Disneyland: The Nickel Tour“. Camphor Tree Publishers. ISBN 0-9646059-0-2. 
  • Dunlop, Beth (1996). „Building a Dream: The Art of Disney Architecture“. Harry N. Abrams Inc.. ISBN 0-8109-3142-7. 
  • Marling, ed., Karal Ann (1997). „Designing Disney's Theme Parks: The Architecture of Reassurance“. Flammarion. ISBN 2-08-013639-9. 
  • Koenig, David (1994). „Mouse Tales: A Behind-the-Ears Look at Disneyland“. Bonaventure Press. ISBN 0-9640605-5-8. 
  • Koenig, David (1999). „More Mouse Tales: A Closer Peek Backstage at Disneyland“. Bonaventure Press. ISBN 0-9640605-7-4. 

Надворешни врски[уреди]

Search sister project Википарување има туристички водич за Дизниленд.