Дизниленд Париз

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Disney resort
Замокот на Заспаната Убавица
200px
ДИЗНИЛЕНД ПАРИЗ
Локација Marne-la-Vallée,
Paris, France
Ден на отварање 12 април 1992 (1992-04-12)
Сопственик Euro Disney S.C.A.
Веб-страна Disneyland Paris


Дизниленд Париз е туристички комплекс за одмор и рекреација кој се наоѓа во новосоздадениот град Marne-la-Vallée во источните предградијa на Париз, Франција.
Комплексот е лоциран на 32км. (20милји) од центарот на Париз и најголемиот дел од него се наоѓа во општината Chessy, Seine-et-Marne.

Се состои од два забавни парка, продавници, места за забава, ресторани, како и седум хотели во сопственост на Дизни. Пуштен во функција од 12ти Април 1992 година, тој беше вториот отворен Дизни комплекс надвор од САД (пред него беше отворен само Дизни комплексот во Токио) и првиот што беше поседуван и управуван од страна на Дизни.

Дизниленд Париз го поседува и управува француската компанија „Euro Disney S.C.A.ˮ, јавно претријатие на кое 39,78% од акциите ги држи компанијата Волт Дизни (The Walt Disney Company), 10% ги држи принцот Алвалид од Саудиска Арабија и 50,22% им припаќаат на други акционери. Главен управител на комплексот е Филип Гас, претседател и извршен директор.

Комплексот бил предмет на препирања во периодот кога се договарала неговата изградба кон крајот на 80-ите и почетокот на 90-ите, кога голем број истакнати личности од Франција изразиле спротивставување а биле одржувани и протести од страна на француските синдикати и други бунтовници. Уште една пречка по отварањето на комплексот било тоа што бројот на посетители на паркот, резервации во хотелите и приходите бил многу помал отколку што се предвидувал. Комплексот бил преименуван од Евродизниленд (Euro Disney Resort) во Дизниленд Париз (Disneyland Paris) во 1994 година. Во Јули, 1995 година, компанијата ја доживеала својата прва квартална добивка.

Вториот забавен парк Студијата на Волт Дизни (Walt Disney Studios Park) бил отворен за јавноста на 16ти март 2002 година. Со 15.405 посетители на двата парка Disneyland и Walt Disney Studios, во фискалната 2009та година, овие паркови биле најпосетуваните туристички места во Франција па и во Европа.

Содржина
1 Основа и развој
1.1 Хотели, места за рекреација и ресторани
1.2 Вработување
1.3 Контроверзии
1.4 Денот на отварањето
2 Финансиски статус, статус на посетеност и статус на вработеност
2.1 Пресвртот во 1995 година
2.2 По 2000 година
3 Промени на името
4 За комплексот
4.1 Забавни паркови
4.2 Други места за рекреација
4.3 Хотели
4.4 Превоз
4.5 Дизни зад сцената
5 Инциденти

Основа и развој

По успехот на Дизниленд во Анахајм (Anaheim), Калифорнија и светскиот комплекс Волт Дизни (Walt Disney World Resort) во Флорида, во 1972 година почнале плановите за изградба на еден таков забавен парк и во Европа. Под раководство на Е. Кардон Вокер (Е.Cardon Walker) во 1983 година бил отворен Tokyo Disneyland во Јапонија кој постигнал моментален успех, со што бил формиран катализатор за меѓународно проширување. Кон крајот на 1984 година, одговорните за поделбата на забавниот парк Дизни, Дик Нунис и Џим Кора (Dick Nunis and Jim Cora), ја изнесле листата за околу 1200 можни локации за изградба на паркот во Европа.

До март 1985 година, бројот на предложените локации се намалил на четири од кои две биле Франција и две во Шпанија. И двете нации гледале потенцијална економска добивка од забавниот парк Дизни, па се натпреварувале меѓусебно нудејќи му финансиски спогодби на Дизни. Двете шпански локации се наоѓале близу Медитеранското море па со оглед на тоа можеле да понудат суптропска клима слична на онаа што е присутна во Дизни парковите во Флорида и Калифорнија. Дизни исто така покажал интерес и за област близу Тулон (Toulon), во јужна Франција, недалеку од Марсеј (Marseille). Пријатниот пејзаж, како и пријатната клима ја поставиле таа област меѓу главните кандидати за она што ќе се нарече Евродизниленд. Меѓутоа под овој регион биле пронајдени дебели слоеви темел кои ќе ја отежнеа изградбата, па биле исфрлен од конкуренција. На крај бил избран предел во новосоздадениот град Marne-la-Vallée поради неговата близина до Париз и неговата централна локација во Западна Европа. Оддалеченоста од оваа локација била пресметана на не повеќе од четири часа возење за 68 милиони луѓе и на не повеќе од два часа летање за околу 300 милиони луѓе.

Мајкл Ајснер (Michael Eisner), извршниот директор на Дизни во тоа време, го потпишал првиот договор со француската влада за плац од 20 км² (4.940 хектари) на 18ти Декември 1985 година. Наредната пролет биле склучени првите финансиски договори. Крајниот договор бил потпишан од страна на управителите на компанијата Волт Дизни и од француската влада и територијалните колективитети, на 24ти март 1987 година. Изградбата започнала во август 1988 година, а во декември 1990 година бил отворен информативниот центар наречен „Espace Euro Disneyˮ со цел да и го прикаже на јавноста она што се градело. Плановите за изградба на друг забавен парк, покрај Евродизниленд, заснован на забавната индустрија Disney-MGM Studios Europe, брзо почнале да се реализираат, и се утврдил и рок за крајна реализација до 1966 година, со вложен буџет од 2,3 милијарди американски долари. Раководител на изградбата бил Бовис.


Хотели, места за рекреација и ресторан

За во голема мера да се контролира хотелскиот бизнис било одлучено 5.200 хотелски соби што се во сопственост на Дизни да бидат изградени во рамките на комплексот. Во март 1988 година, Дизни и комисијата на архитекти (Frank Gehry, Michael Graves, Robert A.M. Stern, Stanley Tigerman and Robert Venturi) се решиле за една исклучително американска шема според која секој хотел ќе потсетува на регион од САД. До денот на отварањето, април 1992 година, биле изградени седум хотели со вкупно 5.800 соби.

До 2017 година, „Евро Дизниˮ, според условите назначени во договорот кој го беше потпишал со француската влада, треба да ја заврши изградбата на уште 18.200 хотелски соби на различна оддалеченост од комплексот. Комплексот за забава, шопинг и вечера заснован на Walt Disney World's Downtown Disney е дизајниран од страна на Френк Гери.

Дополнително бил создаден и Дизни фестивал.

За проценетата секојдневна посетеност од 55.000 луѓе, Евро Дизни предвидел послужување на 14.000 луѓе на час во Евро Дизниленд паркот. За да се оствари тоа, 29 ресторани биле изградени во внатрешноста на паркот, 11 во хотелите на Евро Дизни и 5 во областа каде се одржувал фестивалот Дизни. Менито и цените варирале а доминантни биле американските зачини. Забраната за служење на алкохолни пијалоци во паркот, која била воведена од порано, останала и понатаму.

Биле монтирани и 2.300 патио седишта (30% од местата за седење во паркот) со цел да се задоволи желбата на Европејците да јадат на отворено во пријатни временски услови. Во кујните каде се создаваат нови типови на храна во Светот на Волт Дизни, рецептите биле прилагодени за европскиот вкус. Волтер Мајер (Walter Meyer), одговорен за проширувањето на листата со јадење во Евро Дизни и за послужувањето на храната во Светот на Волт Дизни изјавил: „Има некои работи што треба да ги смениме, но повеќето луѓе сеуште ни велат: Прави го своето. Прави го американското’.”


Вработување

За разлика од забавните паркови на Дизни во Америка, Евро Дизни имал замисла да има постојани вработени (со проценета потреба од 12.000 за самиот забавен парк), плус дополнителните сезонски и привремени вработени со скратено работно време. Центрите за кастинг биле поставени во Париз, Лондон, и Амстердам. Дизни барал работници со задоволителни комуникациски вештини, кои зборуваат два европски јазика (француски и уште еден), и кои се дружељубиви. За таа негова потреба, Евро Дизни го основал универзитетот Дизни за обучување на работници. До ноември 1991 година аплицирале 24.400 луѓе.


Контроверзии Изгледот на Дизни паркот во Франција бил предмет на многу дебати и контроверзии. Критичарите, меѓу кои беа и видните француски интелектуалци, го осудуваале сметајќи го за културен империјализам, односно непровинцијализам на Евро Дизни и сметале дека би го поттикнал во Франција нездравиот американски модел на консумеризам. За други пак, Евро Дизни претставувал само американски симбол во Франција. На 28ми јуни 1992 година, група француски земјоделци го блокирале Евро Дизни во знак на протест против земјоделските политики кои САД ги подржувале во тоа време.

Еден новинар во францускиот весник Le Figaro напишал: „Од сѐ срце посакувам бунтовниците да го запалат Евро Дизнилендˮ. Ариан Нуцкин (Ariane Mnouchkine), сценограф од Париз, изгледот го нарекол „Просветен Чернобилˮ, фраза која се одгласила во медиумите и постоела напоредно со Евро Дизни во неговите почетни години.

Како одговор на тоа, францускиот филозоф Мишел Серес (Michel Serres) истакнал: Не е Америка таа која сака да не нападне. Ние сме тие кои сакаме да бидеме освоени и кои ја обожаваат нејзината мода и нејзините изрази. Тогашниот директор на „Евро Дизни С.Ц.А.ˮ Роберт Фицпатрик (Robert Fitzpatrick) пак одговорил: „Кога почнавме со работа ние не му ставивме беретка и багет на Мики Маус. Ние сме тие кои што сме.ˮ Исто така излегло на виделина и тоа дека потеклото на презимето на Волт Дизни е од едно село во Нормандија, Isigny-sur-Mer. Со Волт во целина (Walt d’Isigny) , d’Isigny звучи како Дизни.

Понатамошни контроверзии настанале поради барањето на американските менаџери на Дизни на сите состаноци да се зборува англиски, како и поради составениот Кодекс на Дизни за правата на членовите на персоналот. Во него биле наведени правила и ограничувања за употребата на шминка, брада, тетоважи, накит.

Француските синдикати покренале протести против Кодексот сметајќи го за ограничување на индивидуалната слобода. Многумина го критикувале Дизни дека е безобѕирен за француската култура, индивидуализмот и приватноста, исто поради ограничувањата на слободите на поединците или колективот кои според Француското право се илегални, освен ако може да се докаже дека се неопходни за работата и дека се во одредена мера. Дизни се спротиставил велејќи дека правото кое ги спречува во поставување на таков стандард за вработување како нивниот би можело да ја загрози сликата и долгорочниот успех на паркот. Тор Дегелмен (Thor Degelmann), директор на персоналот на Евро Дизни изјавил: „ Ние сметаме дека Кодексот на однесување има одличен ефект од гледна точка на идентификација на производот. Без него не би можеле да го претставиме производот на Дизни кој луѓето го очекуваатˮ.


Денот на отварањето

Комплексот Евро Дизни, со забавниот парк во негов склоп Евро Дизниленд, официјално биле отворени на 12ти Април 1992 година. Посетителите биле предупредени на сообраќаен метеж а претходно спроведената анкета покажала дека половина милион луѓе со 90.000 автомобили ќе се обидат да влезат во комплексот. Француското радио ги предупредило автомобилите да ја заобиколуваат областа. До пладне, паркингот бил речиси половина исполнет, што укажало на присуство на околу 25.000 луѓе.


Финансиски статус, статус на посетеност и статус на вработеност

Во мај 1992 година, забавното списание The Hollywood Reporter известило дека 25% од работната сила во Евро Дизни т.е. околу 3.000 мажи и жени поднеле оставка поради неприфатливите работни услови. Исто така било изјавено и дека посетеноста на паркот била далеку помала од очекуваната. Сепак, разочарувачката посетеност можела барем делумно да се оправда поради рецесијата и зголемената невработеност кои во тоа време ја погодиле Франција. Кога започнала изградбата на комплексот, економијата сеуште била во пораст.

„Евро Дизни С.Ц.А.ˮ дал интервју за The Wall Street Journal, каде како негов претставник Роберт Фицпатрик (Robert Fitzpatrick) наведил дека само 1000 луѓе ги напуштиле работните места. Како одговор за финансиската сосотјба Фицпатрик укажал на тоа дека проектот на Disney-MGM Studios Europe ќе биде ставен на пауза се додека не биде донесена понатамошна одлука. И хотелските цени се намалиле.

И покрај напорите, во мај 1992 година дневната посетеност на паркот изнесувала околу 25.000 луѓе (според некои извештаи 30.000), што било половина од претходно, кога паркот дневно го посетувале и до 60.000 луѓе. Цените на акциите на компанијата Евро Дизни скокале надоле и на 23ти јули 1992 година Евро Дизни ја објавил очекуваната нето загуба во својата прва година од работењето, која изнесувала околу 300 милиони француски франци. Во текот на првата зима од отварањето на Евро Дизни посетеноста на хотелите била многу мала и поради тоа било одлучено да се затвори Newport Bay Club во текот на сезоната.

Единствена надеж им била просечната дневна добивка од 33 американски долари од посетител, но кон крајот на 1992та анализите покажале 12% помала добивка од очекуваната. Напорите да се зголеми посетеноста вклучиле и послужување алкохолни пијалоци заедно со храната во внатрешноста на паркот од 12 јуни 1993 година, како претпоставка дека тоа е она што го бараат Европејците.

Во јануари 1994 година, Санфорд Литвак (Sanford Litvack), адвокат од Њујорк и поранешен американски помошник јавен обвинител, бил назначен за главен преговарач во однос на иднината на Евро Дизни. На 2б февруари Литвак дал понуда (без согласност од Ајснер или Френк Велс) да се поделат долговите помеѓу доверителите на Евро Дизни и Дизни. Ајснер и Велс ги известил дури откако банките пројавиле интерес. На 14 март, денот пред годишниот состанок на акционерите, банките се согласиле на барањата на Дизни.

Банките доверители купиле акции на Евро Дизни во вредност од 550 милиони американски долари, опростувајќи му 18 месеци камата и 3 години одложено плаќање на каматата. Дизни инвестирал 750 милиони американски долари во Евро Дизни и му биле одобрени 5 години одложено плаќање. Во јуни истата година принцот на Саудиска Арабија Al-Waleed Bin Talal Bin Abdulaziz Al Saud оформил договор според кој компанијата Волт Дизни откупила 51% од новите акции во вредност од 1.1 милијарда американски долари. Останатиот процент му бил понуден на веќе постојаните акционери со каматна стапка под нормалната, а во случаи кога останувале не купени акции од страна на акционерите, принцот ги купувал истите.


Пресвртот во 1995 година

На 31 мај 1995 година во забавниот парк била изложена нова атракција, Space Mountain: De la Terre à la Lunа, планирана уште од почетокот кога Евро Дизниленд бил именуван како Discovery mountain, но резервирана за во погодно време, за оживување на јавниот интерес. По реконструкција на атракцијата од 100 милиони американски долари (која ја имала својата премиера како Space Mountain во Walt Disney World Resort's Magic Kingdom во 1975 година), истата била отворена со церемонија на која присуствувале познати личности како Елтон Џон, Клаудија Шифер и Баз Олдрин.

На 25 јули 1995 година „Евро Дизни С.Ц.А.ˮ го пријавил својот прв квартален профит од 35,3 милиони американски долари. На 15 ноември веќе можеле да се увидат резултатите од фискалната година заклучно со 30 ноември. За период од една година, посетеноста на забавниот парк се искачила од 8,8 милиони на 10,7 милиони луѓе, т.е. бил забележан пораст од 21%. Исто така пораснал и бројот на хотелските резервации од 60 на 68,5%. По исплаќањето на долгот, Дизниленд Париз ја завршил годината со нето профит од 22,8 милиони американски долари.


По 2000 година

Во 2002 година „Евро Дизни С.Ц.А.ˮ и компанијата Волт Дизни објавиле уште еден годишен профит за Дизнилинед Париз. За жал, во наредните три години доживеале нето загуба. Во 2005 година компанијата Волт Дизни се согласила да ги отпише сите долгови направени од страна на „Евро Дизни С.Ц.А.ˮ. Во 2007 година паркот бил во долгови од околу 2 милијарди американски долари. Во август 2008 година Дизниленд Париз бил најпосетуваната атракција во Европа, со повеќе посетители од Лувр и Ајфеловата Кула заедно.


Промени на името

Дизниленд Париз и неговиот имот претрпеле многубројни измени на името, првенствено за надминување на негативниот публицитет кој постоел уште од создавањето на Евро Дизни.

Мишел Ајснер изјавил:

„Американскиот збор ,euro’ е со значење гламурозен или возбудлив. Европејците го поврзуваат овој термин со бизнис, валута и трговија. Преименувањето на паркот Дизниленд Париз беше со цел да биде препознатилив како еден од најромантичните и возбудливи места во светотˮ.


За комплексот

Дизниленд Париз зафаќа површина од 4.800 хектари (19км²) и се состои од два забавни парка, 7 комплекс хотели, 6 поврзани хотели, голф терен, железничка станица и нов град: Val d’Europe.


Забавни паркови

Паркот Дизниленд е создаден по шема првично воведена од Дизниленд во Калифорнија а потоа применета и во Магичното Кралство во Флорида и Токио Дизниленд во Јапонија. Зафаќајќи површина од 566.560м² (140 хектари) тој е најголемиот парк создаден врз основа на оригиналниот во Калифорнија.

На 16ти март 2002 година беа отворени вратите на Студијата на Волт Дизни (Walt Disney Studios Park). Овој парк зафаќа површина од 270.000м² и претставува продолжение на претходниот, нереализиран концепт, the Disney-MGM Studios Europe.

Во мај 2010 година ТЕА ((Themed Entertainment Association) го објави нејзиниот годишен извештај за посетеноста на парковите во 2009 година. Тој изгледаше вака:

• Дизниленд Парк: 12.740 посети (со што се најде на 4тото место во светот по посетеност) и

• Волт Дизни студио парк: 2.665 посети

Другите места за забава

Во Дизни селото се наоѓаат многу ресторани, барови, продавници, Buffalo Bill's Wild West Dinner Show и други места чие работно време продолжува по затварањето на парковите.

Теренот за голф (Golf Disneyland) има вкупно 9 дупки и 18 курсеви.


Хотели

Во составот на комплексот се наоѓаат седум хотели. Хотелот Дизниленд се наоѓа на влезот на Дизниленд паркот и е познат како најпрестижниот хотел на имотот. Езерото Дизни е опкружено со Disney's Hotel New York, Disney's Newport Bay Club и Disney's Sequoia Lodge. Disney's Hotel Cheyenne и Disney's Hotel Santa Fe се наоѓаат близу езерото. Disney's Davy Crockett Ranch се наоѓа во шумскиот предел надвор од комплекот.

Во Дизниленд Париз се изградени и шест поврзани хотели (Marriott's Village d'lle-de-France, Radisson BLU Hotel, Vienna International Magic Circus Hotel (претходно познат како Holiday Inn Magic Circus Hotel), Vienna International Dream Castle Hotel, MyTravel's Explorers Hotel and a Kyriad Hotel, кои не се управувани од страна на „Евро Дизни С.Ц.А.ˮ Овие хотели обезбедуваат бесплатни автобуски превози до парковите.


Превоз

Железничката станица на Marne-la-Vallée – Chessy се наоѓа помеѓу двата забавни парка и Дизни селото. Ставенa е во функција од 1 април 1992 година со приклучување кон предградската RER мрежа, линија А. Бесплатни автобуски превози беа обезбедени за транспорт до сите Дизни хотели ( освен до Disney's Davy Crockett Ranch).


Зад сцената на Дизни

Во Дизниленд Париз постојат многу строги но прекриени правила во самиот систем на Дизни. Фотографирањето и снимањето се строго забранети а на границите на Дизни парковите се поставени градби за да покријат одредени области кои не треба да бидат видени. Паркот има многу влезови. Кога се отворени споредните врати на паркот може да се види само дел од волшепството на Дизни. Бидејќи комплексот е многу простран, вработените и тимот на Дизни користат автобуси до различни места од паркот.


Инциденти

Во паркот се имаат случено три инциденти, а две лица ги имаат изгубено животите. Вработените од паркот биле вклучени во два од инцидентите. Едниот инцидент е инцидентот Mouse Orgy кој се случил кога вработените приредувале непристојни изведби.
Category:Disney