Рио де Жанеиро

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Рио де Жанеиро
São Sebastião do Rio de Janeiro (Rio de Janeiro)
Rio de Janeiro Helicoptero 47 Feb 2006.jpg
Официјално знаме на Рио де Жанеиро
Знаме
Официјален грб на Рио де Жанеиро
Грб
Локација
Локација на Рио де Жанеиро
Рио де Жанеиро во истоимената држава во Бразил
Општи податоци
Име
- изворно
Рио де Жанеиро
  São Sebastião do Rio de Janeiro (Rio de Janeiro)
Прекари Рио
Cidade Maravilhosa (Прекрасниот Град)
Основан Естасио де Са
1 март 1565-та
Официјална страница [1]
Управа
Земја Бразил
Држава Рио де Жанеиро
Градоначалник Едуардо Паес
Географија
Површина 1,182.3 km²
Население
Население 7,145,472 (2007)
Густина 4,781 ж./km² (2007)


Поглед од врвот Корковадо

Рио де Жанеиро (португалски: Rio de Janeiro - Јануарска река) е име на градот во државата Рио де Жанеиро во југоисточен Бразил. Рио де Жанеиро е бивши главен град на Бразил (од 1763 до 1960) и португалското царство (од 1808 до 1821). Спектакуларно природно оркужување, карневали, самба и плажи како што се Копакабана, Ипанема и Леблон се тоа по што се препознава Рио. Сепак, најпозната атракција и заштитен знак на градот е едно од 7 светски чуда, статијата Исус, позната како Cristo Redentor на врвот Корковадо. Меѓутоа, тука се и врвот Шеќерна Глава со жичара која иде до неговиот врв, потоа Самбодро за време на карневалот, како и стадионот Маракана, еден од најголемите во светот. Проценката на бројот на населението за 2005 година е 6,094,183, а во широкиот круг на градот е проценето дека живеат помеѓу 11 и 12 милиони жители. Сепак, Рио не е најголем град во Бразил, но веднаш после него е Сао Паоло. Луѓето од Рио се нарекуваат Кариоке, а неслужбена химна на градот е Cidade Mravilhosa - Чудесен Град.

Рио де Жанеиро во 2016 година ќе биде првиот јужноамерикански град-домаќин на едни Олимписки игри. Оваа информација беше објавена од страна на МОК во Копенхаген на 2 октомври 2009.

[уреди] Делови на градот

  • Историски центар
  • Јужна зона - туристичка зона со познати плажи
  • Северна зона - индустриска зона
  • Западна зона - со новиот дистрикт Barra de Tijuca

[уреди] Јужна зона

Хотелот Copacobana Palаce е еден од најпознатите и најлуксузните хотели во Рио. Изграден е дваесетите години од 20 век.

Јужната зона на Рио де Жанеиро се состои од неколку квартови, меѓу кои се Сао Конрадо, Леблон, Ипанема, Апоадор, Копакабана и Леме, кои се чинат најпозната островска линија во Рио.

Копакабана освен плажата е позната и по најспектакуларниот дочек на нова година, каде повеќе од 2 милиони луѓе ја чекаат новата година на песок и го гледаат новогодишниот огномет.