Јужна Америка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Положбата на Јужна Америка на Земјата
Сателитска снимка на Јужна Америка
Држави во Јужна Америка.
Физичка карта на Јужна Америка.

Јужна Америка е еден од седумте континенти на планетата Земја. Се наоѓа на јужната земјина полутопка, односно во јужната хемисфера. Таа е дел од целокупното копно Америка, инаку поделено на три континенти, меѓу кои спаѓа и Јужна Америка (покрај северна и средна Америка). Името на овој континент, исто како и на другите две Америки, доаѓа од името на италијанскиот морепловец Америго Веспучи.

Јужна Америка зафаќа површина од околу 17,818,508 км2 и има население од околу 355,070,540 жители. Според овие податоци, Јужна Америка е на четврто место во светот во секоја од овие две категории, по Евроазија, Африка и Северна Америка.

Содржина

[уреди] Географија

Најистурените координати на Јужна Америка се:

Јужна Америка е претежно низински континент. Најголемите планини се наоѓаат на запад, а тоа се Андите. Највисока точка на континентот е врвот Аконкагва (во Аргентина, на Андите), додека најниската се наоѓа во Амазонската низина (Бразил). Најголема (најполноводна) река е Амазон. Најголемо езеро во Јужна Америка е езерото Титикака кое се наоѓа во Перу.

[уреди] Држави во Јужна Америка

Во Јужна Америка се наоѓаат дванаесет независни и меѓународно признати држави и две територии:

Зависните територии се:

[уреди] Геологија

Јужна Америка настанала со одделување од огромното копно Гондвана, која ги зафаќала и денешна Африка, Индискиот потконтинент и дел од Антарктикот. Поконкретно, таа се издвоила од Африка, за што ни сведочи и денешниот облик на континентот. Овој континент се споил со Средна Америка (а со тоа и со Северна) со формирањето на Панамскиот истмус.

[уреди] Види исто така

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици