Асунсион (во превод „успение“, шпанско целосно име, La Muy Noble y Leal Ciudad de Nuestra Señora Santa Maria de la Asunción, кратко, Asunción; гварански: Paraguay) е главен и најголем град во Парагвај.
Областа наречена „Гран Асунсион“ ги вклучува градовите Сан Лорензо, Фернандо де ла Мора, Ламбаре, Луке, Мариано Роке Алонсо, Њемби Сан Антонио, Лимпио, кои се дел од Централниот оддел. Во областа Голем Асунсион има повеќе од 1.9 милиони жители. Асунсион се наоѓа на 25 ° 16'S 57 ° 40'W (-25,2667, -57,6667). Општина Асунсион е регистрирана наберзата Асунсион, како BVPASA: MUA, уникатна карактеристика на секој град. Асунсион е дом на националната влада и индустриски и културен центар на земјата.
Демографија [уреди]
- Религија
Поголемиот дел од населението на Асунсион се следбеници на Римокатоличката црква. Сепак во градот постојат оратории и верски објекти и на останати малцински религиски групации, како што се Мормоните, Будистите, Евреите и други. Во последните години се појавиле и атеистички и агностички движења.[1]
- Јазик
Најголем јазик во Асунсион е шпанскиот јазик, кој го зборуваат околу 56.9% од целокупното население на градот. Втор најголем јазик во градот е гваранскиот јазик, кој го зборуваат околу 11.1% од населението. Околу 27.4% од асунсионското население зборува на хопара, јазична мешавина (пиџин) од шпански и гварански. Околу 4.5% од населението зборуваат на друг јазик.[2]
- Население
Асунсуон има население од околу 540.000 жители.[3] Околу 30% од населението на Парагвај, кео брои нешто околу 6 милиони, живее во метрополитенската област Голем Асунсион. 65% од вкупното градско населеие на Асунсион е под 30 години.[4]
Населението на градот се зголемило во последните неколку декади, како последица на внатрешната миграција во Парагвај, односно доселување на луѓе од внатрешноста на Парагвај во Асунсион и регионот. Првичното доселување на население било како последица на екононмскиот развој во 1970-те години, а подоцна како резултат на економската рецесија во внатрешноста на Парагвај. Така, со тек на времето се развила метрополитенската област Асунсион, која покрај Асунсион ги вклучува и градовите: Капијата, Луке, Сан Лорензо, Лимпио, Њемби, Ламбаре, Итаугва, Фернандо де ла Мора, Вилја Елиса, Маријано Роке Алонсо и Сан Антонио. Овие градови во апсорбирале новото доселено население поради ниските цени на земјиштето и лесната достапност на Асунсион.
Асунсион бил означен како најефтин град за живеење од страна на Консалтингот за човекови рерсурси Мерсер.[5]
- Структура на населението на Асунсион по возраст и пол.
| возраст |
население (попис 2002) |
мажи |
жени |
| 0 до 4 год. |
45 382 |
23 058 |
22 374 |
| 5 до 9 год. |
46 120 |
23 330 |
22 324 |
| 10 до 14 год. |
46 272 |
22 985 |
23 287 |
| 15 до 29 год. |
155.675 |
71 885 |
83 790 |
| 30 до 59 год. |
164 367 |
75 871 |
88 496 |
| 60 и повеќе год. |
54 296 |
21 686 |
32 610 |
| вкупно |
512 112 |
238 815 |
273 297 |
|
- Демографски развој на Асунсион.[6]

|
|
Поглед кон стариот дел на Асунсион.
Административна поделба [уреди]
- Окрузи
Асунсион, административно, е поделен на шест окрузи:
|
|
Карта на окрузите во Асунсион.
|
- Соседства
Шесте окрузи на Асунсион се поделени на 70 соседства:
Поглед кон Гран Асунсион.
Збратимени градови [уреди]
Асунсион е збратимен со:
Росарио, Аргентина
Ла Плата, Аргентина,[7]
Буено Аирес, Аргентина
Формоса, Аргентина
Кориентес, Аргентина
Резистенсија, Аргентина
Посадас, Аргентина
Санта Фе, Аргентина
Икике, Чиле
Кампинас, Бразил
Куритиба, Бразил
Сао Паоло, Бразил
Каракас, Венецуела, 1982[8]
Трухилјо, Перу
Санто Доминго, Доминиканска Република
Чиба, Јапонија
Мадрид, Шпанија
Мајами, САД
Тајпеј, Тајван
Богота, Колумбија
Санта Круз де ла Сиера, Боливија
Мексико, Мексико
Пуебла де Зарагоза, Мексико, 2009
Галерија [уреди]
-
Трговски центар во Асунсион.
-
-
-
-
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
|
|
|
| Главен град |
|
|
| Метрополитенски области |
|
|
| Градови со над 100.000 жители |
|
|
|
|
|