Сантјаго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сантјаго
Flag of Santiago
Грб на Сантјаго
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Чиле" does not existЛокација во Чиле
Координати: 33°27′S 70°40′W / 33.450° ЈГШ; 70.667° ЗГД / -33.450; -70.667Координати: 33°27′S 70°40′W / 33.450° ЈГШ; 70.667° ЗГД / -33.450; -70.667
Земја Чиле
Основање12 февруари 1541
Површина
 • Градска6,410 км2 (247,6 ми2)
Надм. вис.&10000000000000521000000521 м
Население (2009)
 • Градско5,145,599
 • Густина8,470/км2 (21,925/ми2)
 • Градскo5,1 милиони
 • Метро7,2 милиони
Часовен појасCLT (UTC−3)
Поштенски код8320000
Повик. бр.+56 2
Мреж. местоМатична страница

Сантјаго, офиц. Сантјаго де Чиле (шпански: Santiago de Chile) — главен град на Чиле и центар на најголемата контрибуција на државата — Големо Сантјаго. Сместено е во средината на државата, на надморска височина од 520 м. Иако е административен центар, законодавната власт се наоѓа во градот Валпараисо.

Апроксимирано од две декади непреќинлив економски развој градот е престорен во еден од најмодерните центри на Јужна Америка со екстензивиран приградски развој, градот има многу шопинг центри, и импресивна вискоградбена архитектура. Градот ја има една од најмодерните Неалатина транспортна архитектура. Сантјаго е седиште на важни компании како управа на нивните регионални експозитури.

Историја[уреди | уреди извор]

Основањето на Сантјаго во 1541. Слика на Педро Лира

Сантјаго е основан од страна на Шпанскиот конквистадор Педро де Валдивија на 12 февруари во 1541 година под името Сантјаго дел Нуево Екстремо како респект на Св. Јован и Екстрамадура, родното место на Валдивија во Шпанија. Церемонијата на основање на градот е одржана ридот Хуелен (подоцна преименуван во Церо Санта Лусија). Валдивија ја избрал локацијата на Сантјаго поради климата на областа. Првите градби се издигнати со помошта на домордното население Пицунче. Градот е изграден на рефлексија на традиционалната шпанска архитектура во американските колонии. Советот на градот станал и администрација на цело Чиле додека шпанците ги продолжувале освојувањата на југ. Советот ги загубил административните и воени права кога шпанскиот крал именувал управник на Чиле. Поради тоа што резиденцијата на управникот била во градот, градот станал и престолнина на Кралство Чиле. 11 септември 1541 г. градот е уништен од домородците. Во 1550-тите градот се консолидирал благодарение на изградбата на пристаништето Валпараисо. Шпанскиот крал го признал напредокот на градот и му ја подигнал титулата од населено место во град на 5 април 1552. Градот бил разрушуван од земјотреси во 1647 и во 1730. По војната за независност (1810-1818) Сантјаго станал главен град на Чилеанската Република. Во 19 век бил мал град со малку згради, цркви и цивилни згради. Забележителности биле изградени во 1910 за време на славењето на независноста од Шпанија. Трансформацијата во модерна агломерација почнала во 1930. Во денешни денови е еден од најважните финансиски центри на Латинска Америка.

Демографија[уреди | уреди извор]

Урбаната агломерација на Сантјаго нараснала од 902.000 жители во 1940 г. на 2.820.800 жители во 1970 г., до 4.750.000 во 1992 г. Во 2006 достигнува 6.670.000 жители.