Бокерон (департман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бокерон
Boquerón
—  департман  —

Знаме

Грб
Координати: 21°31′ ЈГШ 60°42′ ЗГД / 
Држава  Парагвај
Регион
Основан
Адм. центар Филаделфија
Површина
 • Вкупна 91.669 км2
Население (2002)
 • Вкупно 45.617 жит.
Час. појас AST (UTC-04)
 • Лете (DST) ADT (UTC-03)
ISO 3166 PY-19
Окрузи 3

Бокерон (Boquerón) е департман во Парагвај. Департманот се наоѓа во западниот дел на државата. Со своите 91.669 километри квадратни Бокерон е најголем департман во државата. Бокерон има вкупно население од 45.617 жители според пописот од 2002 година. Главен град на департманот е градот Филаделфија, а покрај него позначајни градови се Хенерал Еугенио А. Гарај, Доктор Педро П. Пења и Марискал Естигарубија.

Во западниот дел на Парагвај живее само 2% од вкупното население на државата, но во овој регион се произведуваат околу 65% од вкупните количини на млеко и месо на Парагвај. Во 1945 година Бокерон бил поделен и новиот департман се викал Нуева Асунсион или „Нов Асунсион“. Но во 1992 година Нуева Асунсион бил повторно припоен кон Бокерон.

Географија[уреди]

Бокерон се наоѓа во регионот Западен Парагвај. Вкупната површина на департманот е 91.669 километри квадратни и население од 45.617 жители според пописот од 2002 година. Голем дел од површината на департманот е рамничарски.

На север департманот се граничи со департманот Алто Парагвај. На југ департманот се граничи со Аргентина, на исток со департманот Пресиденте Ајес и Алто Парагвај. На запад департманот граничи со Боливија.

Просечната температура на департманот е 25 степени целзиусови. Овој департман се нарекува и како Сув Чако, бидејќи преку лето во овој департман има најтопли денови. Добар дел од територијата на департманот е дел од географскиот регион Чако.

Демографија[уреди]

Департманот во последно време го има најголемиот природен раст на населението, кој изнесува 12.4% годишно. Карактеристично за овој департман е големиот број на староседелско население. Според пописот од 2002 година во департманот живееле 45.617 жители од кои 19.945 жители се староседелци. Од староседелците во департманот има Гварани, Ниваклејци, Манхујци, Тобанци, Гварајоси, Ангаитејци и Тапиетејци. Овој департман има најголем број староседелци од сите департмани во државата.

Административна поделба[уреди]

Департманот е поделен на три окрузи:

окрузи население (2002)
Филаделфија н.п.
Лома Плата н.п.
Марискал Естигарибија 41.106

Наводи[уреди]

  • Geografía del Paraguay - Editorial Hispana Paraguay S.R.L.- 1a. Edición 1999 - Asunción Paraguay
  • Geografía Ilustrada del Paraguay - ISBN 99925-68-04-6 - Distribuidora Arami S.R.L.
  • La Magia de nuestra tierra. Fundación en Alianza. Asunción. 2007.

Поврзано[уреди]