Гварани
| Вкупно население |
|---|
| 257,400 (проценка) |
| Региони со значително население |
| Парагвај, Аргентина, Бразил, Боливија |
| Јазик |
| Религија |
|
Католицизам, Протествантство, Амимизам |
| Сродни народи |
Гвараните се јужноамерикански староседелски народ. Мајчин јазик на Гвараните е гваранскиот јазик, карактеристика која ги одвојува од сродните Тупијците. Традиционалната гваранска територија е денешен Парагвај, меѓу реките Уругвај и Парагвај, но и во делови во северна Аргентина, источна Боливија и јужен Бразил.[1] Иако нивната демографска доминација во регионот била засенета од шпанските колонизатори и доселеници од Европа, денес сè уште има значајни гварански заедници. Така, гаваранскиот јазик на широко се зборува во гваранските територии, тој е еден од двата официјални јазика во Парагвај[2] и скоро сите Парагвајци го разбираат овој староседелски јазик. Јазикот се изучува во образовниот систем.
Содржина |
Етимологија [уреди]
Историјата на поимот „Гварани“ е предмет на расправа. Пред доаѓањето на Европејците во Америка, Гвараните се нарекувале себе си како „Abá“, што значи „мажи“ или „луѓе“.[3] Поимот „Гварани“ за прв пат бил воведен од Језуитите за тие староседелци кои ја прифатиле христијанската вера. За тие што го одбиле покрстувањето се користеле поимите Cayua или Caingua (ka'aguygua). Cayua грубо преведено значи "тие од шумата". Така, и денес поимот „Cayua“ се користи за некои староседелски заедници кои не се вклопиле во современиот начин на живот. Но, поимот „Гварани“ се користи за сите, без разлика на нивниот општествен статус. Според Барбара Гансон, името „Гварани“ било дадено од Шпанците, било преземено од тупи-гваранскиот дијалект и значи „војник“.[4]
Позначајни Гварани [уреди]
- Етигвара
- Мануел Ортиз Гереро - поет
- Емилијано Роварола Фернандез
- Феликс Фернандез Галеано
- Руди Торга - поетt
- Теодоро С. Монгелос
- Хулио Кореја
- Нарсисио Р. Колман
- Грегорио Гомез - поет
Наводи [уреди]
- ↑ „Society-GUARANI“. http://lucy.ukc.ac.uk/EthnoAtlas/Hmar/Cult_dir/Culture.7843.
- ↑ „Paraguay“. Embassy of Paraguay in the United States of America. http://www.embaparusa.gov.py/paraguay.html.
- ↑ „Catholic Encyclopedia“. http://www.newadvent.org/cathen/07045a.htm.
- ↑ Ganson, Barbara (2003). „The Guarani Under Spanish Rule in the Rio de la Plata“Шаблон:Inconsistent citations
Оваа статија содржи текст од дело сега во јавна сопственост: „Guaraní Indians“. Католичка енциклопедија. (1913). Robert Appleton Company.
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Гварани“ |
- Преживувачки фонд за Гвараните
- Гвараните и нивниот јазик
- Статија на Католичката Енциклопедија
- Медиум, политика и идентитет на Андите
- Староседелски народи и нивните јазици