Казапа (департман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Казапа
Caazapá
—  департман  —

Знаме

Грб
Координати: 26°12′ ЈГШ 56°23′ ЗГД / 
Држава  Парагвај
Регион
Основан
Гл. град Казапа
Површина
 • Вкупна 9.496 км2
Население (2002)
 • Вкупно 139.241 жит.
Час. појас AST (UTC-04)
 • Лете (DST) ADT (UTC-03)
ISO 3166 PY-6
Окрузи 10

Казапа (Caazapá) е департман во Парагвај. Главен град на департманот е градот Казапа. Казапа се наоѓа во Источен Парагвај и меѓу Парагвајците е познат по насадите на портокал и мандарина. Источниот дел е релативно неразвиен и е составен од брда и прашума. Западниот дел на департманот е составен од низини и мочурливи површини.

Административна поделба[уреди]

Департманот е поделен на 10 окрузи:

округ население[1]
урбано рурално вкупно
Абај 2,640 23,535 26,175
Буена Виста 1,416 3,924 5,340
Казапа 5,990 16,382 22,372
Доктор Моисес С. Бертони 330 4,286 4,616
Иегрос 1,067 4,891 5,958
Хенерал Игинио Мориниго 1,242 4,257 5,499
Масиел 431 3,526 3,957
Сан Хуан Непомукено 6,937 17,306 24,243
Тавај 656 12,698 13,354
Јути 4,299 23,704 28,003

Географија[уреди]

Департманот се наоѓа во регионот Источен Парагвај. На север департманот граничи со департманот Гваира, на југ со департманот Итапуа, на исток со |департманот Алто Парана и на запад со департманите Мисионес и Парагвари.

Највисока температура измерена во департманот била 37 степени целзиусови, а најниста 1 степен целзиусов.

Наводи[уреди]

  • Illustrated Geography of Paraguay, SRL Distributed Arami, 2007. ISBN 99925-68-04-6
  • Geography of Paraguay, First Edition 1999, Publisher Hispanic Paraguay SRL

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]