Итаугва

Координати: 25°23′S 57°20′W / 25.383° ЈГШ; 57.333° ЗГД / -25.383; -57.333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Итаугва
град
Itauguá, Ytaygua
ДржаваПарагвај
ДепартманЦентрален
Основан27 јуни 1728
ОсновачМартин де Баруа
Управа
 • ГрадоначалникМигел Ангел Меза Акоста
Површина
 • Вкупна122 км2 (47 ми2)
Надм. вис.&10000000000000170000000170 м
Население (2016)
 • Вкупно100.456
 • Густина1.090,84/км2 (282,530/ми2)
Часовен појас-4 Gmt (UTC-4)
Поштенски код2740
Повик. бр.(595) (294)

Итаугва (шпански: Itauguá, гварански: Ytaygua) — град во Централниот департман во Парагвај. Градот е основан во 1728 година од страна на Мартин де Баруа. Итаугва е познат по интересната уметност на њандутите и музиката. Во градот се наоѓа музејот Сан Рафаел кој има богата поставка од колонијалниот период, а воедно во градот се наоѓа и националната болница која е една од најважните институции во земјата. Итаугва е на 30 километри од Асунсион, главниот град на државата.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Името Итаугва е поврзано со потокот Итај кој тече низ регионот на градот. Зборот „ита“ означува „камен“ на гварански јазик, а зборот „гуа“ означува претставка за гварански јазик.

Култура[уреди | уреди извор]

Градот е основан на 27 јуни 1728 година за време на колонијалниот период на Парагвај. Поради тоа, и денес сè уште е присутва колонијалната уметност и архитектура во градот. Поради богата традиција на изработка на њандути, градот често се именува како „град на њандутите“. Следствено на тоа, еден од најважните елементи од културниот живот на Итаугва е „њандутскиот фестивал“. Овој фестивал се одржува секоја година, а за првпат се одржал во јуни 1970 година. Фестивалот привлекува голем број на посетители.

Население[уреди | уреди извор]

Итаугва има население од 89.449 жители, од кои 44,997 се мажи и 44,451 се жени, според Канцеларијата за статистика на Парагвај. Доминантни јазици во градот се гварански и шпански, а најголема религија е христијанството.

Соседства[уреди | уреди извор]

Некои од поголемите соседства на градот се:

  • А лдама Кањада
  • Потреро
  • Вирхен де Гвадалупе
  • Гвајаивити
  • Сан Антонио
  • Зебелјос
  • Итаугва-Гвазу
  • Мбокајати
  • Кањада
  • Патињо

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Reportaje al País. Tomo 1. Edición 2001. Asunción Paraguay.
  • Geografía Ilustrada del Paraguay - ISBN 99925-68-04-6 - Distribuidora Arami S.R.L.
  • La Magia de nuestra tierra. Fundación en Alianza. Asunción. 2007.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]