Гварански јазик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Гварански јазик
avañe'ẽ
Изговор ʔãʋ̃ãɲẽˈʔẽ
Зборуван во Аргентина, Бразил, Парагвај
Вкупно говорници 4,650,000 во Парагвај (1995 г.), 200,000 во Аргентина
Семејство туписки
Писмо гваранска азбука
Официјален статус
Службен во Знаме на Парагвај Парагвај
Кориентес, Аргентина[1]
Меркосур
Бразил (регионален)
Регулативен орган не се регулира
Јазични кодови
ISO 639-1 gn
ISO 639-2 grn
ISO 639-3 gug

Гваранскиот јазик (avañe'ẽ, шпански: Guaraní) или познат како парагвајски гварански е староседелски јазик во Јужна Америка кој е дел од семејството на туписки јазици. Гваранскиот е еден од официјалните јазици во Парагвај, каде се зборува од мнозинското население и половина од руралното парагвајско население зборува само на гварански[2] Покрај Парагвај, јазикот се зборува во соседните држави, поточно во северна Аргентина и југозападен Бразил. Во аргентинската покраина Кориентес гваранскиот јазик е службен јазик[3].

Гваранскиот е единствениот староседелски јазик кој го зборува голем дел нестароседелско население. Ова е несекојдневна ситуација во Америка бидејќи староседелските народи низ историјата престанувале да ги зборуваат своите јазици и започнувале да зборуваат на шпански. Терминот „гварански јазик“ најчесто се користи да се означи парагвајската верзија на јазикот, но важно е да се напомене дека јазикот сочинува поголем дијасистем.

[уреди] Наводи

  1. http://www.romanistik.uni-mainz.de/guarani/texte/Ley5598.pdf
  2. Mortimer, K 2006 "Guaraní Académico or Jopará? Educator Perspectives and Ideological Debate in Paraguayan Bilingual Education" Working Papers in Educational Linguistics 21/2: 45-71, 2006
  3. Website of Indigenous Peoples' Affairs which contains this information (шпански)

[уреди] Поврзано

[уреди] Надворешни врски


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици