Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови
| Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови | ||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
|
||||||
| Химна: "Боже, чувај ја кралицата" |
||||||
| Службен јазик | Англиски | |||||
| Уредување | Британска прекуморска територија | |||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупна | 3.903 km2 1.507 sq mi |
||||
| Население | ||||||
| - | проценка за 2006 | 30 (n/a) | ||||
| - | Густина | 0.005/km2 (n/a) 0/sq mi |
||||
| Валута | Британска фунта (GBP) |
|||||
| Часовен појас | (UTC-2) | |||||
| Се вози на | лево | |||||
| НИД | .gs | |||||
Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови (англ. South Georgia and the South Sandwich Islands) е британска прекуморска територија во јужниот Атлантски океан. Тоа е далечна и ненаселена збирка на острови кои се состојат од Јужна Џорџија - која има околу 170 км на 29 км површина и е најголем остров во територијата, и ланец од помали острови познати како Јужни Сендвички Острови кои се наоѓаат југоисточно на околу 650 км.
На островите нема домородна популација, и единствени жители се Британскиот повереник, поштар, научници и персонал за поддршка кои ги одржуваат научните бази на Јужна Џорџија и во главниот град Кинг Едвард Поинт (именуван по ‘ртот Крал Едвард).
Британија прогласила суверенитет над Јужна Џорџија во 1775, а над Јужните Сендвички Острови во 1908. Британската прекуморска територија Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови била формирана во 1985, пред тоа била дел од Фолкландската прекуморска територија. Аргентина бара суверенитет над Јужна Џорџија од 1927, а над Јужните Сендвички Острови од 1938. Овие барања на Аргентина придонеле за Фолкландската војна од 1982.
| Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|||||||||||||||||
