Аделина Земја
| Аделина Земја
Terre Adélie
|
||||
|---|---|---|---|---|
|
|
||||
| Гесло: Liberté, égalité, fraternité | ||||
| Химна: „Марселеза“ |
||||
| Главен град | Поларна станица „Димон Дирвил“ (нас. ~50) 66°40′S 140°01′E / 66.667°S 140.017°E |
|||
| Службен јазик | француски | |||
| Уредување | ||||
| - | Претседател | Никола Саркози | ||
| - | Управник | Ролон Мушел-Блезо[1] | ||
| Француска прекуморска територија | ||||
| - | Откриена | 1840 | ||
| Површина | ||||
| - | Вкупна | 432.000 km2 166.796 sq mi |
||
| Население | ||||
| - | Попис | 33 (зиме) ; помалку од 80 (лете) | ||
| Валута | евро (EUR) |
|||
| Часовен појас | UTC+10 | |||
| НИД | .tf | |||
| Повик. бр. | 262 | |||
Аделината Земја (фр. Terre Adélie) е дел од антарктичкото крајбрежје помеѓу 136° ИГД (кај ‘ртот Пуркоа Па на 66°12′S 136°11′E / 66.2°S 136.183°E) и 142° ИГД (кај ‘ртот Алден на 66°48′S 142°02′E / 66.8°S 142.033°E) со должина на брегот од 350 км задгрбнина во облик на исечок што се протега 2.600 км до јужниот пол. На неа полага право Франција, како една од петте области на Француските јужни и антарктички острови, иако ова право го признаваат само некои земји. Земјишната површина изнесува 432.000 км² и е претежно покриена со мраз.
Од 12 јануари 1956 работи француската истражувачка база „Димон Дирвил“ (66°40′S 140°01′E / 66.667°S 140.017°E) со постојан кадар низ целата година. Зиме персоналот брои 33 члена, а лете се накачува на 78. Првата француска станица „Порт Мартен“ е изградена на 9 април 1950 на 66°49′04″S 141°23′39″E / 66.81778°S 141.39417°E, но настрадала во пожар ноќта на 22-23 јануари 1952.[2]
Од 1957 до 1960 Франција имала уште една станица во континенталниот дел на антарктичкиот леден штит, оддалечена 320 км од денешната крајбрежна станица, на надморска височина од 2400 м. Оваа станица (наречена „Шарко“, по Жан-Батист Шарко) се наоѓала на 69°22′S 139°01′E / 69.367°S 139.017°E и била изградена по повод Меѓународната геофизичка година 1957/1958 и имала персонал од само тројца. Речиси сета станица била закопана во снег како заштита од силните ветришта.
Аделината Земја се граници со Австралиската антарктичка територија на исток и на запад, т.е. со Клерината Земја (дел од Вилксовата Земја) на запад и земјата на Џорџ V на исток.
Брегот прв го открил францускиот истражувач Жил Себастјен Сезар Димон Дирвил во 1840, и го нарекол по неговата сопруга Адели.
[уреди] Поврзано
[уреди] Наводи
- ↑ „Mesures d’ordre individuel“. „Портал на владата - Страница на премиерот“. Влада на Франција. 3 септември 2008. http://www.premier-ministre.gouv.fr/acteurs/gouvernement/conseils_ministres_35/conseil_ministres_3_septembre_1374/mesures_ordre_individuel_60928.html. проверено на 31 јануари 2009. (француски)
- ↑ Fire destroys station in Antarctica, French expedition's loss, The Times, 26 јануари 1952
[уреди] Надворешни врски
- Откријте ја Франција - Аделина Земја (англиски)
75°00′S 139°00′E / 75°S 139°E
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||