Гесло

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралскиот грб на Шкотска со две мота:
IN DEFENS“ и „NEMO ME IMPUNE LACESSIT“.

Гесло или мото[1], е фраза која формално ја опишува општата мотивација или намера на една општествена група или огранизација. Геслото може да биде на било кој јазик, но најчести се локалниот и латинскиот. Владите обично употребуваат гесла на домашниот јазик. Пример за геслото на локален јазик е македонското државно (и револуционерно) гесло: Слобода или смрт.

Хералдика[уреди]

Во хералдиката, геслото обично се истакнува на грбот, на лентата (на подножјето) под штитот или пак над челенката, како да речеме во шкотската хералдика. Пример за гесло на грб е геслото на кралскиот грб на Обединетото Кралство, кое гласи: Dieu et mon droit („Бог и моето право“).

Во англиската и шкотската хералдика мотата не се доделуваат заедно со грбот, туку можат да се додаваат и менуваат по желба.[2]

Поврзано[уреди]

Белешки[уреди]

  1. Поретко се користат и поимите девиза, парола и крилатица.
  2. Innes-Smith, Robert (1990). „An Outline of Heraldry in England and Scotland“. Pilgrim Press. стр. стр. 14. ISBN 0-900594-82-9. „Mottoes are not necessarily heriditary and can be adopted and changed at will.“