Dieu et mon droit

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Геслото е напишано на лента (подножје) под штитот на Кралскиот грб на Обединетото Кралство

Dieu et mon droit (француски за „Бог и моето право“) е традиционално гесло на англиските, и подоцна, на британските монарси од неговото прифаќање од страна на кралот Хенри V (1413–1422). (Освен ова, на еден кралски грб може да стои и лично гесло на монархот, како на пример SEMPER EADEM (од лат. „Секогаш ист“) на Елизабета I , и Џејмс I често ја истакувал фразата BEATI PACIFICI (од лат. „Благословени да се миротворците“)).

Геслото во Британија е на француски јазик, а се преведува на англиски како God and my right. (Во полна верзија, геслото на англиски гласело God and my right shall me defend.[1] Ова првобитно се пишувало како Dieut et mon droict на тогашниот француски, но подоцна отпаднале буквите t и c во согласност со промените во францускиот правопис.

Фактот што англискиот двор има гесло на француски јазик не треба да се смета за необичен, земајќи в предвид дека англискиот релативно скоро го заменил францускиот како јазик на англискиот кралски двор и владеачката класа. На кралскиот грб се јавува и старофранцуското гесло на Редот на подвеската, напишано на слика на подвеска и гласи: Honi soit qui mal y pense, („Срам да му е на тој што го смета за зол“).

Фразата Dieu et mon droit наводно за прв пат била употребена во 1198 како лозинка на кралот Ричард I во битката кај Жизор, кога тој ја поразил војската на францускиот крал Филип II (франција)Филип II. Со ова Ричард се изјаснил дека својата кралска власт не ѝ ја должи на ниедна сила освен на Бога и неговата наследност, и како таков не ѝ е потчинет на ниедна земна сила или на друг крал. Ова е во согласност со доктрината на божјето право на кралевите.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  • Dieu et mon droit. MSN encarta. конс. 16 декември 2007
  • Dieu et mon droit. Merriam-Webster OnLine. конс. 16 декември 2007
  • What is the origin of the mottoes 'Dieu et mon droit' and 'Honi soit qui mal y pense'?. britain usa FAQ. конс. 16 декември 2007