Хералдика

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Hyghalmen Roll Late 1400s.jpg

Хералдиката е наука за грбовите која се занимава со правилата кои владеат при нивното дизајнирање, спојување, наследување, како и блазонирање (опишување, читање) на грбовите.

Хералдичка практика[уреди]

Правото да се има и користи грб низ историјата[уреди]

Во почетокот на времето на хералдиката, луѓето, односно благородниците сами одлучувале за дизајнот на грбот. Во тоа време положбата на обичните луѓе не им дозволувала да имаат грбови. Набргу, големите великодостоинственици го земаат правото за доделување на грб. Со јакнењето на монархијата, правото на доделување на грб го задржува царот.

Со појавата на републиките и крајот на монархизмот, во најголемиот дел од државите, се губи и постоењето на официјални хералдички органи кои би се занимавале со доделување на грбови, како и со грижа за тоа кој користи грб, како орган на дворот.

Дури и во некои монархии не постои строга хералдичка легислатива, па така, во најголем број држави, секој може да си дизајнира и користи грб.

Најсериозно хералдичката легислатива е сфатена во Шкотска, каде може да се заврши со големи казни доколку некој користи туѓ грб (видете: Шкотска хералдика).

Кој денес може да поседува и користи грб?[уреди]

Денес, за граѓаните на оние земји кои немаат официјални хералдички тела и закони, во која група спаѓаат поголемиот број земји, секој може да користи грб. Секој може да користи блазон како свој, освен ако грбот кој го одбрал веќе не е заштитен на некој легален начин.

Грбот може да биде и веќе постоечки, кој може да се користи во случај на легално наследство.

Хералдичкото уредување денес[уреди]

Бидејќи во поголемиот дел на земјите не постои официјално хералдичко тело и законска рамка во која тоа би работело, денес, хералдички авторитет преставуваат разни хералдички здруженија, кои прествауваат приватни организации.

Актите на овие здруженија немат правна моќ и се доброволни. Сепак имаат авторитет во хералдичките кругови. Здруженијата се занимаваат со креирање на грбови, водат евиденција за постоечките и новите грбови, и често вршат генеолошки истражувања како дел од евиденцијата за носителите на постоечките грбови и нивните наследници.

Правото за доделување грб[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Грбоносец.

Право на доделување на личен грб го има монархот преку хералдички орган. Ова се случува со посебен документ. Лицето кое користи грб се нарекува грбоносец или „армигер“. Кога едно лице има право на грб, за него велиме дека е „грбоносно“ (англ. armigerous)

Под поимот подарување (доделување) на грб се подразбира акт на дизајнирање на грб и давање полно законско право за поседување и користење, од страна на владин орган, кој може да го прави тоа во согласност со уставот.

Ова е најтесната дефиниција на законско стекнување со грб. Според оваа дефиниција, само неколку тела можат да подарат грб, а тоа се оние хералдички авторитети на монархии, каде ова е регулирано со уставот и соодветни закони.

Тука спаѓаат англискиот Колегијат на грбови, шкотскиот Суд на Лордот Лајон, шпанскиот Корониста. Овие институции подаруваат грбови само на свои државјани, со сосема мали исклучоци. Со овие органи раководат хералдички службеници, хералдички функционери кои се делат на три ранга: хералдички кралеви, хералди и персеванти.


Во хералдичкиот свет се прифатливи и оние хералдички здруженија во републиките, кои ја продолжуваат традицијата на дворските хералди, кои имаат подршка од изгонетите монарси.

Прашањето за јурисдикција[уреди]

Отсекогаш хералдите имале определени јурисдикции односно територии на кои се протегала нивната хералдичка власт, а тоа било територијата на владеење на монархот во чија служба бил хералдот. Затоа хералдите подарувале грбови само на свои поданици и на „странци“ кои имаат голем придонес во соодветната монархија.

Ова преставува важно прашање кога станува збор за подарување грбови, односно регистрација, како понизок степен на официјализација на грбот.

Следува дека едно хералдичко здружение има јурисдикција само врз територијата која ја покрива. Затоа, се регистрираат грбови само на жители на таа јурисдикција како и иселеници кои потекнуваат од неа.

Регистрацијата на грб во друга јурисдикција нема хералдичка оправданост.

Елементи на грбот[уреди]

Штит[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Штит (хералдика).

Штитот е основниот дел на грбот. Тој е задолжителен дел и може да стои и сам, што преставува Мал Грб, и затоа понекогаш поимот грб се поистоветува со штитот.

Челенка[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Челенка.

Челенката е вториот важен дел на грбот, кој се наоѓа над штитот, најчесто над шлем, но може да стои и дирекно над штитот. Челенката може да стои над точеницата, која преставува дел од свиткано платно.

Челенката може да стои и како самостоен елемент.

Шлем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Шлем (хералдика).

Шлемот е дел којшто иако не е задолжителен станува најчест дел. Видот на шлемот во многу национални хералдики го преставува статусот на армигерот.

Мантија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Мантија (хералдика).

Мантијата е платно со кое се покривал оклопот да се заштити од сонцето. Станува дел од грбот и е задолжителен елемент доколку над штитот има шлем. Традиционално, горната страна на мантијата е со доминантната боја на штитот, додека долната страна е со доминантниот метал од штитот.

Штитодржачи[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Штитодржач.

Штитодржачите не се задолжителни. Во некои национални хералдики потребно е посебно право за поседување на штитодржачи во приватните грбови.

Штитодржачите можат да бидат истоветни, но и различни. Најчесто тие се животни или луѓе и нивни нереални презентации.

Подножје[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Подножје (хералдика).

Понекогаш грбот заедно со штитодржачите е потпрен на ритче кое се нарекува подножје.

Девиза[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Девиза.

Девизата е незадолжителен дел на грбот и претставува натпис од различен вид. Традиционално, бојата на лентата е од доминантниот метал, додека буквите се во доминантната боја.

Под или над грбот, никогаш не се јавува свиток со името на носителот на грбот. Тоа е случај само во некои грбовници и служи за идентификација.

Други делови[уреди]

Кога носителот на грбот е од некој витешки ред тогаш околу штитот се страва и гердан со орденот на редот.

Витезите пак од Суверениот воен ред на Малта имат право на своите грбови, зад штитот да стават малтешки крст.

Други хералдички елементи[уреди]

Покрај грбот, хералдиката познава уште два други засебни знаци.

Беџ[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Хералдички беџ.

Во хералдиката, беџот Преставува значка која истотака го преставува грбоносецот (имателот на грбот). Тој може да содржи елементи од грбот но и не мора.

Кога грбот станува традиционален симбол, кој најверојатно имал значење за оригиналниот носител, но наследникот сака да има нешто што би го означувал него, често беџот преставува решение.

И кога грбот станува прекомплексен, често беџот ја презема улогата за полесна идентификација.

Често и челенката се јавува во улогата на беџ.

Хералдички знамиња[уреди]

Хералдиката познава неколку видови на хералдички знамиња а најпознати и најчесто применувани се банерот и штандартата.

Банер[уреди]

Банерот всушност е презентацијата на елементите на штитот на правоаголно знаме. Тука влегуваат само елементите на штитот.

Штандарт[уреди]

Штандартот е посебен вид на хералдичко знаме, на кое покрај елементите на штитот можат да се појавуваат и девизата, беџот и челенката.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Портал „Хералдика