Курасао

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Земја Курасао
Land Curaçao (хол)
Pais Kòrsou (пап)
Знаме Грб
ХимнаХимна на Курасао
Главен град
(и најголем град)
Вилемстад
12°7′N 68°56′W / 12.117°N 68.933°W / 12.117; -68.933
Службен јазик холандски, папименто и англиски
Уредување уставна монархија
 -  Монарх Кралица Беатрис
 -  Гувернер Фритс Гедгедраг
 -  Премиер Герир Шоте
автономија во рамките на Кралство Холандија 
 -  Датум 10 октомври 2010 
Површина
 -  Вкупна 444 km2 
171,4 sq mi 
Население
 -  Попис 2009 141.766 
 -  Густина 319/km2 (39-та)
821/sq mi
БДП (ПКМ) проценка за 
 -  Вкупен US$ 2.914 милиони (40-та)
 -  По жител US$ 20.567 (2009) 
Валута Холандскоантилски гилдер (ANG)
Часовен појас -4 (UTC-4)
Се вози на десно
Повик. бр. +599

Курасао (холандски: Curaçao, папименто: Kòrsou) е остров во јужниот дел на Карипското Море, во близина на венецуелскиот брег. Островот Курасао, заедно со малиот ненаселен остров Мал Курасао, ја сочинуваат Земјата Курасао која е уставна држава во рамките на Кралството Холандија. Главен град на Курасао е Вилемстад.

Курасао е најголем и најнаселен остров од трите острови на поранешните Холандски Антили, често наречени острови ABC. Вкупната површина на Курасао изнесува 444 километри квадратни, каде живеат околу 141.766 жители.[1] До распадот на Холандските Антили, островот бил познат под името Островска Територија Курасао.

Содржина

[уреди] Етимологија

Потеклото на името Курасао е оспорено и не е јасно. Португалците и Шпанците тврдат дека името потекнува од португалскиот збор „curação“ што значи „излечен“ и се однесува на излечување од болеста скорбут со која биле за заболени португалските морепловци. Имено, приказната за потеклото на името наведува дека португалските морепловци биле излечени од скорбут кога пристигнале на Курасао, најверојатно преку јадење локално овошје. Тогаш островот бил познат како „Остров на излекувањето“ или „Ilha da Curação“. Втората теза за потеклото на името е дека името потекнува од португалскиот збор „coração“ што значи „срце“, кое се однесува на местоположбата на острвот „во срцето“ на трговијата. Шпанците го прифатиле името како Курасао, а истото го сториле и Холанѓаните. Третата теза е дека името потекнува од локалното население. Оваа теза е подржана од раните шпанци записи за Карибите.

[уреди] Галерија

Поглед кон Вилемстад.

[уреди] Наводи

[уреди] Поврзано

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици